На терапија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Обично луѓето кои зборуваат за монотоност на филмови/серии, само заради тоа што нема акција, нема движење, нема промена на сетови и сцени, јас ги доживувам како оние на кои Fast and Furious им е во топ 10, а Жан Клод Ван Дам - омилен актер.

Е ова. Монотоно дејство не значи и дека е лошо. Спора, досадна серија, нема. Или лоша или добра, али не сите гледаат филмови/серии од ќејф.

Ги имате сите три излезени епизоди овде.
Нема реклами, нема чекање да дојде 10 ипол. @Емкаа

Мене ми е ок од ова што изгледав.
Ликот на Јелена ми беше некако млитав и не знам во која насока ќе го тераат. Војникот баш со тој војнички став претставен. И пливачкава ми беше некако најинтересна, зошто има многу делови од приказната за понатамошно гледање.
 
Е ова. Монотоно дејство не значи и дека е лошо. Спора, досадна серија, нема. Или лоша или добра, али не сите гледаат филмови/серии од ќејф.

Ги имате сите три излезени епизоди овде.
Нема реклами, нема чекање да дојде 10 ипол. @Емкаа

Мене ми е ок од ова што изгледав.
Ликот на Јелена ми беше некако млитав и не знам во која насока ќе го тераат. Војникот баш со тој војнички став претставен. И пливачкава ми беше некако најинтересна, зошто има многу делови од приказната за понатамошно гледање.

Плус не сецка и не бара Јава. :D
Топ е, фала.
 
Ги имате сите три излезени епизоди овде.
Нема реклами, нема чекање да дојде 10 ипол. @Емкаа

Има реклами кога ќе кликнеш плеј на видеото. Излегува нов таб со глупа реклама.
Ќе има реприза
Сабота во 23.30 часот (првите 2 епизоди од неделата)
Недела во 23.30 часот (преостанатите 3 епизоди).
 
Има реклами кога ќе кликнеш плеј на видеото. Излегува нов таб со глупа реклама.
Ќе има реприза
Сабота во 23.30 часот (првите 2 епизоди од неделата)
Недела во 23.30 часот (преостанатите 3 епизоди).

Нема реклами на видеата ако се регистрираш, ептен брзо е, не бараат ни на маил да потврдиш, само регистрација + најава. A за другото шо останало AdBlock брка работа :D

Инаку за тие што се по торентите, таквите ко @wot, ко мене, епизодите може да ги најдете на http://trackermk.com/ во категорија HDTV Филмови (да не шејрувам овде торенти). Резолуцијата на епизодите е 720x578 што е солидно според мене, со оглед на тоа дека за Ripping се работи. Eве до сега 4те епизоди ги качиле. Ајде пирати, сидајте :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Од сите ликот на Јелена највеќе ми се допадна и на онаа пливачката со гипсовите.
 
Значи вака за сите кои реагирате на терминот, да во ред дека има луѓе кои сакаат да ја гледаат а работат наутро но серијата со својата содржина не е за во прајм тајм, наменски е ставен покасно за наводно да неможат да ја гледат деца. Оти прво темите не се наменети ниту се разбирливи за нив иако го има истите и во други серии, да не зборуваме дека во секоја серија се разработуваат и дел сексуални теми имаше и во првата во втората епизода. Јас сум свесен дека повеќето деца ова можат и го слушаат и гледаат на друго место но такви се “правилата“.[DOUBLEPOST=1506242712][/DOUBLEPOST]А што се тиче до серијата генерално навистина е многу добра, настрана тоа што некои велат дека била досадна тоа “вкус“ значи се подразбираше дека во серијата целото дејство е психолошка терапија а и тој што ги гледал оргиналот и другите копии знае дека секаде е исто. Јас не сум голем љубител на психолошки романи, филмови и серии, но интересна ми е дека е 1.македонска 2.превенче е 3. добро е адаптирана за нашава земја. Актерската екипа е одлична.
 
Последно уредено:
Значи вака за сите кои реагирате на терминот, да во ред дека има луѓе кои сакаат да ја гледаат а работат наутро но серијата со својата содржина не е за во прајм тајм, наменски е ставен покасно за наводно да неможат да ја гледат деца. Оти прво темите не се наменети ниту се разбирливи за нив иако го има истите и во други серии, да не зборуваме дека во секоја серија се разработуваат и дел сексуални теми имаше и во првата во втората епизода.
Primetime TV, иако варира по малку од држава во држава, обично е периодот помеѓу 20:00 до 23:00, од поделник до петок. Дури и Primetime Emmy Awards се доделуваат за серии кои се прккажуваат во овој период или подоцна, наспроти Daytime Emmy Awards - за серии кои се прикажуваат дење. Што значи, На терапија се прикажува баш во primetime.
 
Primetime TV, иако варира по малку од држава во држава, обично е периодот помеѓу 20:00 до 23:00, од поделник до петок. Дури и Primetime Emmy Awards се доделуваат за серии кои се прккажуваат во овој период или подоцна, наспроти Daytime Emmy Awards - за серии кои се прикажуваат дење. Што значи, На терапија се прикажува баш во primetime.
Може си во право ама кај нас во државава primetime е од 20 до 21 часот. Терминот после вестите. После тој термин најголем дел од повозрасната публика и децата си легнува. И жално е што баш во тој термин упорно пуштаат турски серии. Ми се чини толку турски серии нема ни во Турција (нити во 5 века турско).
Е сега работата е што ваква квалитетна и професионална македонска серија се дава во термин од 22.30 и во премиера и во реприза. Повозрасната публика онаа што е навлечена на турски серии нема ни да знае дека постоу На терапија. А помладата публика и онака ретко гледа серии на тв туку преку торенти, онлајн стримови и сл. и на нив не им е многу битен терминот.
Значи ако телевизииве сакаат да се борат против турскиот шунд мора вакви наши серии да идат многу порано за да може постарата публика да се навлече на нив и полека телевизииве да бидат приморани да снимаат и втора и трета серија, а како што е сека испаѓа дека само си ги исполнуваат законските обврси со со најмала штета кон нивната сегашна програмска шема.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Оние што се заковани пред тв знаат за серијава, оти рекламите се вртат од пред два месеца.

И не, баба ми, дедо ми и останати повозрасни или оние помлади али затупени, како сакаш сервирај им ја серијава, нема да им се допадне. Човек што само гледа турски серии, вести и по некој филм од Ју просторите нема склоп во паметот за ваква серија.
Нека се задоволни што ја гледаме онлајн и по торенти ако ја има, оти јас тв неам пуштено по своја волја веќе 4-5 години.
 
Ја видов на реклама денес серијава, не ме заинтересира воопшто али ќе и дадам шанса.
 
Супер серија,на некој не му се допаѓа оти нема глупи сцени како во турските серии ама супер тема има и многу од случките шо се дешаваат 90% од гледачите ќе се препознаат јас едвај чекам да дојди 10 и пол да ја гледам незнам за вас.
 
И мене ми е чудно како млади луѓе кои гледаат турски серии не ја ни погледнуваат серијава.
 
И не, баба ми, дедо ми и останати повозрасни или оние помлади али затупени, како сакаш сервирај им ја серијава, нема да им се допадне.
На голем дел не им се допаѓа затоа што се препознале во некој од ликовите и си мислат дека се „забегани“. Што секако не е во ред (за мислењето зборам).
 
Првата епизода кога седнав да ја гледам ми вели мајка ми “ Што ќе ги гледаш овие глупости? Ја гледаше епизодата? Не ама ја видов рекламата гарант е за дрогираши , алхохоличари зошто поинако би се викала НА ТЕРАПИЈА?“
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom