Зимница - потреба или помодарство?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Jedah
  • Време на започнување Време на започнување
Јас јадам само и само органско узгајани житарици, органски зеленчук и органско овошје и јајца од препелица.

Ти живееш многу нездрав живот бтв, Инчуле.

колку пати органското е прскано за разлика од она неорганско?
 
Јаде кур мој јаде, овесни снегулки јадел нежниот принц, житарки јадел здрави биле:tapp: ајварот не чинел, јади и гомна ако сакаш твое право, секој се храни како што му сака душа, ако не сакаш ајвар не јади јади овесни снегулки со издркотини на глувци и бубашваби ебате тоа ретардираните дебили.
 
Најголем дел од зимницата од продавница е со шеќер и пастеризирана, домашната може да се спреми без шеќер, сурова и ферментирана и таква е 100 пати поздрава од било која од продавница.

Не постои купечки ајвар ни со приближен квалитет на домашен, сите ајвари што ги има кај нас сум ги пробал од најневкусните до најизвиканите (мамас и ко) и ниту еден не се споредува по вкус и квалитет со домашно спремен ајвар. Цената од 250 ден за тегличе (не тегла од кило) ич да не ја спомнувам, веројатно го прават од „златни“ пиперки.

Единствена мана е што треба некој сѐ тоа да го спреми па кој нема баби и дедовци или ќе се гребе по комшии или ќе купува неквалитетна купечка туршија и ајвар ама дека било помодарство не станува ни збор, обратно е.

Секако ова не важи за тие што основна храна им се хамбургер и бурек, за нив и купечката ќе биде со врвен квалитет.
 
Катастрофа е зимницата од дуќан затоа луѓето сеуште праат зимница.
Само цвеклото од продавница е ОК оти нема како да го утнат.

Не му ставаат зрна бибер и ловоров лист така што пак не е подобро. :icon_mrgr:
 
Полека ја одминуваме втората половина од септември и веќе почнувам да гледам како чури по некоја соба/шпорет по комшиските куќи, собрани на купче лупат пиперки, мелат, се меша ајвар, тука се и мармаладите, печи-гмечи, по некоја лутенка, недоминливите салати, царска, медицинска, се разбира фамозната туршија и бурето со зелка без која ниедна куќа нема да изостане.
За најекстремните тука се теглите со месо, да има и тоа. Конзервирано барено месо во тегли!

Но дали ни е потребно сето тоа?

Дали денес во 21 век кога на неколку стотици метри имате Веро, Тинекс, Рамстор, КАМ, Жито.... и ред други супермаркети кој нудат разноврсна храна во текот на целата година и храна која е достапна 365 дена во годината е потребно складирање на резерви се со цел да се поминат студените зимски денови?

Јас мислам дека не сме 18 век и не живееме во планина како нашите баби и дедовци на кои најблиската бакалница им била одалечена 23 километрии па се спремале за метро и 20цм снег и тотално отсечување од цивилазација. Да запалиш огон и да мешаш 40кг пиперки ништејќи им ги сите хранливи вредности во град од 1.000.000 жители е еднакво на универзумска глупост.
Ако ги знаете оние preppers во Америка што цел живот се спремаат во бункери складирајќи храна за да дојде Апокалипсата и никако да дојде... Дури и тие сме ги заебале.

Најиронично е што финансиски таквото припремање за зимата е крајно неисплатливо и големи количини од складираната храна на пролет ќе се најјде во контењери меѓутоа тоа се занемарува затоа што сме среќни оти сме преживеале уште една зима која инаку немаше да ја преживееме без сите тие сочни салицилини, винобрани, киселини, крупна морска сол и ред други оксидантни состојки кој во организмот ствараат една убава специјална средина погодна за создавање разно разни канцерчиња.

Кое е вашето мислење за феноменот "Зимница" и дали останатиот свет е толку прост и будала што не ја практикуваа оваа благородна навика.

ajvar10.jpg

Што е подобро:

А) домашен ајвар: Состав: пиперки, зејтин, и можеби сенф? Врска немам.

Б) фабрички ајвар од Веро. Состав: А40, F4590 стабилизатор, R028 арома, W344 згуснувач, Y13 Боја, вода, шеќер, сол, пиперки минимум 40%, тикви минимум 10%, радиоактивна киселина минимум 5%, Т234, TV1000, VH1. Без конзерванси.

Али така е бате, тие се сељаци, абе пиперки мешаат, кој век сме бе брат? Така е муце, ај да идеме на кафе у центар, глеј шо убо сум ги светнал патичињава, 200 евра плата у џеб зедов, идам да бидам мед и крем у градов, ја сум урбан фраер и џем.

:D :D :D

За природно приготвена храна, па макар и ајвар, луѓето плаќаат богатсво на запад. Али ете кај нас било помодарство и срамота.
 
Последно уредено:
Зимница помодарство? lmao

@Jedah кога планираш да го средиш синдродмот butt hurt, ќе биде скоро или да не се надевам у скоро време?
 
Абре какво помодарство!!! Па тоа кога ќе замирисаат дворовите на пржено ајварче то е општа радост.. доказ дека луѓето сеуште знаат да се радуваат на вистински работи.
топло ајварче, топол леб од фурна и сиренце .. па кај го има тоа бе!
Туршија- си идиш после работа си каснуваш туршија, цвекленце, зелка, ракиче. И тоа ли не е здраво? Здраво е се што го прави човек среќен, а вакви мераци го прават!
 
Имаме сопствена градина па ако не направиме зимница ќе фрлиме 200-300кг пиперки и 100кг патлиџани. Па така си правиме ајварче со природни пиперки, пинџур, сосеви, кечап, живи патлиџани во шише и пиперки на милион начини, така едно 200 тегли. Барем знаеме дека е наше и како е одгледано и направено.
 
Без чварки и пача зимоска не бидува. Без се друго се може
 
Последно уредено:
Јас јадам само и само органско узгајани житарици, органски зеленчук и органско овошје и јајца од препелица.

Ти живееш многу нездрав живот бтв, Инчуле.
Сериозно те прашувам
Од каде набавуваш органска проверена храна во Скопје/Македонија?[DOUBLEPOST=1506233878][/DOUBLEPOST]Ајварот нема многу хранливи вредности, но е Здрав! Баш поради тоа што нема многу калории!

Купечки ајвар реално е многу скап. Во Европа (од лично искуство) вакви тегли сосеви намази итн не коштаат повеќе од 1€ 1.5€ максимум 2€... 250 денари се факинг 4€! На наш стандард!!! За тегла што на едно две седнување се јаде!!! Тоа е скап производ и по ЗАПАДЕН стандард.

Туршија е исто така МНОГУ здрава. Покрај витамини итн има пробиотици мн важни за стомакот!
 
Последно уредено:
Тие што купуваат од тој купечкиот ајвар изгледа се кријат и си го јадат сами. Една тегла од 550гр е малку ако ја делиш со уште 4-5 члена во фамилија. :D

На ФБ случајно налетав на објава на Тинекс. Имаше Мамас ајвар на акција за 150 ден. Ај нека ги исчистат оние што останале од пред неколку сезони. Мувлосан. :D
 
Ајварот не претставува никаква потреба ниту помодарство, туку една атавистичка глупост од епски размери. Треба да е човек ненормален во сред урбана средина да го распали ќумбето и да го скине газот од работа за да се обезбеди наводно, поради зимските денови, со намирница која скоро и да нема никаква нутритивна вредност, а со тоа ниту бенефит за здравјето.

Ти се пријало ајвар, вкусен бил, мераци, гурмански пожуди ? Ок, фино лепо иди до продавница купи некоја тегла Мамас, колку да си го напраиш меракот и не биди мамлаз кој не уште не излегол од 20. век. За 20 години никој нема ни да прави ајвар.

За останатото, туршии, зелки, ок си е тоа, си треба витаминчиња и минерали зимно време.

Пред мамас, овој ако го имате таму. Перверзија! Прав домашен.
brajlovic-ajvar-stark-550g-0.jpg
 
Пред мамас, овој ако го имате таму. Перверзија! Прав домашен.
brajlovic-ajvar-stark-550g-0.jpg
По црнките и семките што пливаат во него се гледа колку е како домашен:icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom