@Казаки
Масовната иселеност од државата, друго нема што да е.
Инаку има уште по катастрофални ситуации од ова што го објави, ете пример Урко прегази пешак и никакви мерки не се превземаа за него, екс-телохранителот на Гвујо.
Овој барем си излежа во затвор за тоа што го имаше направено.
А овој барем си излежа??
Екстремистот Гафур Адили по 33 години бегство вратен во Македонија со одлука на МНР
Екстремистот Гафур Адили, член на терористичката организација АНА и кој сеуште е на црната листа на САД, со одлука на македонското министерство за надворешни работи по 33 години се враќа во Македонија.
https://kurir.mk/makedonija/vesti/ekstremistot-gafur-adili-po-33-godini-begstvo-vraten-vo-makedonija-so-odluka-na-mnr/
Ете затоа Јохан ќе се прошета на локални во Кисела Вода, а не дека е нешто многу способен...... бидејќи е само Хашки осуденик, за разлика од овој кој е на црна листа на нашиот мил стратешки партнер УСА!
ДОЈДЕ ЖИВОООТ!!! СЛОБОДАААААААА..... ![Оеоеоео! :oeoeoe: :oeoeoe:](/styles/default/xenforo/emot/oeoeoe.gif)
![Оеоеоео! :oeoeoe: :oeoeoe:](/styles/default/xenforo/emot/oeoeoe.gif)
Седодека не се направи попис нема точно да се знае број на жители. Тоа се документирани податоци.
За иселени Македонци светска банка има официјални податоци пошто тие лица со македонски документи побарале во некоја земја во светот престој, вработување, социјално здравствено.
А ако велиме за население, тогаш математика вика вака
население во македонија природно си растеше со стапка од околу 15% (плус минус некој процент) на 10 години, по математика на природен прираст би требало да не има во 2017 година нешто над 2.500.000
Светска банка вели не има 2.080.000. над 500.000 помалце од очекуваното....
Друг показател се децата. во основни школи, во учебна 2006 вкупно имаше 235.691 ученици во основни училишта, ова година ги има 192.115 (тоа ти се 43.576 ученици помалку, тоа ти е 20 посто помалце деца од колку пред 11 години. За 11 години снема 1452 оделениа по 30 ученици.
Одиме понатаму, ако минатата власт најстрого криела податоци за иселувањето - такви податоци педантно си забележувале западните земји и земји на ЕУ, само во германија од 2009 до 2015 се доселиле 32.700 Македонци. Најголем процент се на возраст 20-40 години.
32.000 ПЛУС македонци се таму со дозвола за престој до 4 години врз разни основи (и тие кутрите ќе сторат се за да останат и не се вратат) Во овие статистики не се влезени Македонци со бугарски пасоши кои добиле таму работа или се преселиле (до 2012 околу 50.000 Македонци добиле бугарски пасоши).
значи врз разни основи само во Германија има за 5 години преку 70.000 иселени. Ами од 2006 до 2009, ами од 2015 до 2017, ами шветска, норвешка, италија, холандија, австралија, америка....
Европската комисија за миграции која статистички обработува сите податоци за мигранти низ ЕУ вели дека нешто над 400.000 луѓе со македонски документи побарале престој работа здравствено ... во некоја европска земја. Светската банка има цифра од 600.000 али таа прибира податоци за цел свет така да 200.000 се од земји како австралија, канада америка нов зеланд....
Јас овде во битола сум сведок на се поголемо заминување на млади и постари. На било кој начин, преку било кој.. не се прашува, само да се замини, некако да се стапни на запад па ако може се ќе се направи за да се остане.
Да затвориш стотици фабрики и фирми со лоша приватизација и како резултат на тоа да направиш
240.000 социјални случаи (60.000 семејства) на 2 милиони жители, плус уште толку невработени, а потоа откако доаѓа на власт ВМРО, тие наводно фатиле пат надвор од Македонија и ти за тоа целата вина ја фрлаш на ВМРО зошто ги иселил...
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
Нека бара Рашковски друго дете за советник засега слаб ми си... па да те влечев за јазик немаше толку за стапицата да се фатиш!!
Е сега зацапа и на нешто друго...
Според пописот од 2002 г. Македонија има 2.022.547 жители, а според Светска банка Македонија во 2002 г. има 2.049.000 жители. разлика е некаде 27 илјади жители!
Во 2006 г. имало 235.951 основци, а сега има 192.115 или разлика од 43.576 помалце. Тоа е факт и не го спорам, меѓутоа ако иселувањето, а не негативниот природен прираст е во прашање тогаш логично е следното прашање!
Зошто...
Во 1990тите природниот прираст (наталитет/морталитет) беше далеку далеку подобар од денес, 15.000 до 20.000 новородени жители плус, а последните години е едвај 2000 до 3000 новородени жители плус.
И според податоците на Светска Банка и според пописите на Државниот завод за статистика, намалување на жителите на РМ има само во периодот на 90тите години, а тоа е периодот на транзицијата и приватизацијата, чиј резултат беа 240.000 социјални случаи во 2003 г.
Попис 1991 г. (2.033.964 жители) Попис 1994 (1,945,932) Попис 2002 (2,022,547)
Според приодниот прираст, наместо да добиеме 70.000 жители плус ние добиваме минус 90.000, за само 3 години разлика од 160.000 жители помалце т.е. иселени! Трендот на намалување според Светска Банка е до 1997 год., а подоцна почнува одново да се зголемува и во 2002 г. доаѓа до 2.049.000 и тоа после воен конфликт!
А ако велиме за население, тогаш математика вика вака
население во македонија природно си растеше со стапка од околу 15% (плус минус некој процент) на 10 години, по математика на природен прираст би требало да не има во 2017 година нешто над 2.500.000
Светска банка вели не има 2.080.000. над 500.000 помалце од очекуваното....
Рашковски, ти да не си??
Рандом година... 1985 - родени: 38.722 умрени: 14.408 прираст: 24.314
1995 - родени: 29.886 умрени: 16.388 прираст: 13.548
2005 - родени: 22.482 умрени: 18.406 прираст: 4076
2015 - родени: 23.075 умрени: 20.461 прираст: 2634
Природно си растеше плус минус 15% ама повеќе не си расти!