Правила и услови за користење
Со користењето на порталот Kajgana.com и сите негови делови (oglasi.kajgana.com, forum.kajgana.com и т.н) корисниците автоматски ги прифаќаат правилата кои се наведени овде, и кои произлегуваат од важечките регулативи. Kajgana.com го задржува правото на промена и дополнување на правилата и условите на користење без претходна најава.
Корисниците се должни редовно да ги читаат правилата и условите на користење, па затоа се смета дека корисниците со континуираното користење на Kajgana.com во секое време се запознаени со актуелните правила и условите за користење и дека ги разбираат во целост.
ПОРТАЛ Kajgana.com
Kajgana.com на посетителите им го обезбедува користењето на содржините на порталот Kajgana.com со добра намера, а корисниците имаат право на нивно бесплатно користење доколку не ги кршат правилата и условите на користење.
Порталот Kajgana.com се состои од сопствени содржини, содржини на партнерите и огласувачите, содржини креирани од посетителите на порталот, како и линкови од надворешни страници. Сите содржини на Kajgana.com ги користите на сопствена одговорност и Kajgana.com не може да се смета за одговорна за било каква штета настаната од нивното користење.
Пристапот на порталот и сите негови содржини им е дозволен на сите лица од било која возраст, освен ако на поединечни содржини не е назначено поинаку.
АВТОРСКИ ПРАВА
Kajgana.com ги поседува авторските права на сопствените содржини, базата на податоци и програмерскиот код. Неовластеното користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права (Kajgana.com, партнерите, корисниците...) се смета за кршење на авторските права.
Доколку сметате дека Kajgana.com или некој од нејзините корисници ги има повредено Вашите авторски права, случајот ќе биде разгледан веднаш, а спорната содржина ќе биде отстранета веднаш по евентуалното утврдување на вистинитоста на жалбата.
ЛИНКОВИ КОН НАДВОРЕШНИ СТРАНИЦИ
Kajgana.com содржи линкови кон надворешни страници надвор од сопствениот портал. Kajgana.com ги објавува линковите во добра намера и не може да се смета за одговорна за содржините надвор од порталот.
ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Kajgana.com ја штити приватноста на корисниците во најголема можна мерка.
При вашата посета на порталот Kajgana.com серверот автоматски ја бележи IP адресата на корисникот на сајтот, детали за интернет прелистувачот кој го користите, оперативниот систем на вашиот компјутер, а собира информации и за времето на посета. Ваквите информации ни овозможуваат статистика за посетеноста на нашиот портал, а крајната цел е анализа на најпопуларните содржини меѓу публиката со која ќе овозможиме подобри услуги и содржини за нашите корисници.
Kajgana.com се обврзува дека дека нема да ги продава или објавува на трети лица овие податоци и дека на најдобар можен начин ќе ги заштити, но Kajgana.com не може да одговара доколку таквите информации бидат украдени од нашиот сервер. Во случај на законска обврска или истражна постапка, со судски налог Kajgana.com може да ги сподели информациите кои ги има со државните органи. Kajgana.com се обврзува дека дека ќе ја чува приватноста на нејзините корисници, освен во случај на загрозување на безбедноста на нашиот сервер и негова злоупотреба, во случај на неовластен упад во нашиот систем, во случај на тешко кршење на правилата на порталот Kajgana.com или незаконски активности на корисниците.
РЕГИСТРИРАНИ КОРИСНИЦИ
Со регистрирањето на поединечните делови на порталот Kajgana.com (forum.kajgana.com, oglasi.kajgana.com...) корисниците се обврзани во процесот на регистрација да внесат точни податоци и да оберат корисничко име и лозинка. Регистрацијата е бесплатна! Секој има право на регистрирање и избор на корисничко име. Со самото регистрирање, членот се обврзува дека никогаш нема да го посредува своето корисничко име или својата лозинка на други членови или лица.
Kajgana.com не може на било кој начин да сноси одговорност за содржините кои ги објавуваат корисниците.
За сите содржини под поединечно корисничко име одговорен е исклучиво корисникот кој го користи. Сите мислења (и информации) објавени од членовите претставуваат лични ставови кои авторите ги објавуваат на сопствена одговорност. Од тука, сопствениците и/или уредниците на Kajgana.com не можат да се сметаат за одговорни за содржината на пораките кои се објавени од членовите.
По утврдување на оправданост на евентуална жалба, порталот Kajgana.com е должен во разумен рок да ги отстрани содржините на корисниците кои не се во склад со важечките закони.
Членот се согласува дека никогаш нема да користи две или повеќе членски имиња при пишувањето или разгледувањето на форумот. Оваа акција се казнува со перманентна забрана за пристап (бан) на форумот.
Врски кон други интернет страници (линкови) во потписите на членовите, кои се прикажуваат под секое напишано мислење, се дозволени само во случај кога на страницата до која води линкот има веќе поставено линк до "Кајгана" или до "Кајгана форум".
Членот се согласува дека нема да нуди линкови кои водат до страници на кои се нуди илегално симнување на софтвер, музика, филмови и други лиценцирани материјали, како и страници кои содржат вируси, тројанци и друг материјал кој може да наштети на "Кајгана" и членовите.
Модераторите и администраторите на форумот го задржуваат целосно правото без претходна најава да ги избришат сите информации приложени на форумот од страна на членовите со кои се кршат правилата. Тоа вклучува секакви содржини објавени на форумот, галеријата, информации за корисникот, аватари, потписи, па дури и целото корисничко име - доколку тие одлучат дека тоа е потребно.
Членот не смее да ги уништува темите на форумот со други информации кои не се поврзани со темата, лични муабети и слично. За се' што не е поврзано со темите на форумот, постојат приватните пораки.
Официјален јазик на форумот е македонскиот, а препорачливо е користење на кирилица. Сите пораки напишани на странски јазик ќе бидат избришани, а членовите ќе бидат опоменати дека ги прекршуваат правилата.
Kajgana.com го задржува правото на поединечни корисници да им забрани пристап до порталот или поединечни делови од порталот доколку се утврди дека корисникот ги прекршил правилата. Кршењето на правилата на форумот може да резултира и ќе резултира со бан, односно забранет пристап на страниците. За времетраењето на забраната одлучуваат администраторите и супермодераторите на форумот, а членот ќе биде известен за причината и рокот на истекување.
Банираните членови, односно членовите со забранет пристап на форумот (привремено или трајно) не смеат да отворат ново членство. Доколку тоа се случи, тие ќе бидат трајно банирани или избришани.
Сите прашања во врска со "Кајгана", форумот, правилата, ваши предлози, критики и сугестии може да ги објавите во форумот КАЈГАНА каде ќе добиете одговор во најскоро можно време. Не "трчајте" по администраторите и модераторите насекаде на форумот, за прашања обратете се во форумот наменет за тоа.
Корисниците се должни да ги чуваат одговорно нивните кориснички налози и лозинки. Kajgana.com не може да се смета за одговорна за неовластено користење на корисничките налози од страна на трети лица, ниту за евентуалната штета на корисникот настаната на тој начин.
СЕ ОБВРЗУВАТЕ ДЕКА НЕМА:
- Да ги користите комуникациските сервиси за спамирање или било кој друг начин на масовно праќање комерцијални или содржини од друг облик;
- Да малтретирате, загрозувате, навредувате, заканувате или на било кој друг начин да ги повредувате правата на другите корисници и туѓи комуникациски сервиси;
- Да објавувате и ширите содржини заштитени со авторски права;
- Да објавувате непристојни, вулгарни или незаконски содржини;
- Да прикачувате фајлови кои содржат вируси, црви, тројанци или било каков малициозен софтвер;
- Да се претставувате лажно со цел измама на друг корисник;
- Да сугерирате дека на било кој начин сте во службен однос со порталот Kajgana.com;
- Да кршите било каков важечки закон.