Во ред. Не е до месото до материјалите е (храна, муниција, опрема...). Затоа што на месото му требаат материјали.
Енглезите коа се степаа со Германците, имаа супер материјали, што не фрлија месо за да ги победат. Немаат месо?
Французите исто имаа супер материјали. Кој управуваше со нив?
(велам супер во однос на Русите.пошто ти цело време тврдиш дека на Русите им фали тоа све: опрема, храна, техника, куршуми... и дека за комплетноста на нивниот успех е пресудна помошта на западот)
И тука се враќаме во приказната за пресудноста на живата сила и во приказната околу третманот/цената на човечкиот живот во тогашниот СССР од една страна, и во Франција или САД, на пример, од друга страна.
секоја војна си има свои карактеристики, франција беше поразена молскавично, имаа доста модерно оружје кое можеше да парира на германското али со застарени формации и сфаќања на виојната.
Русите имаа дота оружје и опрема имаа и модерна структура на армијата и модерни сфаќања за употреба на тенкови и авијација. Имаа и време да проучат како германија војува, од 39 до 41 да анализираат имаа и време да видат дека на граници им се натрупуваат цели армии на германци и имаа врме да ја прочитаат мајн кампф и слушнат говорите на хитлер каде кука за животен простор и ширење на исток. Имаа и дојави и известувања за престоен напад и пак го дочекаа тотално неспремни неорганизирани...
изгубија цели армии изгубија сите тенкови авијација огроми територии со население (егрути) огромни површини за земјоделие, индустрија, рудници енергетика, на сета мака еден куп НКДВ стрелаше се живо и диво на фронт уште повеќе зголемувајќи паника и хаос.
индустријаа им дојде на слично ниво на она во југославија после распад, па одеднаш фирма која до вчера имаше кооперанти во други републики, или муштерии или добавувачи остана без можност да произведува, останаа без суровини делови материјали.... во еден дел така беше и со руска индустрија, испораки на јаглен престанаа, снема струја, уништен транспорт, негде имаш машини али немаш материјали кај шо има материјали немаш транспорт кај шо имаш транспорт немаш гориво..... Има во литаратурата доста оиси за тој период.
Кога се селеше индустријата на исток беа потребни пруги вагони и локомотиви. некои пгони и фабрики беа изгубени уништени или заробени требаше нови, на место каде се подигаа фабриките требаше да се однесат работници, десетици иљади, да се направат жживеалишта, да се снадбат со струја, храна да се однесат машини материјали да се обезбетди транспорт и до фабрики и од нив, многу о работната сила беше неука, млади деца, жени и оние неспособни за војна, првите примероци кои излегуваа беа полни со проблеми, пример делови за 34 од една фабрика не пасираа на 34 правени во друга, имаше и судења на обвинети за саботажи иако во 90% случаеви се работеше за неискуство и незнаење, фаллеше се за да се почни со сериозно производство
со таква реалност никогаш русите не можеа да застанат на нозе. Германија на пролет ќе продолжеше со напредување и брзо ќе стигнеше и до овите фабрики, прво со авионски напади па со артилерија и на крај и нив ќе ги завземеше. За да опстои, животно беше важна западната помош. Не фаалеше во русија само нешто без кое и ќе се снајдеа, фалеше се гориво храна експлозив алуминиум бакар кабли радио уреди машини мотори масло лекови....... беше критично, ептен критично