Порано праевме доста зимница, ајвар, љутенка малиџано - над 50 тегли, домашни сокови од дренки боровинки вишни, бозел по 20-30 шишиња, домата, џемови и мармалади - десетици тегли, туршија, зелки.... не се сеќавам дека се купувало нешто од тоа по продавници, додуше тогаш немало.
Во нив немаше ни вештачки ароми ни концентрати ни емуглатори ни бои не некои додатоци со шифри “е-345/fg"... многу од работите беревме по излети за викенди, растено во природа непрскано или купено со одбирање на пазар. Секоја пиперка или домат или слива ... поминала низ раце си видел шо ставаш.
Али тогаш луѓето имале и повеќе пари и повеќе слободно време и не беше комплицирано да се направи.
За зимница во 2-3 месеци треба да се одвојат екстра пари кои секој ги нема, да се земат пиперки масло, домати, овошје.... трба да имаш слободно време да ги направиш, денес никој веќе нема слободно време, башка забранија печења околу згради или палење огнови или одење по ливади и шуми....
Некни од визба исфрлиф стотина тегли и шишиња, пред тоа во 2-3 наврати исфрлиф или раздадов уште толку, а како сеќавање на некои стари добри времиња уште ми е таму замрзивач од 400 и еден помал мислам од 15о литри кои на време беа полнети со замрзнат грашок домати пиперки црн патлиџан телешко свинско.......
Дека беше поздраво од она шо денес се купува - СИГУРНО
Дека е покомплицирано и потешко денес на младите тоа да го прават - СИГУРНО
Така да не е ни помодарсво ни непотребна работа али се сменија времињата и покрај многу други добри и корисни работи и ова полека заминува во историја