Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не те лажам јас, сам си се лажеш цел живот. Еонот во кој живееме и јас и ти подеднакво е ,,лага змиина" само во твојата заблудена глава. Новиот еон е време каде стигмите на робските религии се кршат а твоето очајно прпелкање овде на форумов е само еден од безбројните примери за тоа.

Не си ласкај...

Лагата, гревот и смртта постојат од искон, што значи уште пред да се родиш и уште пред Телема да биде препакувана.

Не случајно Црквата вели дека Светов лежи во зло.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.321

Гревот, лагата, смртта, црквата, исус... тие се тие :)
Нели рековме да си тераш магаренцето и самарот да си го чуваш за себе а не да се расфрлаш со гревови по народот?
Гревот чувај си го за тебе...
Зборот на Гревот е ограничување.
Ако ти е волја да си ограничен, биди грешен и чекај Исус да те спасува - не проповедај ропство со идеи за грев и останати лажни призраци за да има причина да постои нешто како спасител даден од христијанските догматици.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Гревот, лагата, смртта, црквата, исус... тие се тие :)
Нели рековме да си тераш магаренцето и самарот да си го чуваш за себе а не да се расфрлаш со гревови по народот?
Гревот чувај си го за тебе...

Зборот на Гревот е ограничување.
Ако ти е волја да си ограничен, биди грешен и чекај Исус да те спасува - не проповедај ропство со идеи за грев и останати лажни призраци за да има причина да постои нешто како спасител даден од христијанските догматици.
Хепта,

на страна што муабетиш со самиот себе, ама веќе га претера у апсурдите, лебати...Препрочитај го болдуваното и можеби, штом настапи „светлата будуќност„, ќе ти стане јасно што апсурди „набадаш„ на форумов.

Имет време, новиот еон уште е млад...

П.С.

Поимот „грев„ значи„ промашување„, но слободно можеш да го именуваш и како „можност за неограничено зло„.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не си ласкај...

Лагата, гревот и смртта постојат од искон, што значи уште пред да се родиш и уште пред Телема да биде препакувана.

Не случајно Црквата вели дека Светов лежи во зло.
Вие сте експерти за лаги, заблуди и манипулации, секојдневно може да се увериме во тоа. Колку само соодветно сте си го одбрале она - бедни по дух.[DOUBLEPOST=1505802588][/DOUBLEPOST]
Поимот „грев„ значи„ промашување„, но слободно можеш да го именуваш и како „можност за неограничено зло„.
Постои само еден грев - ограничување на тоа што е наша суштина, предодреденост, вистинска природа која ние телемитите ја нарекуваме - чиста вистинска волја. Зборот на гревот е еден, но со оглед на тоа што секој е уникатен и посебен и неговата чиста волја е уникатна и посебна, па нејзиното ограничување може да биде различно за секого.
Во овој контекст не е погрешно ни да се каже дека ограничувањето на чистата волја е промашување. Тоа промашување може да резултира со низа психолошки, ментални па и биолошки последици.
 
Последно уредено:
D

dARK_ElementaL

Гостин
Да те потсетам на твоето предзнаење, со кое си дојден на форумов:

https://forum.kajgana.com/threads/Дискусија-за-Атеистите-Исламот-Христијанството-и-останати-убедувања.71895/page-882#post-8180658[DOUBLEPOST=1505770863][/DOUBLEPOST]

Не, не ме лажи; ти живееш во новиот праисториски стар еон (читај: лагата змиина), така да во таа „манџа„ не ги мешај и другите.
Фала ти, но нема потреба да ме потсетуваш. И трет ти велам.
Бидејки ipsissimus, Let 3 и јас не ги знаеме значењата на тие зборови објасни ги ти.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
:) Osamenosta i nemanjeto zanimacija se loshi za covekot,pa mozebi ova se odnesuva i na Bog.Nie postojano barame neshto shto bi ne ispolnilo do maksimum,pa mozebi i nemu mu bilo i mu e taka. ;)
Досега ти како религиозна даде најдобар одговор. Бидејки ако е семоќен, сезнаен и безгрешен најдобро објаснување е твоето дека можеби му треба занимација за да се исполни до максимум. Немој да ме сфатиш погрешно. Со прашањето не ми е намера да навредам некого и сл. А најмалку Бог. Туку истото прашање било поставено и од религиозни личности, не само од нас атеистите.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031

Ti fino razgovarash.Ti ne si me navredil.No,ima drugi licnosti cii komentari se navredlivi.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Фала ти, но нема потреба да ме потсетуваш. И трет ти велам.
Бидејки ipsissimus, Let 3 и јас не ги знаеме значењата на тие зборови објасни ги ти.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
Веќе се објаснети, посебно стихот од Стариот Завет/Постанокот.

Моето објаснување на стиховите не ќе ти биде од корист, оти после објаснувањето:
- ќе изнесуваш твои погрешни ставови (како и до сега) и,
- ќе продолжиш да поставуваш нови и нови прашања, но не оти си јааако заинтересиран, туку со цел да го разводниш муабетот и да си најдеш уште „подлоги„ за оправдување на своето неверие.

Пак ќе те потсетам; самиот се пофали дека на форумов доаѓаш со предзнаење, кое очигледно го немаш, оти, како што ти посочив, простото препишување на стихови е само просто препишување и ни оддаделку не е исто што и „предзнаење„.[DOUBLEPOST=1505837187][/DOUBLEPOST]
Вие сте експерти за лаги, заблуди и манипулации, секојдневно може да се увериме во тоа. Колку само соодветно сте си го одбрале она - бедни по дух.
Објасни го /протолкувај го значењето на состојбата „бедни по дух„.
Или, ич да не те прашувам, оти ионака не го знаеш...[DOUBLEPOST=1505837282][/DOUBLEPOST]
Постои само еден грев - ограничување на тоа што е наша суштина, предодреденост, вистинска природа која ние телемитите ја нарекуваме - чиста вистинска волја. Зборот на гревот е еден, но со оглед на тоа што секој е уникатен и посебен и неговата чиста волја е уникатна и посебна, па нејзиното ограничување може да биде различно за секого.
Во овој контекст не е погрешно ни да се каже дека ограничувањето на чистата волја е промашување. Тоа промашување може да резултира со низа психолошки, ментални па и биолошки последици.

Ако гревот е ограничување, тогаш како ли „изгледа„ неограничувањето...
Ќе подобјасниш или ич да не чекам?
 
Последно уредено:
D

dARK_ElementaL

Гостин
Веќе се објаснети, посебно стихот од Стариот Завет/Постанокот.

Моето објаснување на стиховите не ќе ти биде од корист, оти после објаснувањето:
- ќе изнесуваш твои погрешни ставови (како и до сега) и,
- ќе продолжиш да поставуваш нови и нови прашања, но не оти си јааако заинтересиран, туку со цел да го разводниш муабетот и да си најдеш уште „подлоги„ за оправдување на своето неверие.

Пак ќе те потсетам; самиот се пофали дека на форумов доаѓаш со предзнаење, кое очигледно го немаш, оти, како што ти посочив, простото препишување на стихови е само просто препишување и ни оддаделку не е исто што и „предзнаење„.[DOUBLEPOST=1505837187][/DOUBLEPOST]

Објасни го /протолкувај го значењето на состојбата „бедни по дух„.
Или, ич да не те прашувам, оти ионака не го знаеш...[DOUBLEPOST=1505837282][/DOUBLEPOST]

Ако гревот е ограничување, тогаш како ли „изгледа„ неограничувањето...
Ќе подобјасниш или ич да не чекам?
Веќе ти кажав дека ова нема врска со моето неверување. Јас не го проповедам мојот атеизам овде. Ако сакав да го проповедам мојот атеизам, прво ќе си ги откачев моите другари кои се религиозни. Немаше повеќе ни да се дружам со нив. Ама ете иако се религиозни јас ги сакам нив како да ми се браќа. Туку како што и реков и на redfogv и тебе ќе ти речам пак. И од религиозни е поставувано тоа прашање не само од мене.
И redfogv сепак даде некаков одговор. Дека му треба на Бог занимација да се исполни до максимум. Бидејки тоа би бил единствен логичен одговор што би го прикажал Бог во позитивно светло доколку тој е семоќен, сезнаен и безгрешен. А јас и таков одговор барав- позитивен. Ако си го оправдував своето неверување тогаш немаше да барам одговор што ќе го прикаже Бог во позитивно светло.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.321
Ако гревот е ограничување, тогаш како ли „изгледа„ неограничувањето...
Ќе подобјасниш или ич да не чекам?
На човек кој што најголема философска мисла му е идејата дека е грешен, дека е беден, дека му е потребен надворешен фактор за да се ослободи од своите несовршености, а не самиот тој и неговата работа врз себе си - не може да го разбере бесконечното...
Не може ниту да се започне да се објаснува колку е ропска и бедна таа идеја за грев, само за да се има причина да постои некаков спасител!

Затоа вие, луѓето кои зборувате за богот со голема буква, му даваат човечки вредности на омраза, љубов итн итн...
Не може грешен човек да разбере било што од патеките на божественото, може само да прераскажува идеи од некаква си црква и авторитет бидејќи тој самиот е убеден дека е мизерен црв кој што не заслужува ништо, ниту милост ниту мудрост од таа бесконечна божественост за која толку дрско зборува ли зборува... нормално, осудувајќи се и сешто по патот што не оди со неговите предрасуди и пуста вера дека барем некаде успеал во животот!

Бесконечното за тебе е заборавеност - во визиите на оној Јован што вие го искасапивте има многу, дури и врски со постари учења од оние на гностиците и првите христијани - бесконечното значи истражување, значи одговорност, значи работа, значи искуство - затоа нема грев.

А за бедните по дух, мрзливите, кукавиците - има и ќе има и ќе страдаат и тоа не може да го наметнат на другите, не сакаме социјализам :)
 
ај поприкажи си уше троа па ќе ни пренесиш шо си открил...Можи?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.321
Хепта,

ај поприкажи си уше троа па ќе ни пренесиш шо си открил...Можи?
Тешко ти да разбереш што сум открил, затоа ти раскажувам да разбереш троа кај ти се кочи системот...
Ама нема да разбереш ниту ова што ти го зборувам, не пак нешто друго...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Објасни го /протолкувај го значењето на состојбата „бедни по дух„.
Или, ич да не те прашувам, оти ионака не го знаеш...
Не зборувам што значи за вас, уопште не ми е гајле што ви значи, реков само дека баш соодветен назив си имате - бедни и тоа по дух.
Ако гревот е ограничување, тогаш како ли „изгледа„ неограничувањето...
Ќе подобјасниш или ич да не чекам?
А како би го знаел тоа некој како тебе? Некој што чека друг да му каже што е добро а што не за него? Некој што нема доверба во сопственото мислење?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не зборувам што значи за вас, уопште не ми е гајле што ви значи, реков само дека баш соодветен назив си имате - бедни и тоа по дух.
Јасно ми е дека не го знаеш значењето на изразот „бедни по дух„ во Црквата, но затоа сте „богати со гревови„ во Телема.
Погоди го значењето на болдуваниот израз.[DOUBLEPOST=1505859712][/DOUBLEPOST]
А како би го знаел тоа некој како тебе? Некој што чека друг да му каже што е добро а што не за него? Некој што нема доверба во сопственото мислење?
На форумов ја изнесуваш својата идеологија, што значи дека не изнесуваш свое мислење, туку туѓо. Како не ти текна до сега?...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Јасно ми е дека не го знаеш значењето на изразот „бедни по дух„ во Црквата, но затоа сте „богати со гревови„ во Телема.
Погоди го значењето на болдуваниот израз.
Не пишувам кинески:
Не зборувам што значи за вас, уопште не ми е гајле што ви значи, реков само дека баш соодветен назив си имате - бедни и тоа по дух.
На форумов ја изнесуваш својата идеологија, што значи дека не изнесуваш свое мислење, туку туѓо. Како не ти текна до сега?...
Не е точно, на форумов сум од 2010-та, тогаш не бев запознаен со тоа што е Телема, а моите ставови и мислења и тогаш и сега се исти. Тоа е разликата помеѓу вашите религии и Телемата, во нашиот случај можеш да кажеш дека си Телемит доколку ги препознаеш сопствените ставови и мислења во симболиката и принципите на Телемата. Во вашиот случај, треба да веруваш дека си грешен, недостоен и слично и да чекаш некој друг да ти кажува како да живееш, што да јадеш, кога да јадеш и слично.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom