- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.551
- Поени од реакции
- 85.151
Овие натписи едноставно не корспондираат со мојот личен впечаток. Јас го пратев загадувањето во Тетово, пред и после затворањето на Југохром. Имаше осетна разлика и Тетово од воздушно најзагадена општина, премина подолу на скалата. Во темата за Тетово има повеќе.
Проблемот со аеро-загадувањето на Тетово не се реши, но има разлика. Инаку, тој град има и други страшни еколошки проблеми.
Некој би рекол дека новинар може да биде потплатен да напише било што.
Исто така, не си у право кога речиси целосно вината за загадувањето ја префрлаш на дрво-огревните системи. Карпош се грее постојано на таков начин (односно голем дел од општината), а сепак само оваа зима имавме 1200 и слични вредности, друг пат ни приближно до тоа. Како случајно, баш сега се поклопи состојбава со склучувањето на сомнителни договори на Коце со италијански фирми за уништување на медицински и друг отпад. Фирми, основани недела дена пред потишувањето на овој договор, со кој накратко - се обврзува Скопје да го уништива нивниот отпад.