Мачорка
Shining Star of Paektu Mountain
- Член од
- 25 февруари 2011
- Мислења
- 1.955
- Поени од реакции
- 12.543
Порано, негде средина на 90ти, отсабајле, мислам во 10, секој работен ден, даваа по некоја детска серија. Некои се веќе спомнати, како "Дали се плашите од темнината" и "Супер полицаец", а еве уште неколку:
"Детско одделение", мислам дека во петок идеше, дејствието се одвива, како што кажува и насловот, во болница. Во првата епизода носат едно девојче, Фиона, повредена во сообраќајка, и девојчево паѓа у кома, а уствари заплетот е што еден од докторите ја удрил со кола (така барем ја се сеќавам дека беше). Успут има и разни дешавки со останатите пациенти од одделението.
"Валцер низ ридиштата", како дете ептен ми беше тажна серијава. Се работи за две деца, брат и сестра, остануваат сираци и бегаат од едни роднини со цел да стигнат кај баба им и дедо им, кои живеат некаде уџум, на другиот крај на Австралија. Свашта им се дешава по пат, се сеќавам дека овој црнецов на сликата им помагаше и на крај среќно заврши нивната голгота.
Супер бабичка, ова е класика, нема што да се објаснува, уствари не ми ни текнува на деталите.
![јјј.jpg](/data/attachments/176/176902-db5e04448060817e24b7a460f7360778.jpg)
"Детско одделение", мислам дека во петок идеше, дејствието се одвива, како што кажува и насловот, во болница. Во првата епизода носат едно девојче, Фиона, повредена во сообраќајка, и девојчево паѓа у кома, а уствари заплетот е што еден од докторите ја удрил со кола (така барем ја се сеќавам дека беше). Успут има и разни дешавки со останатите пациенти од одделението.
![MV5BMTYwMDUwMDg5NF5BMl5BanBnXkFtZTcwODI1MTUyMQ@@._V1_UY268_CR6,0,182,268_AL_.jpg](/data/attachments/176/176903-7708196d97152247342b50498a2d20b4.jpg)
"Валцер низ ридиштата", како дете ептен ми беше тажна серијава. Се работи за две деца, брат и сестра, остануваат сираци и бегаат од едни роднини со цел да стигнат кај баба им и дедо им, кои живеат некаде уџум, на другиот крај на Австралија. Свашта им се дешава по пат, се сеќавам дека овој црнецов на сликата им помагаше и на крај среќно заврши нивната голгота.
![81dUVC4i8WL._SY445_.jpg](/data/attachments/176/176904-5da816542281c74c39e2a57572485398.jpg)