Серии од нашите телевизии :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Порано, негде средина на 90ти, отсабајле, мислам во 10, секој работен ден, даваа по некоја детска серија. Некои се веќе спомнати, како "Дали се плашите од темнината" и "Супер полицаец", а еве уште неколку:
јјј.jpg
"Детско одделение", мислам дека во петок идеше, дејствието се одвива, како што кажува и насловот, во болница. Во првата епизода носат едно девојче, Фиона, повредена во сообраќајка, и девојчево паѓа у кома, а уствари заплетот е што еден од докторите ја удрил со кола (така барем ја се сеќавам дека беше). Успут има и разни дешавки со останатите пациенти од одделението.

MV5BMTYwMDUwMDg5NF5BMl5BanBnXkFtZTcwODI1MTUyMQ@@._V1_UY268_CR6,0,182,268_AL_.jpg

"Валцер низ ридиштата", како дете ептен ми беше тажна серијава. Се работи за две деца, брат и сестра, остануваат сираци и бегаат од едни роднини со цел да стигнат кај баба им и дедо им, кои живеат некаде уџум, на другиот крај на Австралија. Свашта им се дешава по пат, се сеќавам дека овој црнецов на сликата им помагаше и на крај среќно заврши нивната голгота.


81dUVC4i8WL._SY445_.jpg

Супер бабичка, ова е класика, нема што да се објаснува, уствари не ми ни текнува на деталите.
 
A1
Сител, Дневникот на црвените чевлички :D со Мулдер
A1
medium-tv-6766.jpg

Сител
636199289094089269513167529_16924700_900x1200.jpg

Сега брзо ја читав книгата, must-read е ако ви се свиѓаше серијава/филмот
Мтв
Сител
 
Знаете ли дека може да се гледаат овакви постари серии, на торент не верувам да ги има сепак се постари серии, ме фати некоја носталгија од темава, па да погледанам некоја епизода?
 
На A1 ја даваа, под името "Како ќе каже Џим"

4e06db6e8991a3ef0cf09b797c6f9e7b-according-to-jim-season-6-1475111058.jpg

На С(Ш)ител ја даваа, "Бегство од затвор"

TAGd6eHCnKfhruK7Y7HufmG6.jpeg

На А1 ја даваа, позната како "Млади бунтовници" (шпански - Rebelde Way)

68219_b340fb2c57-f.jpg

На Канал - 5 ја даваа, "Monk"

6daf686547d8f1237a27aae437ad272e--monk-tv-show-adrian-monk.jpg

На С(Ш)ител ја даваа, позната како "Маската на Зоро" (шпански - El Zorro, la espada y la rosa), оваа серија кога бев четврто одделение (втора смена) секој ден со трчање доаѓав дома да ја фатам, затоа што ја даваа околу 17:00 :D Можеби мојата прва серија која што сум ја изгледал целосно (117 епизоди)

El-zorro-500x741.jpg

Ииии имаше уште една серија мислам дека на Телма ја даваа, секој ден ја гледав (одамна беше, можеби 10+ години), каде што неколку другари (црни и бели/женски и машки) имаат авионска несреќа во Африка но преживуваат и подоцна се киднапирани од едно африканско племе каде што ги носат во нивниот град, и го принудуваат еден од белците да се земе со една од нивните принцези или... пффф не ми текнува понатаму, знам дека имаше и едно непријателско африканско племе кои што беа и канибали... нема врска :D ако му текне на некому нека пише :))

Други не ми текнуваат што ми оставиле впечаток...[DOUBLEPOST=1504736914][/DOUBLEPOST]
Знаете ли дека може да се гледаат овакви постари серии, на торент не верувам да ги има сепак се постари серии, ме фати некоја носталгија од темава, па да погледанам некоја епизода?

Која ти треба, ќе се обидам да најдам линк :)
 
Имаше една француска серија која што се дешава во тениска академија, ама не ми текнува како се викаше... Ја даваа на МТВ.
 
My Family (TV Series 2000–2011)
article-1304608-0A6D96E9000005DC-446_468x286.jpg


MTB 1 или А1 не сум сигурен точно на која.

А знае ли некој како се викаше на А1 детската серија со еден чичко со коса виткана и во еден подрум правеше експерименти. Паметам ставаше цвеќиња во боја и цвеќињата се обојуваа листовите, исто од лист хартија направи змија и со линијар наелектризиран ја движеше змијата. Повеќе беше како емисија отколку серија.

Ако знае некој името нека пише и нека стави слика/видео да се потсетиме на тоа.[DOUBLEPOST=1504740662][/DOUBLEPOST]Les vacances de l'amour (TV Series 1996–2007)

МТВ 1 мислам беше они беа едно време со француски серии.
 
Renegade, со Лорензо Ламас, џандар, го наместија ни крив ни дужен дека бил поштен во службата, го осудија, па он бега, па работи со еден индијанец и сестра му да фаќаат криминалци.
Многу добра серија, со топ музика од најава.
 
Binbir Gece (1001 ноќ) на А1 телевизија

1001 ноќ.JPG


Charmed, исто така на А1 телевизија

1001 ноќ.JPG
 
Знаете ли дека може да се гледаат овакви постари серии, на торент не верувам да ги има сепак се постари серии, ме фати некоја носталгија од темава, па да погледанам некоја епизода?
секако дека на торент ги има. и на јавни тракери има некои постари серии
ама најдобро некој добар приватен тракер и таму нема што нема
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom