Погрешно прашање, поставено од погрешен лик...„Дупло голо„, ќе речит Бранко.[DOUBLEPOST=1505146112][/DOUBLEPOST]
Религијата и политиката никад не биле раздвоени. Сите историски познати цивилизации имаат испреплетеност на нивните политичари со своевремените религии и/или митологии, на кои биле засновани самите цивилизации.
Политиката ја означува улогата/задачата од власта/државата да управува праведно со целото општество. Власта, бидејќи е од Бога дадена, се објаснува со следниот аналошки низ: еден Бог на Небесата, еден цар на Земјата (во државата), една глава (мажот) во семејството.
Како што постои хиерархија на Небесата, почнувајќи од Бога па преоѓајќи на ангелските редови, така постои хиерархија и во општеството, почнувајќи од властодржецот/царот, преку аристократијата па се‘ до последниот анонимен царски поданик.
Не е никаков проблем ако свештенството се интересира за политиката, оти веќе напишав; ако власта ја чинат Богоотпадници, како е во најголемиот број земји во Светов, од таквата власт не очекувам ништо добро. На секој здрав во умот му е појќе од јасно дека на пример, во жалосна Македонија работиве не „идат„, ама таквиот не може да ја објасни таквата лоша состојба на прифатлив начин, затоа што не тргнува од внатрешната состојба од властодржците, туку се обидува да ги објасни лошите состојби само преку последиците од владеењето од власта, по начелото „сите се исти„ или „сите крадат„. Зашто се „исти„ или зашто „крадат„, нема објаснување.
Политиката не е наука, туку „нешто друго„, а Црквата нема потреба од покажување интерес кон другите науки, затоа што науките веќе постојат и затоа што Црквата веќе има своја наука, која не е наменета за овој Свет.