Гледам крајно сте неинформирани скопјаниве, а и од другите градови, па да разјасниме некои работи.
Како прво може ли некој да ми објасни зошто немаше карти во отворена, директна и јавна продажба преку официјалните канали на ФФМ? Тоа сигурно не е во рацете на струмичани, туку вие си знаете дека е дело на оние кои се чело на федерацијата. Карти се продаваа на крајно ретардиран начин и тоа преку еден кафич и еден ресторан во Струмица и тоа не сите карти, туку само дел од нив. Уште од старт да ви нагласам дека карти во продажба на јужната трибина (онаа покриената што собира некаде 1500 луѓе)
воопшто немаше. Очигледно беше дека таму има само примадони, беше наменета дел за официјални лица, дел за спонзори и дел за големи фаци каде што сигурно ФФМ може да ви разјасни што и како. Западната трибина беше цела за гостински навивачи (кои што не ми е јасно што бараа во меч кој се сметаше од висок ризик и беше преместен далеку на југ баш заради евентуални проблеми). Единствено можеше да се дојде до карта на источната и само на еден дел од северната трибина и тоа без северозападниот дел кој беше блиску до албанците, каде што пак имаше албанци и тоа
од Македонија. Ајде запрашајте се како стигнале тие луѓе до карти за кои што имаше крајно слаби информации и не се ни продаваа што се вели?
Една работа ви гарантирам. Организацијата да беше како што треба со картите, Струмица стадионот од 7000 ќе го наполни за вчас. Во 1 часот да објавеа продажни места со сите потребни информации, до 2 ќе немаше карти, без разлика на цената. Не тресете глупости кога не знаете, на една Беласица во трета лига по 1000 луѓе имаше некогаш, за репрезентацијата ќе се мислиме
Втора работа за навивањето. Јас како што видов гостинските навивачи беа
организирана навивачка група на државата. Како во кој дел од светот вие сте виделе обичен народ отиден на уткамица, неорганизиран, да потпре со песни и слично на организирана навивачка група? Каде била ФФМ да ги донесе Комитите (или кои и да се официјални навивачи) да ги смести и да имаме појака атмосфера? Не се правете глупи со сила, насекаде во светот атмосферата на трибините ја прават навивачките групи, обичниот гледач е таму да гледа фудбал и понекогаш да викне Македонија (или кој и тим да е) и да укне на противниците и да го опцуе судијата. Тоа е. Иако кога се дереа тие неандерталците учк, косово бла бла и кој ги знае што, имаше реакција барем од делот од североисток и исток. На југ примадоните беа друга приказна, освен еднаш, два пати Македонија што викаа, инаку после Македонија се правеше од исток кон север и обратно, никаков одговор немаше од спротивната страна. Се на се срамна организација од ФФМ која што очигледно си тераше некоја своја политика, за што е можно повеќе да затише и да го ограничи бројот на присутни на мечот. Не ја барајте вината онаму каде што ја нема. Картите платени уште од петокот, тек денес ги даваа и тоа со очигледна тенденција да не ги дадат сите и да прошверцуваат некои нивни луѓе, а со објаснување дека тоа го правеле за да не се фалсификуваат. Глупости.
Од фудбалот конкретно сум многу задоволен, иако очигледно е дека испуштивме победа. Многу подобар противник на теренот бевме, врска немаа Албанците, ама џабе кога пак ни се пресекоа нозете кога најмногу требаше. Факт е дека Несторовски не кошташе три бода, не знам каде крена да го дрибла голманот кога имаше идеална позиција со посилната лева нога да го матира Бериша. Алиоски беше одличен откако го префрлија десно, Спировски многу ми се допадна на средината, додека десното бекче 13ката (Ристовски или Ристевски, ги мешам тие) изигра одлично во дефанзива, но кога одеше во нападот секогаш проиграваше во средината, не одеше странично. Пандев беше одличен, не знам какви замерки за него може да се најдат. Најслаб на теренот убедливо Николов, со право прв го извадија, немаше никаков импакт. Резултатот од квалификациите веќе и не е толку битен, важно е да поставиме темел и во наредните квалификации за европското да дадеме се од себе и за првпат да влеземе со аспирации за пласман, нешто за што има квалитет, ама мора многу да се работи.