Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
По НИЧК се учи дизајнирање на кориснички интерфејси за различни групи корисници (деца, стари луѓе, лица со посебни потреби и сл.). Професор е Невена Ацковска а асистент Бојан Илијоски.
Предавањата и аудиториските вежби се теоретски. Се полага теорија на хартија.
На лабораториските вежби се изработуваат навигациски модели, кориснички задачи, сценарија како и интерфејс (во која технологија сакаш).
Се изработува и проект индивидуален или групен (индивидуалниот носи повеќе поени) каде што треба да се изработи некаква апликација по ваша желба.
Лабораториските вежби може и од дома да се завршат, но треба да се презентираат во некој од термините. Задолжителни се за потпис и носат 30% од оценката
Се положува со 50%. Генерално лесен предмет.
А проектот задолжителен ли е?
 
Нешто повеќе за Системи на знаење, Менаџмент информациски системи и Мобилни платформи и програмирање, како се полага и тежина на предметите?
 
МПИП

Андроид. Се полага теорија на етест и се изработува проект апликација по твоја желба (со тоа што треба да исполнува неколку барања).
Има и лабораториски вежби кои можеш од дома да ги изработуваш и да ги презентираш само

МИС
Не е ист предметот кај секој професор. Јас кај Калајџиски го слушав (и Триводалиев оди по истата програма). Се учи UML и се полага на хартија. Добиваш текстуален опис за некаква апликација (околу 1 страна а4 формат) и за таа апликација црташ UML дијаграми. Мал дел од тестот се и теоретски прашања.

СНЗ
Практично се работи во python, се решаваат проблеми од матна логика, системи за препораки, дрва за одлучување... на предавања истите работи теоретски се поминуваат.
Практично се полага на code задачи во пајтон, а теорија на хартија. Добиваш 2 поопшти прашања и за нив пишуваш се што знаеш.
Професор е Кулаков, а асистент Ефтим.

И по МИС и СНЗ има лабораториски кои може од дома да се работат.
 
Најверојатно не ми е паметен избор да ги земам овие три заедно со Алгоритми и Компјутерски мрежи. :D
Фала во секој случај.
 
Здраво дечки, сакам да прашам дали може веројатност да не го запишувам во трет семестар туку наредна година а наместо него да презапишам К1?
 
Дали некој може да ми каже што се учи по предметите Напредно програмирање, Логичко и функционално програмирање, и Интерактивни апликации? Како се полагаат и кој од нив е најтежок? Дали Напредно програмирање е потежок од Објектно-ориентирано програмирање и дали исто се учи C++? И дали би ми било покорисно за вработување да земам Напредно програмирање или Логичко и функционално програмирање?
 
Нешто некој да не знае некое инфо
пример од прв и втор семестар од вкупно 10 предмети да имаш положено само 2 предмети.......што се случува понатаму со трет семестар.......дали треба да квадришаш година или презапишуваш предмети.........дали смееш да слушаш трет семестар?? ........некој што знае повеќе околу тоа.
 
Не квадрираш, ти се важат положените предмети. Само ќе мораш задолжителни предмети од новиот семестар да запишеш(доколку немаат предуслов што не ти е положен одреден предмет[пр. апс]) + сите презапишани предмети од првиот.
 
Дали некој може да ми каже што се учи по предметите Напредно програмирање, Логичко и функционално програмирање, и Интерактивни апликации? Како се полагаат и кој од нив е најтежок? Дали Напредно програмирање е потежок од Објектно-ориентирано програмирање и дали исто се учи C++? И дали би ми било покорисно за вработување да земам Напредно програмирање или Логичко и функционално програмирање?

Интерактивни Апликации ти се полага теорија ( Designing Templates) имаш е-тест односно на courses како квиз беше и имаш слики и да напишеш кој темплате се користи за одредена веб страна, апликација или програма. Вооглавно на предавања се предаваат дизајн и темплатес, а на аудиториски односно практичен дел се учи jQuery , AJAX ,jSon, javascript. На полагање ти даваат насоки за правење на интерактивен сајт, кај што треба да искористиш функции од горенаведените скриптирачки јазици. Има и лабараториски и бранење на истите(некоја вежба од лабараториските да ја искуцаш за време на испит), сите добиваат потпис. Доста солиден предмет не е претежок а па доколку заглавиш или немаш време да го учиш можеш на испит за до 7ца да го нацрташ темплејтот и да објасниш кои темплејти се користат , и максимум поени ти се 70 на овој начин. За другиве предмети не знам ги немам слушано.
 
И мене ме излажаа дека се учи јаваскрипт. Се учи, ама за 20 минути се изминува цела синтакса. :D
Фокусот е ставен на html/css/jQuery прв колоквиум и jQuery/Ajax/jSon втор. Теоријата е лесна, пред колоквиум ќе имате урнек(пробен тест) па 80% од прашањата ќе ги знаете однапред.
 
Да ве прашам дали знаете дали воопшто постојат вонредни студии на ФИНКИ, и доколку има како би функционирало тоа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom