Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
30 јуни 2015
Мислења
314
Поени од реакции
286
Не знам дали треба тука да се праша (ако е погрешна темата слободно преместете), но да не знае некој како да се пријавам на ФИНКИ електронски? Кога одам тука ми бара акаунт да се логирам со веќе постоечки акакунт, но не знам каде да се регистрирам https://www.upisi.ukim.mk/Account/Login.aspx?ReturnUrl=/
sorry for my ignorance :D
 
Член од
27 август 2017
Мислења
23
Поени од реакции
13
Ве замолувам доколку некој има материјали (предавања, аудиториски, испитни...) за следниве предмети да ми прати:
- Алгоритми и податочни структури
- Компјутерски мрежи
- Напредно програмирање
- Интерактивни апликации
- Маркетинг
- ИТ Системи за учење

Ви благодарам :)
 
Член од
18 април 2014
Мислења
75
Поени од реакции
12
Некој што слушал Интернет програмирање последнава година да каже што се учи конкретно (бидејќи изменета била програмата) и ако има материјали ако може да ми прати?
 
Член од
14 август 2012
Мислења
1.705
Поени од реакции
738
Кој предмет да го земам за прв семестар изборен на смер ПЕТ?
Вовед во интернет
Математика 1
Калкулус 1

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.074
Поени од реакции
57.367
Кој предмет да го земам за прв семестар изборен на смер ПЕТ?
Вовед во интернет
Математика 1
Калкулус 1

Sent from my iPhone using Tapatalk
Јас не знам дали до сега некој од ПЕТ слушал Калкулус или Математика :D
На ПЕТ обично се оди полесно да се помине, па затоа сите го бираат Вовед во Интернет
 
И јас така мислеше само да се осигурам затоа прашав.Фала за одговорот.
 
shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Кој предмет да го земам за прв семестар изборен на смер ПЕТ?
Вовед во интернет
Математика 1
Калкулус 1

Sent from my iPhone using Tapatalk
Вовед во интернет ако го земеш, после Основи на веб дизајн малку полесно ќе го разбереш за во следен семестар, ако го одбереш и него. :D Не дека е научна фантастика, ама колку толку ќе имаш претстава. :D
 
Член од
18 април 2014
Мислења
75
Поени од реакции
12
Вовед во интернет ако го земеш, после Основи на веб дизајн малку полесно ќе го разбереш за во следен семестар, ако го одбереш и него. :D Не дека е научна фантастика, ама колку толку ќе имаш претстава. :D
А што се учи во Вовед во интернет да си го земам како изборен ако е лесен?
 
Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Некој што слушал Интернет програмирање последнава година да каже што се учи конкретно (бидејќи изменета била програмата) и ако има материјали ако може да ми прати?
Ланската година се учеше JavaScript подетално, со по еден час за jQuery, jSON & AJAX. Солиден предмет.

Btw, ако може некој мислење за Мобилни платформи и програмирање? Што се изучува, тежина?
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.074
Поени од реакции
57.367
Ланската година се учеше JavaScript подетално, со по еден час за jQuery, jSON & AJAX. Солиден предмет.

Btw, ако може некој мислење за Мобилни платформи и програмирање? Што се изучува, тежина?
Андроид. Се полага теорија на етест и се изработува проект апликација по твоја желба (со тоа што треба да исполнува неколку барања).
Има и лабораториски вежби кои можеш од дома да ги изработуваш и да ги презентираш само
 
Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Ги имам слушано 2-та.
Компјутерска етика го слушав кај Катерина, онака лабав предмет ама требаше да се дискутира на форум за поени на одредена тема и имаше домашни што требаше дел од прашањата да ги презентираш на предавања. Интересен бидејќи Катерина е интересна личност.
Овој Tech support е нај досадниот предмет што го имам слушано, лесен е ама досаѓаат со небитни работи. Се цртаа на вежби некои activity diagrams како софтверско инженерство и имаше проект исто со некои типови на дијаграми. Се полагаше на лист со прашања/задачи мешано.

Се среќавам денес со едно чупе и ми вика го запишав Веб програмирање ќе учеле Asp.Net MVC + Azure + Web API + JQuery, прочитала на веб сајтов во опис на предметот.
Брееј си викам овие на финки ептен напредни работи почнаа да учат, сеа разбрав тоа да ти биле грешни податоци т.е. останата си е истата програма Java Spring + малку AngularJS, ама нели тешко е да се поправи една страна pdf јавно достапна во 5 години постоење.
Инаку освен името на предметот Веб програмирање друго се е грешно во описот, почнувајќи од услови за запишување на предметот, оценување, бодување и литература.
Така и запнале со тој водичот за студирање мислиш кој знае што составиле :facepalm:
Абе легенди, греота се.
 
Член од
18 април 2014
Мислења
75
Поени од реакции
12
Мислење за Компјутерски поддржано производство и Напредна интеракција човек компјутер како се полага, лабораториските какви се и дали се тешки или лесни предмети? И кој е полесен од двата? :)
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.074
Поени од реакции
57.367
Мислење за Компјутерски поддржано производство и Напредна интеракција човек компјутер како се полага, лабораториските какви се и дали се тешки или лесни предмети? И кој е полесен од двата? :)
По НИЧК се учи дизајнирање на кориснички интерфејси за различни групи корисници (деца, стари луѓе, лица со посебни потреби и сл.). Професор е Невена Ацковска а асистент Бојан Илијоски.
Предавањата и аудиториските вежби се теоретски. Се полага теорија на хартија.
На лабораториските вежби се изработуваат навигациски модели, кориснички задачи, сценарија како и интерфејс (во која технологија сакаш).
Се изработува и проект индивидуален или групен (индивидуалниот носи повеќе поени) каде што треба да се изработи некаква апликација по ваша желба.
Лабораториските вежби може и од дома да се завршат, но треба да се презентираат во некој од термините. Задолжителни се за потпис и носат 30% од оценката
Се положува со 50%. Генерално лесен предмет.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom