До сите акционери на Повардарие.
http://www.telma.com.mk/vesti/povardarie-podnese-krivichna-prijava-za-poraneshen-minister-i-dvajca-zamenici-ministri
„Повардарие” поднесе кривична пријава за поранешен министер и двајца заменици-министри
29 August, 2017 - 14:57
Кривична пријава за измама и злоупотреба на службена положба и овластување против поранешниот министер за земјоделство Михаил Цветков и поранешните заменици-министри за земјоделство и за економија, Ванчо Костадиновски и Христијан Делев, поднесе винарската визба „Повардарие” од Неготино до Основното јавно обвинителство во Скопје.
Според пријавата, Цветков, Костадиновски и Делев настојувале „Повардарие“ да откупи што поголема количина грозје од лозарите поради предвремените парламентарни избори. За тоа и ветиле исплата на субвенциите веднаш, но и ургенции кај Министерството за финансии да не покренува постапка за долгот што го имала и што планирала да го плати кон Царинската управа.
Тројцата владини функционери ја наговарале винарницата, наместо да го плати долгот кон Царинската управа, со тие пари, околу еден милион евра, да откупи грозје. Верувајќи им, „Повардарие“ така постапила и, како што стои во кривичната пријава, откупила 23 милиони килограми. Но, по откупот на грозјето следело поведување стечајна постапка од страна на Минсистерството за финансии, а до денес на винарницата не и се исплатени ниту субвенциите кои по закон и следуваат. За да избегне стечај, винарската визба морала да го намири долгот кон Царинската управа.
„За Цветков, Костадиновски и Делев беше многу важно да им се откупи грозјето на лозарите поради претстојните републички избори. Со лажно прикажување факти, тие создале погрешна претстава и ја довеле во заблуда винарницата. Презеле измамничко дејство и го навеле подносителот да стори нешто на штета на својот имот“, пишува во пријавата.
Во септември минатата година „Повардарие“ преку свои претставници била повикана на состанок од Цветков, Костадиновски и Делев во Министерството за земјоделство. Целта на средбата биле преговорите за откуп на грозјето и субвенциите.