Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Фин промет денес, плус ете шанса да се пазари ТНБ на 13.000 и ПКБ на 14.500
 
Имаше неколку промени неделава, па еве како личи сега MSE:
 

Attachments

  • Nova.JPG
    Nova.JPG
    111,5 KB · Прегледи: 38
Фин промет денес, плус ете шанса да се пазари ТНБ на 13.000 и ПКБ на 14.500

оваа пкб ја пратам ми стана интересна како се тргува ја кифлат со месеци брате прават блокови со по 2 акции , а кога беше на помала цена некоја стратегија пацерска никаква да сум продавач ке се тргнам или друга варијанта е дека студенти купуваат што чекаат од стипендија да им стигне.

Имаше неколку промени неделава, па еве како личи сега MSE:

неможам да разберам ова процентите што ти се доле на х оската што значење имаат.
 
неможам да разберам ова процентите што ти се доле на х оската што значење имаат.

p/b не е во нормален формат како 0,2 или 0,75 туку е форматирана како процент од книговодствена цена на акција.
 
http://www.24vesti.mk/obvinitelstvo-otvori-postapka-po-krivichnite-prijavi-od-„povardarie“

Обвинителство отвори постапка по кривичните пријави од „Повардарие“

30.08.2017 | 17:41

172884.jpg


Јавен обвинител ќе утврдува дали обвинувањата на винаријата „Повардарие“ за поранешниот министер за земјоделство Цветков и замениците министри Костадиновски и Делев – се вистинити. Кривичната пријава што менаџментот на винаријата ја поднесе – обвинителството ја прифати.

Според кривичните пријави екс министерската тројка се терети за притисоци и злоупотреби на службената положба, лани во предизборието кога од „Повардарие“ побарале место да го плати долгот кон Царина да откупи поголема количина грозје. За возврат на винарницата и било ветено итна исплата на субвенции, и изземање од стечајна постапка. Пријавените функционери ги отфрлаат обвинувањата, сепак обвинителство ќе ги истражува.

„Основното јавно обвинителство - Скопје на 25.08 2017 година ја прими кривичната пријава и истата ќе биде дадена на работа на јавен обвинител“, велат за ТВ 24 од Основното јавното обвинителство.

Освен за оваа министерска тројка, Повардарие, поднело и крвични пријави и за поранешните директори на Царина и на Централен регистар, како и за стечајниот управител кој бил назначен во Повардарие, за кои тврди дека ја злоупотребиле својата службена должност со тоа што Повардарие намерно го однеле во стечајна постапка.

„Пријавената како овластено лице-Директор на доверителот Царинска управа искористувајќо ја својата положба , покренала постапка за отворање на стечај спрема подносителот, а при тоа имала на располагање други средства, (како активирање на хипотека, блокирање на сметка на подносителот и др.), велат од винаријата.

Во пријавата за екс директорот на Центарелен регистар пак стои дека донел противзаконско решение и не одобрил промена на податок во Центрлниот регистар, по што против извршниот директор на Повардарие биле поведени кривични постапки.

Повардарие до денеска ги нема добиено субвенциите кои и следуваат по закон, а за да избегне стечај била принудена да го плати и долгот кон царина. Но, субвенциите, винаријата неможе да ги добие ниту сега, бидејќи надлежните веќе ја избришале од регистарот на винарии.

„За реколтата 2016 немаат право на субвенција, бидејќи една основна причина која што е и основен услов за да може една винарница да добие субвенции во вакви интервентни мерки како што е оваа е да бидат во списокот односно регистарот за вино“, вели Никола Бабовски, директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Повардарие во моментот работи, но не откупува грозје од лозарите бидејќи нема лиценца.


Ирена Смиљанска
 
мактел пишува дека од денес саше мијалков ке му ја мислел,изгледа пуцко бил машата . од кадеме му е информација само тоа незнам.

Те молам немој да се навредиш, но треба или да ти фали нешто во главата, или да си наивна будала за воопшто да ја сфаќаш како веродостојна било која глупост која дошла од кујната на Саше Паралитико Ивановски.

Извини ако се чувствуваш навреден, воопшто не ми е целта да те навредувам, но Саше Паралитико Ивановски е извор на чист идиотизам, а не на веродостојни информации.
 
40% од фирмите што ги навел мактел се точни тие се водат на името на неговиот син, не верувам дека идиот има рандом статистичка веројатност да погоди скоро пола од едно цело. има во приказната и други елементи точни и неточни прашањето е од каде му се точните податоци осен ако некој му ги нема дадени.
 
40% од фирмите што ги навел мактел се точни тие се водат на името на неговиот син, не верувам дека идиот има рандом статистичка веројатност да погоди скоро пола од едно цело. има во приказната и други елементи точни и неточни прашањето е од каде му се точните податоци осен ако некој му ги нема дадени.

Секоја лага содржи одреден процент вистина, тоа не може да се негира.

Ова не значи дека Саше Паралитико Ивановски свесно и намерно објавува невистини, но по професија е циркузант и мора да најде нешто со што ќе ја привлече публиката, или во спротивно циркускиот шатор ќе му биде празен.

Но самиот факт дека за прелистување на содржините на Интернет порталот на Саше Паралитико Ивановски потребно е плаќање на претплата, говори колку малку посетители има неговиот веб сајт, бидејќи во спротивно би имал задоволителни приходи од рекламите на веб сајтот.
 
Decki so se zamarate so Mk berza zaso ne si kupite bitkoins. :D
 
Немаме вишок пари за фрлање. :свиркам:
Искрено незнам зашто не дебатирате повеќе на таа тема или ве плаши варијабилноста. Мислам дека е смешно да разговарате за Мк кога има многу поатрактивни решенија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom