Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Најверојатно Тирион и кажа на Серси дека Денерис го изгуби едниот змеј па затоа оваа си рече нека идат тие први жртви па кога ќе стигне Најткинг ќе го поткупиме со злато :D

Него зошто откривањето на најголемата тајна (не дека беше некоја тајна) ја направија толку ала телевиса презента?
Алехандро ту тиа ес ту вердадера мадре :cautious:
Кастот за Регар многу лош, а требаше да биде некој лепотан како Хит Леџер (нели по Регар сите попаѓале кога ќе поминел) :facepalm:

Каква неславна смрт за Литлфингр, значи ете толку требало да се скине најголемиот сплеткар.

Сега уште останува следната сезона Дени да остане трудна :ROFLMAO:
 
Регар го прикажаа и претходно во истата визија.
 
Преобразениот змеј на стероиди.

Едноставно не е воопшто фер, а и неславно заврши таа т. н. битка кога Кралот го прободе змејот. Јас секогаш се смешкав на сите тие луѓенца кои и беа непријатели на Денерис, во моментите кога ќе се појавеше со змејот си викав- Овие ги наполниле гаќите стопосто. За така глупо да заврши таква грандиозна застрашувачка појава, со еден убод од копје.
 
Регар цел филм ти прават слика дека е страшен воин, мажиште ала Дрого само со бел тен и сребрена коса и на крај ти го претставуват како.... факин Висерис лиглето.

Задоволен сум од епизодата инаку. Конечно се отворија картите, официјално Џон е Таргариен, ја клецна тетка му, на Џејми глупиот конечно му ги отворија очите. Видовме зошто мртвите толку време им оставаа на живите да се шетаат по Вестерос. Чао Питер Бејлиш.
Можеше да биде и подобро, на пример и Џон и Дени да дознаат дека овој е Таргариен.

Следна сезона очекувам Џејми да им се придружи а можеби и да си ги разменат страните со Тирион.
Очекувам Дени да е бремена од Џон за да имаат причина да преминат преку тоа дека се тетка и внук бидејќи иако Таргариенс се познати по тоа што се земале иста крв сепак Џон е и пола Старк и растел по нивните принципи.
 
Кастот за Регар многу лош, а требаше да биде некој лепотан како Хит Леџер (нели по Регар сите попаѓале кога ќе поминел) :facepalm:

Мене малце на ружен Viserys ми личеше.
 
Мене малце на ружен Viserys ми личеше.

Прво помислив дека е истиот глумец, но и веродстојно е сепак да личат..
Еве го типот иначе
20170828_131638.png

А и кастингот за Лијана од минатата сезона разочара, воопшто не личи на северњачка..

Што се однесува до Џон сметам дека кога ќе открие дека е Таргариен ќе биде против продолжувањето на инцестоидната врска - because Starks :D
 
Супер беше епизодава бе иако сезонава скоро да беше расипана од спојлери.
Не знам само Џејми кај тргна сам, барем и Брон да тргнеше со него. Серси со тој лудакот заебаа работа, во право беше Џејми, некој ќе победи од војната и после наебале, какви платеници од Есос какви глупости. Сепак крајот мислам дека ќе е како во визијата на Даенерис во 3 сезона мислам беше, зошто иначе би имала таква визија.
Друга работа, Јурон праша дали можеле да пливаат мртвите, Џон му кажа дека не, а Тормунд во 6та епизода двајца мртви го влечеа во вода.
Ама затоа крајот беше најјак, колку само е подобар змејов со плав оган. Очекувам да видиме некој дуел змеј против змеј, како што имало порано.

2019 у пичку матер, 2 години кој ќе чека.
Преобразениот змеј на стероиди.

Едноставно не е воопшто фер, а и неславно заврши таа т. н. битка кога Кралот го прободе змејот. Јас секогаш се смешкав на сите тие луѓенца кои и беа непријатели на Денерис, во моментите кога ќе се појавеше со змејот си викав- Овие ги наполниле гаќите стопосто. За така глупо да заврши таква грандиозна застрашувачка појава, со еден убод од копје.
Магично копје кое уништува мечеви, затоа одма умре змејот.
 
Каква сцена беше првата ауу, речиси сите битни ликови конечно на едно место, сите се мразат меѓу себе. Толку тензија во еден простор, но сите останаа со отворена уста пред вистинското зло. Нормално, не верувам некој да очекуваше дека Серсеи ќе се согласи на примирјето. Како што има потенцирано самата доста пати, секогаш ќе гледа само за себе и својата фамилија, никој друг не и е битен. На Џејми конечно му дојде преку глава, исто нешто што се очекуваше. Али ќе беше многу појако стварно да го убие :D

Интересна е теоријата за Тирион, ама толку многу се мразат со Серсеи, што не верувам дека некогаш би успеале да најдат заеднички јазик, колку и да збори она дека и е најбитна фамилијата. А до сега ваљда и сакаа неколку пати да ни покажат дека и он е заљубен во Дени, па затоа и го видовме како гледа кон собата.

Литлфингер конечно го доби тоа што го заслужува. Сите што се жалат за ова - :pos:. Најголемиот сплеткар, ама конечно дојде Бран, кој може да види кои му се намерите и што се има направено и предизвикано. Се жалевте претходните епизоди дека го немало да интервенира кога требаше, па ете ви го. Прстето се покажа во вистинското светло. Кукавица на кој му е гајле само за себе и одма штом се најде за прв пат во безизлезна ситуација, си го покажа вистинското лице и почна да моли.

Сознанието за вистинското потекло на Џон во серијата (затоа што поголемиот дел од гледачите веќе знаевме) мораше да се направи така директно, и баш добро го имаа реализирано. Со Бран како наратор, со секвенци од минатото, и Џон и Дени заедно во кревет. Голем удел би требало да има оваа информација, и ќе биде ептен интересно да се види како ќе реагираат двајцата кога ќе дознаат. Џон е законскиот наследник на тронот, а не Дени. А тоа е единствената мисла која ја води низ серијата, уште од самиот почеток.

Најт Кинг и армијата конечно го поминаа ѕидот. Ете видовме и зошто чекаше до сега. Не му ги знаеме сите моќи, ама верувам дека е нешто како Бран и знае за се што се случува на југ. Многу моќен крај во секој случај, кој ни го покажа тоа што толку долго го чекавме.

Уште само една сезона остана од серијава. Нема да има премногу време за политики и стратегии, ќе мора сите брзо да се посветат на главниот противник. Моментално не гледам како би успеале да му се приближат и да го убијат, па ќе биде интересно да се види. Вака очекувам смртта да победи.

Уште еднаш, жал ми е за секој кој ја гледа серијава со цел да најде нови причини за да си го уништи задоволството.

tumblr_inline_ovdnpfFZsO1qk7eum_500.gif
 
#epicsexscene, стварно? (n)
Мислам, покажаа и колку и двајцата ги бива за глумење. За милион од епизода очекувам бар цицките на Емилија и мандалото на Кит да се види. Ништо од тоа.
Очобол.

Од цело финале, фацата на Бејлиш кога го зафркнаа, и последните 5 минути.

Не е грд Регар, иако профилот не му е баш најнај. Али далеку од грд е.
 
Абе Мормонт сиротиот пак остана со таквото во раце, ги убедуваше да не пловат заедно и кога оваа рече заедно ќе пловиме му се стемни. Сега кога ќе дознае дека се плеснале ќе се убие. :pos:
 
Џон : Можат да се убијат со оган.. а исто така и со драгонслас(демонстрира)
Ова ко на некоја презентација да беа хахах

Туку мене не ми е јасно, нели Бран знае се? Како тоа Сем требаше да му каже за бракот меѓу Регар и Лиана? Нели он гледа се знае се?
Иначе ми се исполни желбата Регар да го прикажат, ама кастингот ужас. Вајсерис пропо.

Крајот со змејот аууууу:cuc:
 
#epicsexscene, стварно? (n)
Мислам, покажаа и колку и двајцата ги бива за глумење. За милион од епизода очекувам бар цицките на Емилија и мандалото на Кит да се види. Ништо од тоа.
Очобол.

Од цело финале, фацата на Бејлиш кога го зафркнаа, и последните 5 минути.

Не е грд Регар, иако профилот не му е баш најнај. Али далеку од грд е.
Си има кажано актерката дека нема да се соблече веќе во серијата. Последен пат беше кога ги запали тие во кампот и толку.
 
Си има кажано актерката дека нема да се соблече веќе во серијата. Последен пат беше кога ги запали тие во кампот и толку.

Тоа е, сега ни милион не вреди за цицките да се покажат. И тоа во секс сцена. Може облечени требаше да се, нозете и се видоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom