Каква сцена беше првата ауу, речиси сите битни ликови конечно на едно место, сите се мразат меѓу себе. Толку тензија во еден простор, но сите останаа со отворена уста пред вистинското зло. Нормално, не верувам некој да очекуваше дека Серсеи ќе се согласи на примирјето. Како што има потенцирано самата доста пати, секогаш ќе гледа само за себе и својата фамилија, никој друг не и е битен. На Џејми конечно му дојде преку глава, исто нешто што се очекуваше. Али ќе беше многу појако стварно да го убие
Интересна е теоријата за Тирион, ама толку многу се мразат со Серсеи, што не верувам дека некогаш би успеале да најдат заеднички јазик, колку и да збори она дека и е најбитна фамилијата. А до сега ваљда и сакаа неколку пати да ни покажат дека и он е заљубен во Дени, па затоа и го видовме како гледа кон собата.
Литлфингер конечно го доби тоа што го заслужува. Сите што се жалат за ова -
. Најголемиот сплеткар, ама конечно дојде Бран, кој може да види кои му се намерите и што се има направено и предизвикано. Се жалевте претходните епизоди дека го немало да интервенира кога требаше, па ете ви го. Прстето се покажа во вистинското светло. Кукавица на кој му е гајле само за себе и одма штом се најде за прв пат во безизлезна ситуација, си го покажа вистинското лице и почна да моли.
Сознанието за вистинското потекло на Џон во серијата (затоа што поголемиот дел од гледачите веќе знаевме) мораше да се направи така директно, и баш добро го имаа реализирано. Со Бран како наратор, со секвенци од минатото, и Џон и Дени заедно во кревет. Голем удел би требало да има оваа информација, и ќе биде ептен интересно да се види како ќе реагираат двајцата кога ќе дознаат. Џон е законскиот наследник на тронот, а не Дени. А тоа е единствената мисла која ја води низ серијата, уште од самиот почеток.
Најт Кинг и армијата конечно го поминаа ѕидот. Ете видовме и зошто чекаше до сега. Не му ги знаеме сите моќи, ама верувам дека е нешто како Бран и знае за се што се случува на југ. Многу моќен крај во секој случај, кој ни го покажа тоа што толку долго го чекавме.
Уште само една сезона остана од серијава. Нема да има премногу време за политики и стратегии, ќе мора сите брзо да се посветат на главниот противник. Моментално не гледам како би успеале да му се приближат и да го убијат, па ќе биде интересно да се види. Вака очекувам смртта да победи.
Уште еднаш, жал ми е за секој кој ја гледа серијава со цел да најде нови причини за да си го уништи задоволството.