горе гледам дека прашувате зошто и како се угаси mojnovac по мене добар форум беше, се додека не го најдов овој овде, бидејки mojnovac имаше и странци(највеќе хрвати) и тие знаеја понекогаш да донесат некоја информација плус. mojnovac се угаси во времето кога пропадна agrokor(наводно морале да го затворат од причини да не се шири поголем хаос, така барем мене ми рекоа.)(од него и ден денес има голем потрес и хрватската, па индиректно и нашата берза, многу хрвати лично доста улагаа во нашата берза, плус разни фондови ...(по мене највеќе од словенија и хрватска), и по мене тие фондовите највеќе ја движат цената нагоре-надоле).
Инаку што се однесува до мене лично немам купено акции многу одамна,инаку тргувам од самиот почеток на берзата, па така последната трансакција ми беше некаде 2010 со тутунска, покасно парите ги влужував на друго место ...., ама иако гледам дека сум закаснил многу(tnb отиде од 1800 на 13000, ohb од 1000 do 6000, кмб од 1700 do 2850, still имаше исто пад од 1200 на 500, сега е 140 ....) имам нешто на ум пак, значи пак сум на ум да вложувам...
Да убаво кажавте фалат некои луѓе од mojnovac lola беше таму нешто како admin, jumbo, profesor Josef, ајде ако се сети некој на некој друг нека допише, којзнае може сурфајки ќе го забележат овој форум.
Инаку за тие што сега почнуваат има неколку сајтови кои се убави за пратење, иако моментално има update на дневна основа :
https://www.hrportfolio.hr/burza/mse-makedonska-burza
и
http://www.teletrader.com и се бара акцијата која е од интерес(на пример за телеком -
Makedonski Telekom Skopje).