Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
https://kajgana.com/makedonska-poshta-vovede-sistem-za-sledenje-pratki-od-internet-narachki

http://www.posta.com.mk/следење-на-обичните-пратки-од-интерне/

Дали ви влева надеж ова дека ќе се смени не што со губењето/крадењето на пратките или е само замачкување очи?

Не ми е јасен делот со баркодот. Како ќе го знаеме баркодот за обични пратки што се без број за пратење? Не постои порачка во која продавачот ви испраќа баркодови или било која друга информација од поштенската налепница на пратката.
 
Последно уредено:

Ова има потенцијал да ги реши најголемите проблеми со Македонски пошти кои настануваат со пратките под услов пратките да не шетаат многу од рака на рака и лицето што ќе ги внесува бројот на пратките во системот на Македонски пошти чесно и одговорно да си врши работата. Ако делат со поштарот 50-50 ништо не правиме :)

Друже внесуваш број на пратка и ти доделуваат нивни тракинг број како што јас го разбирам
 
Последно уредено:
па тоа следењето на пратки и претходно го имаше и функционираше само откако ќе влезеше пратката во државава
 
Неколку пати прашував ама никој не ми одговори па си нарачав сам некои суплименти од iherb.com и еве да споделам искуство дека ми стигнаа за 2-3 недели и во нашава пошта поминав без проблем.
 
Од пред една недела и обичните пратки се водат како препорачани од кога ќе влезат во Македонија, во Пошта 2, така што нивно губење кај нас во Македонија повеќе не е можно.
 
Пред неколку дена нарачав дрес од една кинеска страна но селерот ми рече дека Македонија била на црната листа и не праќале кај нас и му реков да ми ја откаже нарачката и да ми ги врати парите.На НЛБ Клик 4-5 дена парите беа на резервирани средтсва па од вчера ми се одземени а селерот рече дека ми ги вратил.За колку дена се враќаат парите на сметката откако ќе ми ја откаже нарачката?
 
за 3-4 дена би требало да се појават на сметката
 
Ова има потенцијал да ги реши најголемите проблеми со Македонски пошти кои настануваат со пратките под услов пратките да не шетаат многу од рака на рака и лицето што ќе ги внесува бројот на пратките во системот на Македонски пошти чесно и одговорно да си врши работата. Ако делат со поштарот 50-50 ништо не правиме :)

Да се надеваме дека ќе ги реши. Но сепак мислам дека и на ова можат да најдат начин како да крадат. Нема воопшто да ја регистрира пратката, ќе си ја пикне в џеб и повторно завршува во црна дупка како и до сега. Што би гарантирало дека тој што ќе го внесува бројот на пратките ќе биде чесен, кога знаеме каква багра работи таму?

Друже внесуваш број на пратка и ти доделуваат нивни тракинг број како што јас го разбирам

Ова перфектно го сфаќам. Но прашањето е како ќе го знаеме бројот на порачката? На пример порачуваш нешто од иБеј, имаш број на порачка (order no.), а број за пратење (tracking no.) немаш, бидејќи се работи за обична пратка. Дали тој истиот order no. или било кое друго бројче од самата онлајн порачка ќе го има на поштенската налепница, како баркод или сл. со што би можеле да извршиме проверка на страната на поштата?

па тоа следењето на пратки и претходно го имаше и функционираше само откако ќе влезеше пратката во државава

Точно, но тоа беше за порачки со број за пратење (tracking number). Ова се однесува на обичните пратки кои што немаат број за пратење. Македонска пошта, на обичните пратки на своја рака ќе им става бројчиња за пратење кога ќе стигнат во Македонија, за да може и нив да им се прати трагата на движење, а со цел да го решат проблемот со губење (читај крадење) на пратките и демек елиминирање на обвинувањата за губење на пратките. Дали ќе има ефект, останува да видиме.
 
Ова перфектно го сфаќам. Но прашањето е како ќе го знаеме бројот на порачката? На пример порачуваш нешто од иБеј, имаш број на порачка (order no.), а број за пратење (tracking no.) немаш, бидејќи се работи за обична пратка. Дали тој истиот order no. или било кое друго бројче од самата онлајн порачка ќе го има на поштенската налепница, како баркод или сл. со што би можеле да извршиме проверка на страната на поштата?
Од она јас како си го сфаќам, се она што личи на број на нарачка на самата пратка или ''тракинг'' број без R напред ќе се внесува во нивниот систем и така ќе го бараме. Како што се гледа од сликите овде. Очекувам дека ќе има забуни и дека пратки ќе стигаат и покрај тоа што не можеме да ги најдеме кај нив во систем ама е голем чекор напред.
така што нивно губење кај нас во Македонија повеќе не е можно.
Ми се допаѓа твојот оптимизам ама дека губење на пратките нема да биде веќе возможно е преамбициозна изјава. Дали истотака веруваш дека јавна администрација од сега 100% ќе си ја врши работата и корисникот (а не Solitaire) ќе биде на прво место?
Пак ќе нагласам, ова е голем чекор напрад и има потенцијал да ги реши најголемите проблеми на македонски пошти ама да го видиме новиот систем на дело пред да донесуваме заклучоци.
Селерот ми рече дека Македонија била на црната листа и не праќале кај нас
Токму ова е најголемиот проблем, кој се надевам дека новиот систем ќе го реши. Кога ќе се изгуби пратка продавачот може да побара истрага од поштата каде е пратката. Ако на 100 истраги резултатот е стискање раменици, никој не е луд да се замара со месеци за ефтини пратки.

Барав на алиекспрес батерија за мојот телефон од селери кој продаваат само батерии. Бидејќи е постар телефон, немам многу избор на продавачи и сите батеријата од 10 долари ја праќаа само со DHL и шипинг од $140. Им пишав да ми дадат опција со тракинг број ќе си платам плус 5 долари ако треба. Бев одбиен со образложение: гнаса народ сте неќам да се замарам со Вас, само убаво кажано
 
Од она јас како си го сфаќам, се она што личи на број на нарачка на самата пратка или ''тракинг'' број без R напред ќе се внесува во нивниот систем и така ќе го бараме. Како што се гледа од сликите овде. Очекувам дека ќе има забуни и дека пратки ќе стигаат и покрај тоа што не можеме да ги најдеме кај нив во систем ама е голем чекор напред.

Денес само што ми стигна пратка од Асос. Системот функционира, но како што и очекував, го има проблемот за кој што зборував. Еве за што се работи:

На веб-страницата на Асос имаш број на порачка - order no. Еве исечок од мојата порачка од самата страница:

ztBxGlV.jpg

Кога ќе кликниш на TRACK ORDER, ти излегува ова:

e8MK6yB.jpg

Бројче за пратење нема. Се работи за обична пратка.

Ова е поштенската налепница од пратката што ми стигна:

XnJcc4u.jpg

Како што и најави Македонска пошта, на овие пратки им лепи налепница со нивен баркод со број за пратење (тоа што е најгоре). Под тоа се наоѓа бројот на порачката од Асос, а па најдолу се наоѓа баркодот од поштенската налепница од Асос.

Е сега тука настанува проблемот. Мак. пошта го зема тој број од баркодот најдолу и со тој број можете да ја барате пратката на страницата на поштата. Но тој број, ние како нарачател го немаме никаде во порачката на самата страница и немаме увид во него сѐ дури не стигне пратката. А пак со бројот на порачката не можете да барате.

Еве екран од системот на поштата:

x2JzDEl.jpg

Значи кога ќе го внесам бројот на баркодот од поштенската налепница, тогаш излегува резултат со бројот за пратење од мак. пошта... супер, одлично, тоа си функционира.

Но кога ќе го внесам бројот на порачката од Асос, тогаш нема никаков резултат:

iyoi1cN.jpg

Значи, хипотетичка ситуација:

1. Имаме порачано обична пратка, без број за пратење.
2. Пратката не е стигната (касни, изгубена, украдена).
3. Сакаме да провериме што се случува.
4. Нема начин како. Го немаме бројот од баркодот на поштенската налепница.

Мислам дека сега се разбираме. :)
 
Последно уредено:
Значи пиши пропало. Уште еден глупав проект, толку мислат таму во пошти. Како ќе следиш пратка кога немаш број за следење.
 
Значи пиши пропало. Уште еден глупав проект, толку мислат таму во пошти. Како ќе следиш пратка кога немаш број за следење.

Како и многу други работ кај нас. Не е добро осмислено и не се земени предвид различни ситуации. Тие ја зеле како пример Алиекспрес, демек еве таму стои некое бројче, пишува нешто tracking, истото тоа бројче го има на налепницата, и ете нарачателот може да си провери. Но има милјарда различни страници, не е само Алиекспрес. На секоја има различни бројки, различни начини на бележење на пратките.

Но без разлика на тоа, не би го нарекол глупав и пропаднат проект. Сепак е многу позитивна промена. Има огромна разлика сега со тоа што се пратат и обичните пратки, и следствено на тоа, мислам дека ќе има резултат и во намалување на изгубените/украдените пратки. Но дефинитивно ќе треба да се корегираат ваквите бесмислени пропусти.
 
Последно уредено:
Не знам како работи ова тракингот на македонски пошти, али пробувам со тракинг бројчето шо го имам и не ми дава никаков резултат на сајтот, а на 17track ми пишува дека вчера е стигната пратката во Скопје :icon_lol: И кој лаже сеа? хахах
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom