Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Признавам,направив намерно грешка .... Спојлеров тоес сценариото за седма е насекаде низ нет,темната страна на Вори превладеа ..... Реков,поштено е ако примам привремен бан ,сепак тзи това е дуплета од куплета ....;):)Кул ?!
Ако е точно дека и во Драга Кајгана си ставил спојлер не се работи баш за грешка.
 
Абе види ако бараш логика во секоја серија тогаш ниедна серија нема да ти се допадне. Што демек другине серии сите се направени перфектно?
.

Па самата Гејм оф Тронс беше перфектна серија. До тогаш сите замерки од „книгочитачите“ беа глупости, од типот зошто Станис е претставен вака лошо, зошто Беристан Селми го убија и зошто Сем и Гили имаат глупи сцени. Во ГоТ имаше логика и таа ја имаше до ненормлано високо ниво, додека не тргна удолу со брзината на гавранот кој го пратија до Даенерис епизодава.
 
Defend this
20799436_858304141002801_1254950929092111304_n.jpg
 
Признавам,направив намерно грешка .... Спојлеров тоес сценариото за седма е насекаде низ нет,темната страна на Вори превладеа ..... Реков,поштено е ако примам привремен бан ,сепак тзи това е дуплета од куплета ....;):)Кул ?!

А тоа во ДК од некни со Клегејн и камчето? И тоа ли беше, пази, намерна грешка?
Перманентен бре и за тебе.
 
Чекај,чекај,забегавте ....Во Дк стаив слика од момент,сега сме заебани и еве ви ја оргиналната моја слика ....Каде бе издава цела епизода,муабети веќе вртевте на тема во меѓувреме ....


Screenshot_7.png

Второ,гифче со имитација на Покемон кој го тролат Клегејн,е смешно да обвиниш ...искрено ....
 
Чекај,чекај,забегавте ....Во Дк стаив слика од момент,сега сме заебани и еве ви ја оргиналната моја слика


Прегледај го приврзокот 175902

Второ,гифче со имитација на Покемон кој го тролат Клегејн,е смешно да обвиниш ...искрено ....
Смешно е што уште постираш само ајде... Мозок со инка не се става.
 
Чекај,чекај,забегавте ....Во Дк стаив слика од момент,сега сме заебани и еве ви ја оргиналната моја слика ....Каде бе издава цела епизода,муабети веќе вртевте на тема во меѓувреме ....


Прегледај го приврзокот 175902

Второ,гифче со имитација на Покемон кој го тролат Клегејн,е смешно да обвиниш ...искрено ....

Епа гифчето покажува дел од епизодата, па сега види ти.
Твоето е објавено во средата вечер во ДК, а темава дури вчера беше отворена за муабет. И ти се губиш во транспортот изгледа.
 

Ова лесно се брани и јас како хејтер на Dumb and Dumber ќе го одбранам.

Се објаснува едноставно, Вајт Вокерите немаат причина/не им се иде до ѕидот/немаат причина за тоа. Чекале 80 века за да се „појават“ на видно поле, зошто сеа за една година одма да нападнат? Можеби тоа им е тактика, можеби воопшто не ни сакаат да нападнат.

Всушност, ние никаде ни во канонот ни во шоуто не ги видовме нив како агресори. Повеќе си ја бранеа територијата во The Lands of always Winter. Нападите ги правеа најчесто преку whights. Се сеќавате, они ни дури wildlings беа на другата страна од ѕидот, немаа многу напади. Затоа нема тежина барањево зошто они седат таму постојано и не напаѓаат навака.

Значи, сумирано, Вајт Вокерите воопшто не треба да се земаат у овие „проблеми со тајмлајнот“.

Проблемите се во движењата на ликовите долу во Вестерос. Таму се исподесија најголемите глупости. Ова со биткава во последнава епизода беше шлагерот и мислам дека треба да си ептен нетокму или инает да го одбраниш тоа.

Прикажуваат како стигаат некаде далеку зад ѕидот, па започнува борбата, па му вика на Гендри оди да пратиш гавран.

Не само што издржуваат опколени во сред езеро/река со вајтс додека Гендри стигне, туку стојат таму и дури ГАВРАНОТ стигне од ѕидот до Драгонстоун. Нит мрзнат, нит гладуваат, ништо. Чекаат дури факинг гавран патува низ пола континент, ко да е брз ко змеј.

За тоа време Најт Кинг ги чека и не ги напаѓа, пошто и он е од душбезите кои го имаат прочитано ликнатото сценарио, па знае дека Даниела ќе дојде со змејовите и дека ќе може да го писвои Висерион.

Но да беше само тајмлајнот проблем, тоа ќе беше речиси ништо. Проблемот е што има уште многу големи проблеми во серијата. Насилно форсирање работи во приод на движењето на плотот ко ненормално идиотсков „сукоб“ меѓу Санса и Арја...
 
јас па мислам дека white walkers фактички чекаат да зајача зимата, значи она the long night, колку што забележав уште не е стегнат мразот па и реките не почнале да мрзнат , најверојатно ќе се движат сразмерно со самата клима затоа му оди споро, е сега во најлоша зима во stormlands,reach и dorne ќе биде значително поблаго и најверојатно нема ни да се шират до долу.

директно од УХМР Хурин Хуриновски :D
 
Чекај,чекај,забегавте ....Во Дк стаив слика од момент,сега сме заебани и еве ви ја оргиналната моја слика ....Каде бе издава цела епизода,муабети веќе вртевте на тема во меѓувреме ....


Прегледај го приврзокот 175902

Второ,гифче со имитација на Покемон кој го тролат Клегејн,е смешно да обвиниш ...искрено ....
Ти мајсторе треба да бидеш перманентно баниран. Како прво не се обидувај да се одбраниш затоа што не можеш, како второ сликата што ја стави сега и со која се правдаш ти ја стави ПРЕД да излезе епизодата, исто и гифот го стави ПРЕД да се отвори темава, како трето дај престани да ставаш спојлери.
Боже каков народ има пристап до нет, ако ти си љубител на спојлери тоа е твој проблем. Па дури смешно му било на мангупот, можам да претпоставам како читаш книги, го читаш крајот како завршува и после си почнуваш од почеток.
 
јас па мислам дека white walkers фактички чекаат да зајача зимата, значи она the long night, колку што забележав уште не е стегнат мразот па и реките не почнале да мрзнат , најверојатно ќе се движат сразмерно со самата клима затоа му оди споро, е сега во најлоша зима во stormlands,reach и dorne ќе биде значително поблаго и најверојатно нема ни да се шират до долу.

директно од УМХР Хурин Хуриновски :D

Јас искрено никад не ни сакам/сакав да се заврши приказната со целосно разоткривање на мистеријата околу WW.

бтв, овој да не е Вори?

Capture.JPG

Кој и да е, ваквите би му ги давал на Ремзи да ги дере живи. Најдебилниот тип на луѓе, мислат дека се мадафакери затоа што прочитале ликнато сценарио. Упорно потенцира уште. :facepalm:
 
Никој друг не знаел, дури ни Џон не знаеше дека постојат бели мечки.

:facepalm::facepalm::facepalm:

Што е битно Џон дали знаел или не знаел факинг бели мечки?

Што е битно (и за гледачите и за карактерите) дали постојат зомби мечки ако веќе има зомби коњи? Како што реков, се подразбира да се очекува зомби животни со самото тоа што Вокерите јаваат полураспаднати коњи, не знам зошто упорно пробуваш да ја оправдаш глупата сцена.
 
Јас искрено никад не ни сакам/сакав да се заврши приказната со целосно разоткривање на мистеријата околу WW.

бтв, овој да не е Вори?

Прегледај го приврзокот 175905

Кој и да е, ваквите би му ги давал на Ремзи да ги дере живи. Најдебилниот тип на луѓе, мислат дека се мадафакери затоа што прочитале ликнато сценарио. Упорно потенцира уште. :facepalm:
овај ко да работи на улица и дила спојлери :pos:
 
Како што приметив овие мртвиве се контролирани од ВВ. Мене не ми е јасно како кога го убија шетачот сите мртви им падна серверот и се изгубија а овој што го фатија беше уште "жив".
Втора работа мислам дека требаше да добиеме објаснување ако не и поголема приказна за тоа како опстојува Бенџен толку долго позади ѕидот. Ова не би требало да остане само на тоа дека се шета по мразов и ровари по мртвиве чат пат. Според мене сам не би можел да успее да опстане толку долго.
Следна работа што ми е необјаснета после оваа епизода е создавањето ВВ. Како можеш да станеш ВВ? Те допира со прст Дарк Кнајт и ти си ВВ според тоа што го видовме со бебето на Крастер (татко и на Гили)? Нелогично ми е затоа што змајов требаше да биде допрен за да стане дел од шетачиве а не како другиве мртви од хардхоум за кои доволно беше да подигне раце најт книг.
За тоа зашто веќе не се позади ѕидот сигурно ќр добиеме објаснување затоа што очигледно е дека има некоја пречка. За причината зошто се наапани и за тоа ќе добиеме објаснување ама ГОТ е ГОТ затоа што се објаснуваа сите детали а сега се иде на холивуд сценарио. Нејсе ќе биде најгледано шоу ама според мене се заебаа што не истераа 10 сезони.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Па самата Гејм оф Тронс беше перфектна серија. До тогаш сите замерки од „книгочитачите“ беа глупости, од типот зошто Станис е претставен вака лошо, зошто Беристан Селми го убија и зошто Сем и Гили имаат глупи сцени. Во ГоТ имаше логика и таа ја имаше до ненормлано високо ниво, додека не тргна удолу со брзината на гавранот кој го пратија до Даенерис епизодава.
Епа ај да чекаме ако не две епизоди додека стигне гавранот па уште епизода додека се спремат змејовите. Значи не пробувам да го оправдам тоа туку зборот ми е дека бидејќи се брза за да се заврши со серијата затоа се прават такви работи и не е толку страшно барем за мене, затоа реков дека доколку за такви работи се буниме, нема да уживаме во серијата како што треба. Зборам само за патувањето на ликовите.
:facepalm::facepalm::facepalm:

Што е битно Џон дали знаел или не знаел факинг бели мечки?

Што е битно (и за гледачите и за карактерите) дали постојат зомби мечки ако веќе има зомби коњи? Како што реков, се подразбира да се очекува зомби животни со самото тоа што Вокерите јаваат полураспаднати коњи, не знам зошто упорно пробуваш да ја оправдаш глупата сцена.
Беше јака сцена затоа, мене ми беше.[DOUBLEPOST=1503051852][/DOUBLEPOST]
Како што приметив овие мртвиве се контролирани од ВВ. Мене не ми е јасно како кога го убија шетачот сите мртви им падна серверот и се изгубија а овој што го фатија беше уште "жив".
Втора работа мислам дека требаше да добиеме објаснување ако не и поголема приказна за тоа како опстојува Бенџен толку долго позади ѕидот. Ова не би требало да остане само на тоа дека се шета по мразов и ровари по мртвиве чат пат. Според мене сам не би можел да успее да опстане толку долго.
Следна работа што ми е необјаснета после оваа епизода е создавањето ВВ. Како можеш да станеш ВВ? Те допира со прст Дарк Кнајт и ти си ВВ според тоа што го видовме со бебето на Крастер (татко и на Гили)? Нелогично ми е затоа што змајов требаше да биде допрен за да стане дел од шетачиве а не како другиве мртви од хардхоум за кои доволно беше да подигне раце најт книг.
За тоа зашто веќе не се позади ѕидот сигурно ќр добиеме објаснување затоа што очигледно е дека има некоја пречка. За причината зошто се наапани и за тоа ќе добиеме објаснување ама ГОТ е ГОТ затоа што се објаснуваа сите детали а сега се иде на холивуд сценарио. Нејсе ќе биде најгледано шоу ама според мене се зарваа што не истераа 10 сезони.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Мртвакот што го заробија не бил направен од тој Шетач што беше убиен, затоа.
Допирот на Најт Кинг прави Шетачи, а тој во Хардхоме направи армија на мртваци кои можат да бидат убиени со оган, а Шетачиве само со драгонглас.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom