Стандардни Fake News
Морам да признам дека станува збор за многу поразителна лага, за Македонија. Лажел во врска со изговор на замерка за која не ни требало да одговара, затоа што не е на место.[DOUBLEPOST=1502897821][/DOUBLEPOST]
Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ бараат поддршка на Декларацијата за демократизација
Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика сите членови и симпатизери на партијата да ја поддржат Декларацијата за реформи и демократизација.
Како што соопшти Илија Илиоски од внатрепартиската иницијатива за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција, Декларацијата почива на принципите за рамноправност, слобода на говор и мисла, непосреден избор, тајност во одлучувањето, неспоивост на функции, индивидуална одговорност, личен интегритет, квалитет и внатрепартиска солидарност.
– Сметаме дека овие се принципите кон кои треба да тежнееме во целост и да ги оствариме во рамките на дејствувањето на нашата партија. Сега е моментот да се обединеме, да ѝ помогнеме на ВМРО-ДПМНЕ, да ги вратиме победничкиот дух и правото на членовите непосредно да ги донесуваат одлуките, да ги реформираме работењето и дејствувањето за да однесеме убедлива победа на следните избори – нагласи Илиоски.
Одговарајќи на новинарски прашања, Илиоски потенцира дека РШ воопшто не размислува да дејствува надвор од партијата или за какви било фракции и паралелни листи на претстојните избори за градоначалници. Секој чекор ќе биде во рамките на ВМРО-ДПМНЕ и покрај спротивставените размислувања и ставови на другиот дел од членството.
– Според нашите анализи, над 50 отсто од членството на партијата сметаат дека треба да има реформи и нè поддржуваат – напомена Илиоски.
Декларацијата за реформи и демократизација на 29 јули годинава била доставена до Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но РШ досега нема добиено никаков одговор. Како што рече Илиоски, и Центарот за комуникации на партијата не одговара на нивните предлози, сугестии и барања, вклучувајќи ја и денешната покана на лидерот Никола Груевски да присуствува на прес-конференцијата.