БЕЗ УНИТАРНОСТ, МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ФЕДЕРАЦИЈА
Унитарниот карактер на Македонија одамна е доведен во прашање. Моментално, тој единствено се манифестира преку улогата која ја има македонскиот јазик, кој остана негов единствен столб. Токму затоа е сега тој на удар. Чекор по чекор, од едната страна свесно и плански, а од другата (македонска) без да се сфати суштината, сите други елементи се веќе – елиминирани. Затоа есега целото внимание на Албанците и Американците свртено кон двојазичноста. Таа неизбежно води во федерализација на земјата, за што нема никаква легална основа. Тоа ќе биде држава на два народи кои ќе имаат и право на отцепување. За Македонците тоа ќе биде само формално бидејќи немаат никакви големо државни опции. Албанците, пак, се’ што правеа од распадот на Југославија, преку Илирида, војната од 2001-та, ОРД, “Тиранската платформа“…та се до денес, цело време имаат само една идеа – Голема Албанија. Благодарејќи на САД и тој сон им се остварува. А Вашингтон, како наш голем “стратегиски партнер“, без да трепне ги жртвува Македонците. Амбасадорот Бејли ја руши Македонија и одлично си ја врши работата за која е платен а што “нашите“ му дозволуваат да ни прави ’ршум, не е негов проблем. Во историјата, промената на карактерот на државата секогаш се правел или со војна, како што Албанците со помош на САД ни направија во 2001-та, или со револуција. Ова што сега се обидуваат да го постигнат, повторно со отворен американски ангажман, е нешто невидено во светската политика и дипломатија. Затоа тоа не важи за Унгарците во Романија и Словачка, за Русите во Естонија и Латвија… За Ромите и Турците во Бугарија… По истата логика и Турците во Германија можат да бараат турскиот јазик да биде еднаков со германскиот. Или Арапите во Франција, арапскиот со францускиот… Под диктат на САД, кај нас се прави невиден експеримент на штета на Македонците, и никому ништо. Бродот тоне а ние по поделени од секогаш, ќе се изедеме меѓу себе. Неспорен факт е дека македонизмот не се вклопува во американските планови за Балканот. Затоа не оставија како нешто недоречено, како отворено прашање. Со понижувачкиот договор од Охрид (2001) скоро целосно го избришаа македонскиот карактер на
државата. Сега (2014 – 2017), на груб и нецивилизациски начин ја сменија власта бидејќи не беше спремна да капитулира и да прифати прекрстување. Доведоа послушници кои не даваат ни пет пари за фундаменталните, стратегиските и историските интереси на македонскиот народ. По американски диктат, тие прифатија срамен и навредлив договор со Бугарија и, што е најстрашно, на пат се преку нов закон за албанскиот јазик да го докусурат македонскиот карактер на државата. Ова што сега ни се случува не треба никого да изненадува. Тоа е сценариото кое упорно и неверојатно посветено госпроведуваат САД веќе 25 години. Клучен дел од тоа е прекрстувањето на државата што, во дадениве услови ќе се наметне како логичен и неизбежен чин бидејќи новата федерација во никој случај не може да остане со сегашното име. Со еден мастраф, САД ќе го затворат “Македонското прашање“, кое со векови го мачи Балканот, и ќе го финализираат најголемиот дел од големоалбанскиот проект кој, со независноста на Косово, веќе е со преку 70 проценти завршен. По распадот на Југославија, Албанците се главни американски партнери и сојузници на Балканот кои, за возврат на своите локални услуги, ја добиваат премијата наречена “Голема Албанија“. На ист начин за нивната соработка им се реваншира и Мусолини, за време на Втората светска војна: им го подари големоалбанскиот проект, кој се протегаше до Групчин. Прекројувањето на поранешна Југославија се приближува кон крајот. Сега Македонија е на ред. Прво беше разбиена БиХ, која од унитарна стана федерација (дали истата формула ја применуваат сега и во Македонија?). Потоа, од Србија го отцепија Косово и се создаде втора албанска држава. Спротивно на сите меѓународни постулати, сето тоа беше направено со сила. Беа игнорирани Хелсиншките принципи кои, божем, ги штити ОБСЕ која е активен учесник во злоупотребата на сила, според интересите на САД. Србија го загуби Косово ама, сепак, ја доби Република Српска, што е солидна компензација. Прикаската за БиХ не е завршена и тешко е да се предвиди што ќе следи. Можат да не третираат дури и паралелно – како две не функционални федерации. Слободно може да се заклучи дека сето ова е продолжение на пост-југословенското прекројување на Балканот, според плановитена САД. Албанците ја добиваат главната премија – да живеат сите заедно а Македонците ја губат својата држава. Така се затвора и “Македонското прашање“ што ќе ги неутрализира историските синдроми и аспирации на соседите кон нашиот народ и ова парче земја. Голем хендикеп е што не знаеме, а никој не истражува, зошто македонизмот не е прифатлив за САД? Зошто САД направија се’ за да ги прекрстат Македонците и зошто не успееја? Не е јасно, на пример, кои се крајните планови и замисли на САД за Македонија? Дали, веќе прекрстена, вештачката федерација која ја создаваат ќе ја здржат во истите граници? Како ќе функционира таа? Кои се другите опции на маса? Бројни прашања немаат одговор. Сега се обидуваат да не неутрализираат преку албанското малцинство кое политички го изедначуваат со македонското мнозинство што н емора да даде позитивни резултати а може да создаде хаос. Планот, преку зголемениот наталитет, Албанците со време да станат и најбројни во државата и така целосно да ја преземат, веќе не е реален. Наталитетот им се намали а тие масовно и се иселија и сега се најверојатно под 20 проценти. Затоа не дозволуваат попис. Немаат шанси ни обидите на САД за создавање на некаква политичка нација која би се претопила во – албанска. Може да се тврди дека САД нема да се осмелат физички да ја делат Македонија бидејќи тоа не е возможно без нова балканска војна, пострашна од сите претходни. Сите соседи имаат свои есапии во случај на делба сите тие ќе се активираат. И Србите и Бугарите започнаа да ги острат ножевите. За среќа, стравот ќе го чува лозјетошто е најдобра гаранција за територијалниот интегритет на Македонија. Сите други опции, меѓутоа, се отворени. По распадот на Југославија, во својата основа, политиките на САД на Балканот се длабоко – погрешни. Тие не се свесни дека најголеми проблеми во менаџирањето на регионот ќе имаат со Албанците. Големо албанскиот проект, кој упорно го реализираат, ќе им создаде несовладливи предизвици. Од таму ќе доаѓаат сите безбедносни ризици на Балканот. Албанците се единствени окол унационалното прашање, што импресионира, ама на внатрешно – политички план сите нивни политички лидери, и во Албанија, и на Косово, и во Македонија, се гледаат преку нишан. Тоа се’ повеќе ќе ескалира бидејќи меѓу нив доминираат бескомпромисност, лични и партиски интереси, кои се на штета на државата. Така беше неодамна во Албанија, сега е на Косово (лето, 2017)… Регионалните амбиции на Албанците веќе загрижуваат а со трета албанска држава во Македонија, која е на повидок, тие ќе експлодираат. Албанските општини во Црна Гора и Јужна Србија (или Источно Косово, според албанската терминологија), ама и Чамирија во Грција, неизбежно ќе бидат дел од нивните политички аспирации. Во Грција веќе сигурно има околу 1,5 милион Албанци кои, порано или подоцна, ќе станат и политички фактор. Тамошната албанска мафија остварува огромни приходи, кои лесно можат дасе канализираат на политички план. Опасноста од нови албански агресии, како нашата во 2001-та и косовската од 1999, ќе бидат реална закана. За да го тргнат вниманието од домашните политички конфронтации, тие ќе прават проблеми во регионот. Во новите услови и улогата на САД ќе бледнее. Ем нема толку да им требаат на Албанците, ем интересите ќе им се спротивстават. Голема е можноста ексклузивното партнерство со Албанците скапо да ги чини САД и да им ги изгори прстите. Што порано ја сфатат оваа опасност, тоа подобро за сите. Пред се’ – за нив. Жалосна е улогата на ЕУ во сите овие галиматијаси на Балканот. Целосно под американска политичка и безбедносна контрола, таа како да е од друга планета. Брисел има сопствени причини за прекинувањето на процесот на проширување ама и на Вашингтон не му одговара преостанатите балкански држави бргу да влезат во ЕУ. Прво сакаат да го завршат процесот на нивно внатрешно преуредување по сопствен терк. Посетата на потпретседателот Мајк Пенс на Подгорица целосно го потврди тоа. Состојбите во регионот дијаметрално би се промениле со отворањето на вратите на Унијата. Тоа ем ќе отвори перспективи засите ем ќе гo намали манипулативниот простор на САД. Законот за албанскиот јазик лесно може да биде погубен за Македонија и Македонците. Кога ќе се усвои, назад нема да има. Стекнатите права ќе бидат – неповратни. Двојазичноста е атомска бомба врз Македонија, а МАНУ никаде ги нема. За џабе ги плаќаме. Го отспаа договорот со Бугарија иако ветија дека кога ќе го видат текстот ќе се огласат. И самата таква најава беше целосна будалштина бидејќи тие треба да предупредуваат, да даваат насоки, да упатуваат и ориентираат а не да анализираат нечии шкрабаници.Од каде, пак, тие да знаат зошто албанскиот јазик не треба да биде прв во државава? Под палката на новата власт, по 73 години битисување, полека ама сигурно, современата македонска држава ја пее својата лебедова песна. Стотици илјади животи се дадени за оваа слобода која ја уживаме ама која, очигледно, не знаеме да ја сочуваме. Жалосно е што немаме лидер, државник кој ќе поведе и ќе каже – НЕ! на неправдите на кои сме изложени.