Game of Thrones

Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.613
Поени од реакции
6.415
Сакаш да кажеш - однесувај се како да си ретардиран додека уживаш во серијава?
Па ја отупевте со златото небаре вам ќе ви го дадат. :D[DOUBLEPOST=1502722862][/DOUBLEPOST]
Џора е пичкопатец невиден. Ја сум видел пацери да се испозаљубат и да не можеш за фудбал да ги викнеш една недела после фаќање девојка, али овој е врвот. А оваа дрољава ко што ја дал змејот, му се сука на Сноу пошто го осети невин, ќе падне некој инцест тука ќе искочат некои роднини на крај ќе се смееме.
А што има да се смееме кога се знае дека се тетка и внук и дека Таргариенс и порано се земале браќа со сестри?
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.924
Поени од реакции
50.687
Како Еxpendables тргнаа по мразовите - се мој до моега, уште можда Брон фалеше да се комплетираат најголемите ментиши, ама он си сака на топличко и не се дружи со сељачишта.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.404
Поени од реакции
25.269
Малку беше чудна сцената со Мејстерите, ама океј разбирам дека беше таква за да служи на приказната, но како бе најпаметните луѓе во Вестерос, кои целиот свој живот го поминуваат над книгите, изиграваат мајтап за теми кои постојат во нивните книги откако тие почнале да читаат? Нели долгата зимска ноќ, децата на шумата, ноќниот крал, итн, се мотиви кои постоеле во книгите од почетокот на досега? Не ми е јасен нивниот циничен однос кон тоа, собрани така ми изгледаа како унија на млади сили.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.574
Пак ќе повторам, оваа сезона за разлика од прошлите имаше помалку филер глупави сцени, затоа е и боља од прошлите две.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Малку беше чудна сцената со Мејстерите, ама океј разбирам дека беше таква за да служи на приказната, но како бе најпаметните луѓе во Вестерос, кои целиот свој живот го поминуваат над книгите, изиграваат мајтап за теми кои постојат во нивните книги откако тие почнале да читаат? Нели долгата зимска ноќ, децата на шумата, ноќниот крал, итн, се мотиви кои постоеле во книгите од почетокот на досега? Не ми е јасен нивниот циничен однос кон тоа, собрани така ми изгледаа како унија на млади сили.
Можеби ни самите не сакаат да поверуваат во тоа бидејќи се плашат, па на смеа го вртат.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.807
Поени од реакции
1.712
Лошото овде, е кога не си ги читал книгите, појма немаш од географски локации, историја на Вестерос, и не можеш да ги ставиш во перспектива. Како разни настани поврзани со Ејџ оф Хироес, многу личности, наведени во книгите, кои од разни причини останале недокажани во серијата. Но за среќа Интернетов ни помага околу многу работи, како на пример овој линк http://awoiaf.westeros.org/index.php/Timeline_of_major_events#Dawn_Age со сите настани поврзани со светот на R.R Martin.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.574
Малку беше чудна сцената со Мејстерите, ама океј разбирам дека беше таква за да служи на приказната, но како бе најпаметните луѓе во Вестерос, кои целиот свој живот го поминуваат над книгите, изиграваат мајтап за теми кои постојат во нивните книги откако тие почнале да читаат? Нели долгата зимска ноќ, децата на шумата, ноќниот крал, итн, се мотиви кои постоеле во книгите од почетокот на досега? Не ми е јасен нивниот циничен однос кон тоа, собрани така ми изгледаа како унија на млади сили.
Исто така Данаерис има змајови, видела сенковезец на дело, си имаше работа со немртви магови/ворлоци, али не му веруеше на Џон кој и претставува нешто што веќе некогаш се случило.
 
E

Epsilon

Гостин
Исто така Данаерис има змајови, видела сенковезец на дело, си имаше работа со немртви магови/ворлоци, али не му веруеше на Џон кој и претставува нешто што веќе некогаш се случило.
ben 'd' knee and fight for me.

Se drugo e nebitno, ama izglea go vrta kolenicite Jon i nikako da klekne.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.491
Поени од реакции
5.586
Јас не гледам веќе. Во 55 минути се прошетаа истите ликови секаде. Оној Давос за 10 минути стигна до Кингс Лендинг и се врати, кај е логиката. Поглупа серија никад немало :tapp:
А шо треба,во една епизода да бидат прикажани само случувањата од еден ден? Да чекаме 3 епизоди за гаврани да стигнат кај старците?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Јас не гледам веќе. Во 55 минути се прошетаа истите ликови секаде. Оној Давос за 10 минути стигна до Кингс Лендинг и се врати, кај е логиката. Поглупа серија никад немало :tapp:
Добро, брат, се откажав од цитирање на тебе, ама последен пат.

Зошто го форсирате ова со @RickyLFC9, зошто испаѓате глупи со сила, а не сте?

Кај виде некој да замери за тоа, пребрзо одвивање на настаните?

Знаеш што е за замерка? Џејми испловува безбедно у реката, откако се обиде да ја убие кралицата. Пази, на НИКОМУ не му текнува да оди да ја пребара реката и околината, да фати заложник од огормна вредност, кој би и и помогнал на Даенерис во евентуалните преговори со Церсеи.

Добро, Даниела вика дека не става никого у ќелија, можда и на Џејми ќе му викаше бен д ниии или ќе те запали Дрогон, ама не, така тоа нема да влијае врз заклучукот на приказната, па ај Џејми е ипак, ќе го оставиме Џејми да живее и НЕПРИМЕТЕНО да си замине од бојното поле, после обид за атентат на кралицата...

Исто така, Арја зборува тотален нонсенс, но нема врска пошто и тоа помага при расплетот на приказната, односно некако да ги скараме Арја и Санса и да влезе тука Литлфитс меѓу нив. Немаше потреба од таа сцена меѓу Арја и Санса, можеше комотно да биде само втората кога Арај го прати Литлфингер, дознава за писмото и ТОГАШ и пука филм.

А за крај, дефинитвно најдебилното. Кралот на Северот и Кралицата на (следат 10те титули на Даниела), сакаат да ја убедат Серсеи да им се придружи, односно да „не ја чепка“ Даниела дури овие се борат со Вајт Вокерите. Како да ја убедат, со носење доказ, жив Вајт (ова е најјакиот pun додужа, жив Вајт :D)?

Значи разбираме дека мора приказната да се движи кон конклузија, мора да се тепаат со Вокерите, ама ради волку дебилна причина?

Ќе се обидат да ја убедат лудата кралица која сопствениот брат на која му е i ljubavnica, i sestra i drug, не успеа сто пати до сеа да ја убеди, лудата кралица која и други сто разумни луѓе не ја убедеа, сеа ќе ја убедат овие со носење Вајт дека треба да го допре својот од кон тотална моќ?

Кралот на Северот ќе си го ризикува животот одејќи онаму од каде што едвај спаси жива глава, за да ја убеди најнеубедливата личност дека постои „Арми оф дед“ за да оваа не ја напаѓа Даниела дур она е на северот?

Сериозно? Па ова е во категоријата генијална глупост. И ајде ова да и текнеше на Даниела која е глупа, или па на Џон кој е сеуште наивен за многу нешта, ова е поддржано од Варис, Тирион, Џора и Давос, ликови кои порано беа „гласот на разумот“?

Тоа е брат тоа што го спушти квалитетот. Насилното и нелогичното поврзување настани за да се стигне до крајот на приказната. Значи не е пролем избрзаноста, туку начинот на кој се прави, за да продолжи плтот до својот крај.

Па така тука некако мораше да се склопи све, да се состанат некако сите овие мадафакери во Eastwach и да се крене кон битка. Но, наместо со вакви глупи причини, тоа можеше и едноставно да се деси. Затоа што секако знаеме дека ќе треба да се тепаат со нив кад тад.

Ама џабе ти цртам, ќе ми вратите сеа дека ова е серија со змејови не треба да не чудни ништо (убедливо најглупото оправдање) и „па не глеј ако не ти се свиѓа“.

Нон нема назад. Од ова ништо нема да се опраи, па останува да уживаме во расплетокот, колку може да се ужива. За среќа оваа епизода ваљда беше последната ваква, наредните две ќе гледаме она што во ГоТ сеуште е на ненадминато ниво у телевизијата, акција.

Џон Сноу, еден од најдобрите млади фајтери, крал на Северот.
Берик Дондарион, with his flaming sword.
Торос оф Мир, пијаната будала која оживува луѓе.
Сандор факинг Клигејн!
Тормунд, факерот на мечки.
Гендри, кој ќе биде копија на татко му со воениот чекан.
Џора факинг Мормонт, најдобриот стар фајтер, од овие што останаа.

Каков дрим тим, генерацијата на Мајкл Џордан да позавиди.

Едвај ја чекам наредната епизода.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.383
Поени од реакции
23.213
Моментот кога Џејми рече дека ниедна војска не може да ги победи Дотратки :facepalm::facepalm::facepalm:

Колку се преувеличени тоа е чудо. Доста работи можам да прогледам низ прсти ама Дотраки глупости никако. Дебилите во ралност се едни од најслабите фракции во серијата. Али rule of cool. :toe:

Ова се врти на редит :

Does their plan seem kinda absurd to anyone else?
  • Try and capture a Wight without destroying it
  • Do so while avoiding getting killed by Night King and his army
  • Bring this Wight South to King's Landing
  • Get an audience with Cercei to show her the Wight
  • Magically convince her to sign a truce with Dany and send both their armies to fight the Night King
-> I think that's what might actually happen in the season finale. She would order them to be killed after they get an audience, but no one listens to her except the mountain, the mountain steps forward to kill them but the hound is like 'nah I got this', and there ladies and gentlemen, you have your Cleganebowl.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom