Фан клуб - РК Вардар

Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
Какви и мутни бизниси да се водеа и колку и пари да се испраа преку клубов, сепак јас ќе кажам огромно фала за сите незаборавни моменти, за нерешените со Барса и ПСЖ кога никој не очекуваше такво нешто, за бутањето на тогаш европскиот шампион Хамбург во сред Германија, за најдобрата атмосфера што сум ја почуствувал во мојот живот со Фленсбург, за Јане Сандански како нов дом, за победите над Рајн-Некар и Висла, за навивањето 30-40 минути после поразот од Киелце и секако, за последнава сезона, за најдобриот спортски викенд, за Келн, за Ф4, за европска титула! Вардар бил, и ќе остане најголемо име во македонскиот ракомет, со или без Сергеј. Сепак, фала за незаборавните мигови кои ги доживеавме. Можеше и да биде подобро, пред се од аспект на однос управа-навивачи, односи со јавност и слично, ама тука јас кривица гледам на двете страни, така да тоа е. Да се надеваме дека ќе се најде некој што ќе продолжи со успешнава приказна, бидејки ќе биде греота да се изгуби од европската елита сега веќе еден европски ракометен бренд.
 
P

PewDiePie

Гостин
Мислам дека Мукаетов нема да ја пропушти приликата да си ја исполни желбата да има сопствен јак клуб. Близок е и со новата влада и со Михајло. Жените ќе ги баталат сигурно...
Мукаетов е близок со секоја влада....ама дека ќе финансира олку како Самсоненко дури и да земе дел од вардар,мало сутра.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Барем ќе се реактивираат фановите на Металург :D
25 mins later:

Мукаетов е близок со секоја влада....ама дека ќе финансира олку како Самсоненко дури и да земе дел од вардар,мало сутра.
Бреј, за кратко и се потврди мислењето на @Ilumious . :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.445
Поени од реакции
68.658
Михајло е најдоброто решение за клубот, плус човек на сегашната власт е :D
Само повеќе ми личи дека ќе има ново издигање на Металург, не за џабе маж и на Арнаудова доби функција главен на комплексот Борис Трајковски.
Се да им ебам, нема спас од нив :icon_mrgr:
 
D

Demigod_mk

Гостин
Не разбирам само што ќе се случи со целата инфраструктура,знам дека не е на име на клубот али додека хотелот и салата и би можел да ги работи за профит ( или продаде ) ,не гледам што би можел да прави со тренинг центарот за фудбал , кој воопшто и би му го купил.

Зависно од тоа како би излегол од клубот може и ептен да го закопа. Сезона почнува за 2 месеци,а РК Вардар воопшто нема мал буџет додека нема ништо друго средено ( ниту сала ) освен спортсиот дел и тоа само заради тоа што Раул е главен.

Ако се помине нормално очекувам дека тимот би требало да се стабилизира со некој понормален буџет за наши услови ,најважно е само Раул да успее да се задржи.

Исто така ако некој знае нека каже на кој треба да пишам за враќање пристап до акаунт зошто си ја заборавив и лозинката до него и до мејлот.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Да ја сменам малку темата. Вечерва со почеток во 20:00 играме пријателски меч против Бергишер како дел од подготовките за новата сезона. Стрим сеуште не можам да најдам, а и не верувам дека ќе успеам. Се надевам дека ќе има барем од утрешниот меч против РНЛ.
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.394
Поени од реакции
2.431
Ете ви карта сега 300 денари,па нека се наполни цел стадион,
Битно Сергеј убаво алиби си најде(создаде),намерно ги стави цените како во ПЛ да гледаш натпревар,знаеше дека ќе има реакции за Јужна и еве го сега притисоците и Комити му се криви што ќе замине,го бркале демек :pos:.
Нема ВМРО,нема Грујо,нема перење пари.Башка влезе во ЦСКА МОСКВА веќе мислам,уште од тогаш имаше муабети дека Вардар и Сергеј е завршена приказна.
 
Последно уредено:
Член од
5 февруари 2005
Мислења
100
Поени од реакции
121
Абе, да го болеше Самсоненко за клубот и да не беше планирано сценарио ќе им пуштеше плата на вработените. Прашајте ги од кога немаат земено денар.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Саглам пораз од РНЛ на турниров. Циндриќ, Милиќ и Недановски не беа во составот, а останатите сите добија шанса дури и Кизиќ малиот бранеше едно 17-18 минути (во дресот на Милиќ :lolzz:). Раул сите можни комбинации на играчи ги испроба, меѓутоа играта беше слаба и во најголем дел се базираше на создавање шанса за Борозан или за Македа. Тие голови што ги дадоа крилата беа од контри, полу-контри и пенали. Кизиќ не беше лош фати некоја топка. Позитивно ме изненади Ончев, играше како лево крило и доста добро си ги искористи минутите. Утре во 13:30 со Гумерзбах за трето место.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom