Само што влезе у игра и викам на Елена, пази сеа сите навивачи на УТД само ќе го пцујат а ако дае УТД гол или он ќе биде стрелец или он ќе има голема улога, ќе се избори за топка, што и бидна ама не, Фелаини е лошиот играч и ради него изгубивте :Д
Иначе, супер спектакл, убав провод и штета што не изгубија двата тима
Од кога е дојден Фелаини има дадено гол во 3 (со букви три) полуфиналиња во кои играл Манчестер, плус во времето на Ван Гал на дербиња секогаш се истакнувал, бонус па и кога ни требаше победа против Палас таа сезона за во ЛШ, го даде решавачкиот гол. Далеку поизвикани имиња се губеле кога најмногу требало ама поголемиот дел од работите им се простуваат/ле.
Дека е ограничен - ограничен е.
Дека нема многу фудбалско знаење - нема.
Дека е далеку од она што би сакала јас да го видам во Манчестер - далеку е.
Ама и те како знае да загради топка, да освои топка, да подаде на слободен играч, да биде опасен од прекин и кога се брани екипата да не остава топка да падне во шеснаесетник, никогаш не се штедел, секогаш се жртвувал во дуели. Па дај да не се заебаваме, Фергусон освојувал трофеи со ликови во екипа како О`Шеј, Фил Невил, Браун, Андерсон, ропацине двајца на гол Керол и Хауард итн. Сериозно најмал проблем е Фелаини во екипава ама има пуцвал, интересен е за мемиња и ќе правиме фори до сабајле, уствари си знаеш и ти за Лукас, правен ни е муабетов сегде по 100 пати.
Гледам некој пишал вчера, Манчестер не го зел Модриќ кога требало

Како да го земе бе, со хеликоптер SEAL 6 тимот да го киднапира? Тоа Фергусон Модриќ од уста не го извади три сезони, пробуваше медиумски да му влијае на Леви, Абрамович гребеше со нокти за него, Леви им не го даде, го даде на првиот тим од странство што прати понуда, дури и финансиски послаба, исто како со Бејл. Како да не знаете што е финтата со Леви и Тотенхем и само да се постира нешто.
Вчера каде каде потфрлија Микитарјан (побогу и гол ќе примевме поради него

) Смолинг (овој не е уште летнат зошто се суспендирани Баји и Џонс иначе Мурињо и во фаца му има кажано дека е трапав), Ерера и најнормално Лингард. Но за Лингард ќе кажам, не е до него, толку му сече, до Мурињо е што упорно го игра а Рашфорд и Марсијал се измислени за таа лево крило, inside forward позиција. Погба, Валенсија и Лукаку кои тенкови се во живо

Матиќ како за втора утакмица супер изигра, Рашфорд да беше поприземен може ќе гледавме и продолженија, атер за ивентот да трае подолго

. Пишав во фан клуб, врв момент ми беше Бензема во второ полувреме кога се утрча и му иде Смолинг 1 на 1, Бензема братов се тресе целиов му се глеа од фаца дека не знае кај сака да тргне, Смолинг со нозете трапави се засопна три пати

како од циркус излезени беа. Добри шанси им уништи Бензема, штета за навивачите на Реал што мораат да го трпат, океј и вака страшни успеси имаат последниве години но можам да замислам каква екипа ќе беа ако имаа напаѓач со барем малку повисок IQ.
Пофалби за тие што бевте отидени а го сакате фудбалот, во ред е тоа, мене ме нервираат семкароши како што вика еден другар, редот над него тројца се погодиле и цела утакмица за филмови праеле муабет и евоцирале спомени од одмор што се вратиле дента пред тоа. Трибината лево од мене ја гледам една на штикли 10ка, само со телефонот, сите потстануваат од седиште на шанси, таа ни на живо се смее, ни на мртво плаче. Не туку фаќај место, што идеш за џабе. Истото го мислам и за ликови како оние што ги дискутиравме погоре што за внимание и мајка им ќе ја продадат.
п.с. Спешл меншн за тие што со Барселона, Арсенал, Челзи дресови што беа дојдени и во фан зоната и на стадион. Не дека некој им направи нешто, не дека е некој смртен грев ама изгледа како беден крик за внимание, без лутење ако се пронајде некој.