FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.857
Поени од реакции
6.003
Го репризирав The Crow неколку дена пред да започне мојот ред. Оној пат кога му го кажав мојот предлог на Злате, знаејќи дека после тоа ретко кога ќе успеам да најдам време да го репризирам. Иако морам да се сложам дека филмот од денешен аспект изгледа малку застарен и "плиток" во поглед на приказната, ако може така да се нарече. Сепак на истиот не сум му пристапувал така еднодимензионално и кога ми е репризиран пред неколку години, па и кога сум го гледал како детиште по телевизиите во 2000тите, па така и сега.
Тој мрачен амбиент исполнет со прекрасна музика, за мене една од најдобрите евер, која ми е редовно на плејлиста и никогаш не сум престанал да ја слушам, те вовлекува во самата бајка за Дрејвен кој се враќа од мртвите да ја одмазди својата девојка. Трагичната случка на сетот каде што Брендон е убиен и за која сеуште кружан разно, разни теории. Посебно што својот живот го завршува на сличен начин како и неговиот татко, легендарниот Брус Ли, го воздигнуваат овој филм за еден левел повисоко.
Малку и на носталгија, но сепак без двоумење од мене си ја задржува претходната дадена 8-ца.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Јас го гледав уште кога беше предложен, ама немам што многу да се дополнам од тоа што го пишав уште тогаш.
Имаше доста cringefest, некои детали ми беа префорсирани, како инцестот, никако не беше битно тоа за плотот, тоа ми беше скроз непотребно и ми изгледаше ко да е потенцирано за да се пали народ што слуша Cannibal Corpse, omfg си ја ебавам сестрата, we are such freаks, седи бе реднек.
И опсесијава на типкава со очи... тоа ми беше за нијанса понеглупо од претходново, ама пак многу вештачки изведено, и онака nobody gave a shit за типкава цел филм, никому не му е гајле дали има фетиш на очи или не, и да не постоеше како лик, ист ќе беше филмов.

Сакав 6 да му дадам, ама шознам, ме фати на некаква носталгија, па и слаба сум на референци од По, па му дадов 7.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.130
Поени од реакции
34.965
Помина и The Crow! Сите 10 души сме го гледале (освен @Zarniwoop и @Донев кои се пријавени за кругов, но веќе имаат црвени картони, од поодамна ништо немаат гледано). @Gazpapir изрази желба за приклучување кон клубот, но овој го испушти, па ете, се надевам од денес, со новиот ќе почне. Welcome, btw! Средната оценка за The Crow е 5.9, но сепак, по мое мислење, сите ќе се сложиме дека @devilko избра прекрасен начин да не размрда, нешто поинакво во клубов од сѐ досега.

Дојде мојот ред, по трет пат. И имав филм за овој момент, кој го чував уште од претходниот пат, никој од вас го немаше гледано, но некаде на почетокот од годинава @Хоуп ме зафрка и го гледаше. Сепак, не се одлучив да го сменам заради тоа, друга беше причината. После размислував за други можни опции (The Crow беше една од нив, исто така :P). Двата претходни беа сосема различни, па мислев, што да изберам пак што сме немале во клубов. Изборот падна на анимето од 2016, Your Name. (Kimi No Na Wa.), и @wot се сложи дека е одличен филм, и сите ќе мислевте исто, верувам. Мене уште не ми е јасно како Американската Академија испушти да го номинира за Оскар. Нејсе. И за него се премислив, кога @Донев го одбра Princess Mononoke. Така би бил веќе трет аниме во клубов, па ај, може следниот пат. Следна идеја ми беше да одберам македонски! Е сега тука имав проблем од практична природа: како ќе го симнете филмот? Комплицирано е да одиме преку trackermk, зашто ако немате акаунт таму, требаше да ве терам да си направите, непотребно одземање време... Ова мислам дека секако ќе оди, може следниот пат, за четвртиот филм, но овојпат исто го исфрлив како опција.

Имаше уште неколку планирани, во меѓувреме, но по некое време цврсто се решив да ја сменам стратегијата при изборот. Секогаш кога некој нов ќе треба да предложи филм, во пораката што ви ја праќам стои една реченица, се цитирам:
hint: мој предлог е да одбереш филм кој тебе ти се допаднал, а мислиш дека другите го немаат гледано. Така се постигнува најдобар ефект, според мене
Тука ми светна сијаличката. Што ако одберам филм кој сите го имаме гледано, но веројатно сите одамна? Веднаш, сама по себе се наметна помислата и баш на овој филм, кој ќе ви го предложам. Баш да видиме каков ќе биде ефектот.

А зошто баш овој филм? 1997 година, Македонски Брод. Јас бев седмо одделение. Го знаете периодот на првите симпатии, на првите размислувања на нешто посериозно од обичната игра, на Наш Свет, на првите вистински другарства... Во тој период, во Македонски Брод за прв пат отворија кино. За само 20 или 30 денари, секој четврток можевме да ги гледаме Con Air, Flubber, L.A. Confidential, 7 Years in Tibet, Home Alone 3, Batman and Robin, подоцна Shakespeare in Love... Траеше тоа околу 2 години, но пропадна, како што пропаѓа сѐ што ќе се отвори во Македонски Брод. И покрај цената од 20 или 30 денари, имаше многу слаба заинтересираност, па некои проекции ги следевме само 2-3 луѓе. Причината, до душа, не беше само до заинтересираноста, туку, во тоа време, believe or not, многумина и не можеа да си дозволат да „фрлат“ 20-30 денари за филм! :( А јас? Не дека претходно немав гледано филмови, напротив. Но се тоа беа филмови или со Жан Клод Ван Дам / Шварценегер / Чак Норис / Брус Ли / Бад Спенсер / Силвестер Сталоне / Хулк Хоган (што да правам, во такво друштво бев), или беа лесни комедии, и B Movies од оние кои ги даваа на МТВ тоа време (само МТВ 1 и МТВ 2 имавме, А1 и Сител дојдоа во новиот милениум кај нас ;) ). Е сега, да се навратам на киното: сите филмови во Македонски Брод имаа само по една проекција, секој четврток, од 20 часот, и по максимум десетина посетители. Еден, имаше дури 5 проекции, и преполна сала. Titanic! Тогаш владееше вистинска манија за филмот. И младо и старо сакаше да го гледа спектаклот од размери какви немало до тогаш, и какви ретко имаше и по тоа. А ние, децата: за 99% од машките Лео ди Каприо стана идолот од детството (да, дури и оние на кои претходниот идол им беше Арнолд Шварценегер), а за 100% од девојките тоа беше Кејт Винслет. А сите, и машки и женски ја пеевме My Heart Will Go On ко луди. Собиравме постери, сликички, исечоци од весници, се восхитувавме на постигнувањата и достигнувањата на Titanic и на Бокс Офис-от, и подоцна, собирајќи ги скоро сите награди и уривајќи ги скоро сите рекорди. За мене, тоа беше најдолгиот филм кој сум го гледал во животот. И фактот дека и по 3 часа не мрднав од место, и не ми сметаше, сам по себе беше доволен за да бидам еден од тие 99% кои сметаа дека е најдобриот филм, ever! Тоа за мене беше не само најдобриот филм ever, туку и почеток на една љубов и пасија, која гледате, не згасна до денес. Гледањето филмови.

Дваесет години потоа! Да, поминаа цели 20 години. Сешто се случи, сите се променија, многумина отидоа од мојот живот, некои и за секогаш. Но едно остана - страста и љубовта кон филмовите. Дваесет години потоа, најголемиот меѓу големите не ми е можеби ни во топ 10 најомилени филмови во животот, но дефинитивно има едно посебно место во моето срце. 20 години, а ниту еден rewatch. Затоа одлучив сите да направиме по еден, и да видиме што ќе се случи. Баш затоа, по Австралија и Бугарија, третиот мој избор падна на најхоливудското од Холивуд, и нешто што вечно такво ќе остане:

@wot , насловот, please - Film Club (Titanic: 07.08 - 20.08)

Ве молам, најдете време и сили сите да го репризираме, и да се вратиме години наназад, без оглед колку скоро сме го гледале. И да видиме дали чувствата избледеале, сега, кога сме филмски попотковани и кога не се фасцинираме толку од една совршена макета-реплика на потонат брод.

А што е со Лео и Кејт денес, 20 години подоцна? Тогаш не им успеа да станат оскаровци, но денес и двајцата се, и и двајцата станаа едни од холивудските најреномирани и најдобри актери. 20 години подоцна, Лео е some kind of еколошки активист, и организирал коктел како дел од неговата кампања за подигање на свеста за климатските промени. Еден од гостите: Kate Winslet.

Screenshot_9.jpg

Еве ги, 20 години подоцна, оние на кои санта мраз им го потопи бродот, во борба против топењето на сантите мраз на северниот пол. Каква иронија!
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.480
А кој беше тој што сум го гледала?

Пред некој ден мислев на филмов... Последно кога сум гледала мислам беше пред 3-4 год на А1 и 7 сум ставила, сега ќе видиме, мада никогаш не ми бил ништо посебно, интересен ми е само вториот дел кога ќе почне да тоне бродот.
 
Последно уредено:
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
било кој филм само титаник не. полигав филм од тој нема. посебно онаа најпозната сцена на носот на бродот, што ја има и на постерот

:sick::sick::sick::sick::sick::sick::sick::sick:
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.043
Поени од реакции
6.711
@Zlatikevichius The Crow го гледав баш по втор пат пред некоја недела и вајда имав среќа да го погодам баш и кога му бил редот и тука. Ок филм- ништо повеќе од тоа. Покрај интересниот почеток се крие клише средина и крај. Акцијата во филмот за годината која е снимен е токму на место, можело глумата да биде малце подобра во акцијата,пресмешна е завршната акција во диското и пукањето на Брендон и гримасите негови и потезите негови. Да не должам многу за филм што му помина рокот, у глобала се собрано да океј оценка е 5,нешто. :D


Идемо на Титаник ! Еден од филмовите за кој највеќе имаме дадено пари ко фамилија за изнајмување касети заедно со Конан со Шварценегер и К-ПАКС со Кевин Спејси. 100-че секој месец одеше, ама јбг фамилијава сакаше да плаче очигледно мене ми е мех и сега ( до душа го немам гледано добри 10 години , може ќе ми стане фејв :D )
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.609
Поени од реакции
52.460
Веќе некое време планирам пак да го гледам Титаник, па се надевам ќе успеам периодов, еве причина плус :D
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.857
Поени од реакции
6.003
Кога ќе спомне некој титаник, прво што ми паѓа на памет е девојчево што беше на идол. Диштанс. :LOL::LOL::LOL:
1:10

Чувствувам дека ќе има многу поделени мислења. Си влече и титаник доста хејт низ годините иако се работи за еден од најдобрите филмови евер.

Не паметам кога последен пат сум го гледал. Има висок rewatch value за мене иако не ми бил никогаш во топ 10. :)
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Абе аман, пред 5-6 дена го глеав:(
А ич не го сакам, ама атер за Злате ќе го изгледам пак
 

Kajgana Shop

На врв Bottom