- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.499
- Поени од реакции
- 37.332
Болки во предна страна од над карлицата кон папокот и 7-8цм надолу :Споредено цена и квалитет каде се најисплатливи магнетна и компјутерска томографија во Скопје во приватните клиники и која цена да ја очекуваме?
Се работи за болки во десна страна веднаш над карлицата кај женско лице, патем има дископатија (мислам дека л4-л5) и што е попаметно да се прави, матичната и е како падната од Марс и според неа не треба ништо да се проверува, а девојчето има веќе 2 месеци константни болки во предна страна од над карлицата кон папокот и некои 7-8цм надолу.
Дали може слепото црево да се воспалува повремено и тоа да прави такви проблеми, на моменти има големи болки, на моменти се болките помали, или евентуално од дископатијата да има болки во преден дел?
...не спомнуваш лабораториски анализи?? барем ќе имаме патоказ или евентуално ќе се покаже жариштето, навистина не знам како може доктор воопшто да каже било што и да даде макар и провизорна дијагноза без основни лабораторски параметри...
- се знае воспалено слепо црево што високи резултати на леукоцити ќе даде со почетна болка со притискање во десна регија на стомачната празнина и околу папокот, па може со антибиотик да се санира ако не е баш за операција, со силна палпитација притискање со рака на таа регија и нагло пуштање на раката доаѓа до остра и силна болка што дефинитивно е слепо црево (попратено со нагон за повраќање, мачнина, но не мора да се има)...
- се знае што лабораториски параметри ќе даде бубрег, ако е во прашање камче или некоја инфекција се добива болки на ова опишана регија (поратено со често мокрење и промена на боја на урина, но не мора да се има)...
- се знае каква болка може да се има по потекло од дигестивниот тракт поради дијареја или уништена цревна флора, а богами и од запек со силни болки во опишаната регија што се намалуваат при придвижување на дебелото црево ...итн
- се надевам дека не е во прашање ектопична бременост, кога оплодената јајце клетка се всадува надвор од матката и дава ниски абдоминални болки на опишената регија (ама бог да чува со денешниве доктори како велиш „како паднати од Марс“)
- дископатија може да даде рефлексија од напред, но мора да се има јаки болки назад па да се рефлектира напред што мислам дека не е случај сега за ова болка која е повеќе централно околу папокот...
... мое мислење (доколку не е некој почеток на инфекција на слепо црево) ( логична препоставка) што спомнуваш дека е „девојче“ јас мислам дека болката е од хормонално потекло, не знам како стои со менструалниот циклус, но би рекла дека највероватно е последица од полицистични јајнцици или проблем со некоја циста и слично и би требало гинеколошки преглед, а тоа што спомнуваш магнентна компјутерска томографија за ова работа?
не знам, немам коментар, добар хирург само да притиска на абдоменот таму- ваму по напнатоста и лоцирана болка од мануелниот притисок ќе знае ако е за негова оператива, уролог со мануелен притисок ќе знае ако е проблемот уролошки, гинекологот со притисокот на раката на абдоменот ќе знае дали е тоа гинеколошки проблем и ако се има и лабораториски анализи ...дијагнозата сигурно ќе биде ДАДЕНА !
п.с.
еве приказ на квадрати околу папокот и доколку е лоцирана болката во некој квадрат тој е единствен одбранбен патоказ на телото со болка да каже на кој орган има мака...
...затоа златно правило е секогаш да не се дава лек против болка се додека не се дозна од што е болката, оти само здрав орган дава болка „ и не повикува на помош“ оштетениот орган потешко или воопшто не реагира со болка !
Последно уредено: