Значи вака. Скоро една година имам губиток на влакна од целото тело. Прво мислев дека дека е генетски, пошто губев влакна од скалпот , а татко ми е келав. Ама јас од секогаш сум имал доста влакнести нозе и раце, а последната година и пол, влакната на нозете и рацете ми се многу проретчени. Кога и да повлечам со раката, в рака ми останват по неколку влакна. Ова насекаде, и нозете, рацете и скалпот. Е сега она шо најпојќе ме загрижва е шо доста и ми се проретчени и веѓите, во последно време изгледам како да сум на хемотерапија. Имам забележано насекаде кај шо ги губам влакната, а најпојќе на скалпот и веѓите кожата ми е толку сува и се љушти и паѓа како деланки. И плус секое изгубено влакно н дното има бела точка, дали е то коренот на влакното не знам? Бев на дерматолог тука во болницата во Битола, таја докторката кутрата толку беше незаинтересирана и неука шо ми рече дека било првут и ми препорача да сум користел некој шампон против првут од Нивеа. Ко ја прашав како можи првут на веѓите ми рече : Не знам!

Некој поупатен на форумот тука да кажи шо би можело ова да биди? Уште малце ако ми се проретчат веѓите ќе бидам ко за грев.