Spoiler alert.
Ауф еј, епизодава се чинеше онака бавна, мислиш само без врска муабети, али уствари преполна беше со дејствија и настани. Доказ дека не треба да посветиш саат време на епизода исполнета со битки за да има турбулентни ствари.
Starks reunited конечно, ваљда следната епизода и Арја ќе дојде. Искрено не знам зашто толку хејт према Санса, според мене израсна у многу квалитетен и цврст лик, иако на почетокот и ја ич не ја сакав. Оваа сезона е мноооогу поразлична од порано, потсеќа на девојка со вистински northern стил, ме потсеќа на кралицата Мери I од Шкотска.
Можда ќе има критики пошто не одвоија време за битките, али мислам дека вака е боље и добра одлука напраија пошто реално не беа некои драматични ствари што мораше у детал да ги видиме. Нема еднострано плескање, стварно имаме завојувани страни за кои не може да се знае кој ќе победи, иако Серси и Ланистерците засеа газат.
Мнг ми се свиѓаше втората сцена меѓу Џон и Дени. Првата коа се упознаа не беше нешто впечатлива, малце беше awkward и cringy, али после коа беа сами беше интересно да се види контрастот меѓу двајцата, овој со ебано крзно од волк на него, оваа у кралска наметка, различен стил на изразување зборови и емоции. Се чинеше како да ако се допрат, не искри, ко експлозија да ќе се десеше. Мнг добро изведена сцена.
И крајот, Олена ко што проба да му влезе у мозок на Џејми, и мислам дека успеа. Џејми сеа знае со сигурност дека Тирион немал врска со смртта на Џофри и ова веројатно ќе е првиот момент кај што доаѓа до судир меѓу Серси и Џејми. Пошто ете више тројца сојузници на Дени им ги сјебаа, веројатно единствениот начин да пукне цврстината на Ланистерците е од внатре, па ваљда кон тоа се движи серијата.
Многу, многу добра епизода, дефинитивно меѓу најдобрите од цела серија според мене.