Со „врски“

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
Многу сум против врските. Сметам дека ако сакаш навистина да успееш и да докажеш дека си вреден, треба да го направиш тоа по чист пат, т.е. без врски. Така би се ценела човековата вредност. Не е фер некој што е и паметен и способен, колку и да се труди да не може да успее...а некој што фатил некоја врска ваму таму, ќе каже 2 збора и средена му е работното место, ќе се излежава цело време...и тоа ќе го направи без никаков руд. Само што за жал во денешно време...се се одвива врз база на врските...и ретко кој успеал без нив...квалитетите како да останаа да лежат некаде заборавени...
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Meне на почеток кога се образував(од 5-то оделение до 4-та година средно) тоа фаќање врски многу ми сметаше и ме иритираше бидејќи заради некои послаби ученици мене ми кратеа оценки за да ги направат одлични бидејќи беа деца на доктори, директори и слично.
Сепак тоа ме направи појака личност, инаетот проработи кај мене и завршив факултет во рекордно време, а тие што беа со врски уште се мачат. Тоа ми е најголем триумф!
Врските не можат да помогнат секогаш според мене. ДА, во одредена ситуација но се се враќа на твој грб и кога тогаш тоа ќе се осети:toe:
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Абе врски за во средно и основно има ама џабе ти е...И еве и факултет заради тоа да завршиш можеби и еве со врски ќе те примат некаде да работаш..Но кој ќе те задржи тебе ако бизнисот му го носиш надолу и не работиш ништо,денес секој ги гледа парите и ако не си способен да ги направиш и син да му си на некого не ќе те држи по малку време ќе заминеш од на работа...
 

The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
Дали за напредок во работата, кариерата е потребно да се има некакви врски кои ќе не однесат на врвот или барем до местото кое го заслужуваме и за кое сме се труделе, сме учеле, сме вежбале? Земете го за пример нашето поднебје ... со странските земји може евентуално да направиме по некоја споредба доколку некој лично е таму и работи па да каже колку и што е потребно таму за да го добиеш своето место.
Исто може да кажете дали би фаќале врски ако не би можеле да успеете во вашите цели, или сепак би се труделе секогаш по прав пат да чекорите па макар и да останете подолу од тоа што заслужувате.
Добро, има повеќе подпрашања но да не ги поставувам сите, ќе си се постават и одговорат со тек на дискусијата ... :)
uopste neam sovest za tie raboti, taka da sekako deka bi fakjal vrski za da uspeam, no sepak mislam deka za da se napreduva vo rabotata vo MK treba da se ima vrski, duri i povekje od znaenje ili silna diploma. Za stranstvo kolku sto sum zapoznaen najvekje vazi kombinacijata od znaenje,diploma,iskustvo i vrski
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Јас сум против врските и претерано ми смета кога јас сум оштетен за нешто на сметка на тие со врски. Но The Freelancer има право. Можда сте приметиле во филмовите ако си син или ќерка на некој пријател одма си во предност пред другите и тоа е сосема нормална работа. Ако беше нешто лошо немаше на филм да го даваат и да не го коментираат како лоша работа. Всушност незнам што да мислам за врски....:toe:
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.838
Поени од реакции
20.305
И јас сум против врските, арно ама ми иде да потепам коа ќе видам дека 50 души пред мене влегуваат преку ред, еве прост пример најчесто на лекар ова ми се има случувано, а имам еден тон луѓе кои ги познавам иможам да влезам преку ред, ама ајде да чекам и јас како останатите нели од некаде да почне, ама неможе бе на овој народ наш со инка да му тураш пак нема да свати, сум за итни случаи да, моето место ќе го дадам и за дете кога се работи, арно ама само заради тоа на некому што не му се чекало... е неможе! И се карам и расправам и ич не ми е гајле:jaj:
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.508
Поени од реакции
8.201
Многу сум против врските. Сметам дека ако сакаш навистина да успееш и да докажеш дека си вреден, треба да го направиш тоа по чист пат, т.е. без врски. Така би се ценела човековата вредност. Не е фер некој што е и паметен и способен, колку и да се труди да не може да успее...а некој што фатил некоја врска ваму таму, ќе каже 2 збора и средена му е работното место, ќе се излежава цело време...и тоа ќе го направи без никаков руд. Само што за жал во денешно време...се се одвива врз база на врските...и ретко кој успеал без нив...квалитетите како да останаа да лежат некаде заборавени...
помина комунизмот... неможе да се врати :nenene::nenene:.... и мене ми сметаат врските, не дека не.... ама тоа е дел од нашето(никакво) општество, и треба да се навикнеме на општеството а не да чекаме тоа на нас да се навикне... така да... у Македонија тоа си е нормално, и зашто ја да не го праам тоа.... у ова време не ти треба образование ова она, само ти треба ВиСТИНСКИ ЧОВЕК, НА ВИСТИНСКО МЕСТО у ПРАВО ВРЕМЕ...
 

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
јас мислам дека врските се чиста човечка природа(иако не е позитивна)
не очекувам тука некој да каже дека ако има можни врски за нешто што го посакува нема да ги искористи од било какви (морални), дури и да се најде некој таков на форумов не очекувам да се најде некој да му верува
мразиме некого кога ке не победи со врски, а кога ние го правиме тоа...тоа е човечки :toe:
 

*MC*

Печурче
Член од
26 февруари 2008
Мислења
344
Поени од реакции
0
помина комунизмот... неможе да се врати :nenene::nenene:.... и мене ми сметаат врските, не дека не.... ама тоа е дел од нашето(никакво) општество, и треба да се навикнеме на општеството а не да чекаме тоа на нас да се навикне... така да... у Македонија тоа си е нормално, и зашто ја да не го праам тоа.... у ова време не ти треба образование ова она, само ти треба ВиСТИНСКИ ЧОВЕК, НА ВИСТИНСКО МЕСТО у ПРАВО ВРЕМЕ...
За жал во право си, посебно кај нас без врски ретки се шансите да успееш.
Всушност џабе си ја тупал главата за не знам колку години образование, за на крај да сретнеш некој кој во средно абер немал од животот како ти кажува дека изградил куќа од 5 спрата и купил BMW, зошто го вработил чичко му.
Додека имало време не спречиле мито и корупција сега уште помалку некој може да успее, па подобро е да си се навикнеме и да си бараме некој роднина или пријател...
 

kostovska

Рокенролистика :))))))
Член од
22 јануари 2009
Мислења
368
Поени од реакции
11
многу често е да се бараат врски за нешто да биде одма готово и да не се чека.Секој покушал да побара а сеа дали нашол тоа е под знак прашалник.Живееме во таква држава во која ако не се бараат врски постапките се многу спори еве како на пример за виза или вадење лична карта......и остали работи
 
L

LEPOTICKA_SWEET

Гостин
Јас сум против врските...ама на денешен ден ако немаш врски не можеш ништо да направиш:vozbud:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.820
Поени од реакции
11.445
Денес без кабли си никој и ништо...такво време дојде, ретко се цени трудот на некој...децата на тато и мама се во предност :icon_lol:
 

mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
На сите нас ни е криво кога ќе видиме дека некој се пика секаде „со врски“ и можеби го зазема нашето работно место на пример, но не можеме да негираме дека доколку ние би имале врски, не би ги искористиле.:smir:
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
СО ПОЛЗЕЊЕ ДУРИ И ТИКВИТЕ СЕ ИСКАЧУВААТ ВИСОКО!!!!!!
Се ужаснувам од самата помисла дека мнозинството околу мене успева да се провлекува и да успее само заради тие врски, а всушност не поседува можеби ни половина од моето знаење или способност...Ама тоа е, но нема зашто да ми е жал, затоа што во себе си знам колку вредам јас а колку тие, па според тоа таквите ги сметам за жалосни:pos2: Затоа што многу е поголемо задоволството, барем за мене кога знам дека нештото навистина сум го заслужила и сум го постигнала сама, отколку некој се да ми сервира како да сум јас неспособна за тоа, за такви и ги сметам и тие кои на тој Начин успеваат во животот..Не негирам дека убаво е некој да те поттурне, и јас доколку се најде таков би го прифатила, но и би го искористила тоа максимално на тој начин што ќе ми биде како олеснителна околност а не да чекам да ми ја заврши МОЈАта работа..:smir:
 
Член од
24 август 2008
Мислења
1.120
Поени од реакции
163
Ај хејт врски!!!Не за друго, тие аку сакет и нек си имет врски ама не морат толку драстично да се приметвит то.Еве лични примери ќе зеам...јас сум се мачела таму секој ден на математика одам пред тест и цела година по 3 пати неделно и секој час станвам на табла и добивам цело време 5 и еднаш при крај добив 4 и се двоумеше златнава ми професорка помеѓу 4 и 5, а госпожава со врски 2...3...2 и оп 5 на крај.Разбирам јас за на крај година да требит нешо онака место 4 да е 5, сепак сеа врски кј не постоет или ај еве максимум од 3 на 5...И шо е најбитно воопшто труд не вложвет тие со врски шо се.Јас ќе си лупам глава ќе учам кузнајт колку за 4 или 5 да иам, а „влијателниве“ си седет по цел ден седет на компјутер или спиет и на часој нигде ги немат и ајде на крај со мене ги рамнет па и + појќе од мене имет.

На сите нас ни е криво кога ќе видиме дека некој се пика секаде „со врски“ и можеби го зазема нашето работно место на пример, но не можеме да негираме дека доколку ние би имале врски, не би ги искористиле.:smir:
Абе добро да си некој шо се трудит, да си барем приближно со тој шо немат врски ај ќе речиш пријатели ваму таму сепак за малку би си ги поткренал шансите за успех...А дали ти би остајл и нишо не ми праел во врска со добивањето на то работно место, а и образованието да ти е далеку послабо од другиот и имаш многу јаки врски и би чекал се онака на готово?Шо мислиш како би се осеќал другиот?Јас не би примила такви врски, всушност јас нишо така не сум напрајла за мојов живот со то и не би била задоволна, а то е еден од битните фактори во животов покрај парите во денешницава, така?...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom