Со „врски“

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Живеам за денот кога во Македонија ќе почне да се препознава квалитетот и да се занемари оноа еј абе шо иам еден внук со прст се потпишува и споро чита ама шо има бре една фаца само за директор е. Или пак ќе стават некој со средно шнајдерско да биде министер или сеедно да шефува нешто сосема дијаметрално и ќе го искрчми за 6 месеци и ете ти катастрофа и стечајци и социјални случаи. Крајно е жалосно шо некој шо има страшен интелект и дреме по бироа за вработување(мислам дека факторот среќа е многу важен)а тамо некој си шо цел живот се шо ќе посакал одма да му се остварувало или па уште неотрезнет од дипломска веќе во директорска канцеларија.
Мене лично повеќе ме загрижува кусогледоста на народот и малограѓанштината на луѓето кои секое добивање работно место во фирма сродна со професијата на некој ваш близок веднаш дијагностицираат аха овој чичко му е ова татко му она мајка му се шминкаше прееска у исто време во веце со шефицата и шо ти ја знам муабети и така добил работа. Јас тврдам дека постојат шака луѓе кои што и те како сакаат квалитет
меѓу вработените во своите фирми меѓутоа многу почитуваат ангажираност, амбициозност и желба за самодокажување и дека дури и да добиеш место преку врски доколку не напредуваш а и не покажуваш желба за напредок ти даваат отказ истиот момент, шо сакаш биди.
 
Кај нас дефинитивно со врски можеш да добиваш петки во основно, во средно, да завршиш факултет, да најдеш работа, да напредуваш, да земаш висока плата, да извадиш виза без проблем, да победуваш по конкурси од секаков вид, да одиш на гостувања со репрезентации, да влезеш на лекар преку ред.. и еден куп други работи.

Со врски не можеш од глуп да станеш паметен на пример. Ама во еден таков систем кој е паметен, а кој глуп ? :)
 
Од секогаш си постоеле врски, еве давам пример у школо, пошо баш сум зафатен со тој проблем како средношколец, порано тоа не било толку впечатливо, пошо се прекривале им било срам на професорите и пошо ги имало многу малку таквите кои примале ургенции, за жал не е таков случајот денес...:(
Еве секој ден речиси се среќавам со такви случаи и финтата е тоа шо и професорите си признаваат дека прифаќаат ургенции, и дека му помагаат на некој со ургенции,..(тоа е слика на етиката и на моралните вредности), ХАХА е сега од друга страна е добро тоа што денеска е демократија па можеш да му го кажеш тоа на професорот и он ништо нема да ти направи(освем шо ќе те малтретира цела година..хаха):pos2:, ама барем ќе ти олесни на душата..:pos2:.а тоа да го направел татко ми у негово време кога бил ученик, е тогаш би играл стапот...хаха.:):pos2::nesvest:
п.с.Секоја чест за некои професори, кои одговорно и со совест си ја вршат својата работа...:salut:
 
Имам врски.. тренерот по карате ми е ЈОван Лазарев (подминистер за образование и портпарол на ѕинго) јас сум еден од најдобрите карате и со еден другар го држиме цел клуб на нозе.. веќе 8 години.
Имам врски да поминам како што сакам и да правам што сакам,но сепак ЗОШТО?? ЗА ДА БИДАМ ТУТУРУТКА?
Си учам за мене,и никогаш не сум викал врски за оцена,
бидејќи од такви ТУТУРУТКИ кои имаат само БЕЗВРЕДНА ДИПЛОМА,ДРЖАВАТА ПРОПАЃА!
 
Имам врски.. тренерот по карате ми е ЈОван Лазарев (подминистер за образование и портпарол на ѕинго) јас сум еден од најдобрите карате и со еден другар го држиме цел клуб на нозе.. веќе 8 години.
Имам врски да поминам како што сакам и да правам што сакам,но сепак ЗОШТО?? ЗА ДА БИДАМ ТУТУРУТКА?
Си учам за мене,и никогаш не сум викал врски за оцена,
бидејќи од такви ТУТУРУТКИ кои имаат само БЕЗВРЕДНА ДИПЛОМА,ДРЖАВАТА ПРОПАЃА!

е баш е убаво ако стварно така размислуваш....кај мене у школо сите се со врски ретки се тие како јас=немам никој вујко,тетка или стрина таму ама пак сум хепи,,но и кога би имала сигурно дека не би била=тутурутка-:pos2:
инаку многу ми е криво што во македонија таквите секогаш успеваат и најчесто баш тие им го земаат местото на оние кои со свој труд го заслужиле...но ете тоа е тоа....мак ни пропаѓа така да .........подобар живот само во др држава хехех
 
Никогаш во животот не сум користел врски не дека не сум сакал туку сум ги немал и најверојатно поради тоа имам створено некоја одбојност према таквиот пристап па затоа и денес кога за некоја работа веќе можам да искористам нечија помош не го правам тоа и оставам работите да си течат со нормален тек но поради оние кои не размислуваат на ваков нечин често многу поспоро ги завршувам работите. Многу ме радуваат оние промени каде се исклучува факторот човек и се се препушта на техниката само така ќе го намалиме влијанието на врските.
 
Врски... Имам едно другарче кое целото свое образование (со исклучок на факултет - кој не го ни започнал) го имаше поминато со врски... По основно (мајка му го спасуваше таму) се запиша во средното каде што јас учев (беше лесно во споредба со некои школи) И не можеше да заврши 1ва... Трагедија... Едвај се префрли во друго за да и таму со врски некако се извади од калта. Значи поентата ми е...Ако работиш со врски цел живот, кога ќе ги нема тие што ти го сервираат сето тоа, ќе се видиш во право светло кој си и што си. Има исклучоци не велам дека нема, но тие се дали едвај процент од севкупниот број на врскаџии...
 
Ги прочитав сите постови не темава и имам само едно да кажам:

ТЕШКО НА УМНИТЕ МЕЃУ БУДАЛИТЕ !!!
 
Врската може само да те втурне во фирмата, во која богами и тоа како ќе треба сам да си се докажеш, не може таа секојдневно да работи за тебе:)
Работам во странска фирма, во која "врски" не важат на патот до врвот:)
 
Врската може само да те втурне во фирмата, во која богами и тоа како ќе треба сам да си се докажеш, не може таа секојдневно да работи за тебе:)
Работам во странска фирма, во која "врски" не важат на патот до врвот:)

Блазе тебе :smir:
 
Во нашава земја ретко кој го поштува трудот,знаењето,квалитетот!Само се гледа човекот да има подлбок џеб и нешто да шушка ако сакаш да успееш,да се пикнеш негде!
Но,сметам дека како што е почнато се да се приватизира,дека пополека МОЖЕБИ ќе изумрат врските!На пример-јас отворам фирма и со врски ја вработувам сестрата на другарка ми,врска нема од работата и ја трпам месец-два,но ако гледам дека сум во загуба поради нејзе,нема да ја оставам,па макар и да се скарам со другарка ми,ако она нема желба да се потруди и да научи.Во секој случај би и дала шанаса,но ако не ј искористи,тогаш подобро би вработила некој непознат,но искусен човек!
Но размислете,еве и за факултет и за купените дипломи,што ќе ми е диплома на доктор,ако јас утре незнам да му помогнам на пациентот,тоа може да чини и живот!
Или за возачки испит,плаган со ,,теле,,за комисијата,ТЕЛЕ плагаше,ТЕЛЕ ќе вози!
 
секаде имам врски барем овие 4 години:helou: а и понатака и до сега сум имал ама никогаш не сум имал потреба да барам помош од врските
 
..денес без врски нишо не си...за една работа ќе треба цел ден да луташ...а ако имаш врски одма бре брате..одма е готово...или за на факс..или за во школо...секаде се врски...хммм ама што?? што ако фатиш врски?? зарем нешто си постигнал..само докажуаш дека не можеш сам..дека некој треба да те турка...мн мразам кога некој се прае нешто ама зад себе има родители на функција(или нешто слично) ..и се што има добиено..напраено е со помош на тие врски..хммм докажуа дека тој не може да постигне сам...:toe:
 
Кај нас дефинитивно со врски можеш да добиваш петки во основно, во средно, да завршиш факултет, да најдеш работа, да напредуваш, да земаш висока плата, да извадиш виза без проблем, да победуваш по конкурси од секаков вид, да одиш на гостувања со репрезентации, да влезеш на лекар преку ред.. и еден куп други работи.

Со врски не можеш од глуп да станеш паметен на пример. Ама во еден таков систем кој е паметен, а кој глуп ? :)



Потполно се согласувам со тебе.Имам другари што завршија и основно и средно само со врски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom