Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
https://www.reddit.com/r/freefolk/comments/57w3yw/my_awayforthelads_season_7_spoiler_timeline/

Ако некого го интересира шо ќе се случи, за е1 и е2 се беше точно до сега
Ова не е он што мисли дека ќе се деси (ко што вика) него ова е истеченото сценарио. Mega Spoilers S07 - не кликајте на линкот (ако неќете да знаете што има у цела сезона)

Надвор од споилериве:
Литлфингер има интересен развој.
У прва-втора сезона не можеш крајот да му го фатиш, мајстор шемаџија. Не можеш да го познаеш што сака.
После, у натамошните сезони почиње да кажува монолози со шаблонски злосторнички глас, кој кога го слушам го замишљам како си ги трља рацете додека збори, како што праат сите зли ликови по филмоите.
А откога почна да се телепортира по Вестерос, оглупаве уште повеќе, па стигнавме до тоа да му кажува на Џон - Еј Џон, ја ти помогнав а сега сакам да ја ебам сестра ти.
 
Последно уредено:
ако некоја од теорииве испишани страни уназад се совпадне од А до Ж што би рекол еден член на форумов со некој пост каде што демек своја теорија има некој, го крка стапот авторот на постот.
 
Педерска работа, така и лани ме заебаа тука, ебаве педерите. :D
 
Секогаш има вакви генијалци. Јас се спојлнав, еве овде, пазете и вие. Па кој кур оставаш линк.
 
Секогаш има вакви генијалци. Јас се спојлнав, еве овде, пазете и вие. Па кој кур оставаш линк.
Епа ја одма стаив предупредување, ама јеби га, постот ми отиде на следната страна.
 
Епа ја одма стаив предупредување, ама јеби га, постот ми отиде на следната страна.
Го едитирав првичниот :)
Педерска работа, така и лани ме заебаа тука, ебаве педерите. :D
Да бе како со R+L=J. Еј абе може Калиси и Сноу да се поврзани нешто некако, што викате, ми текна додека се туширав?
 
Не треба да се постира, ама сите знаеме веќе дека постојат ликови уште од пред некој месец за секоја епизода.

А тој што постираше си пишал ако ве интересира што ќе се случи, плус во самиот линк е наведено дека има спојлери, па ако некој отвори и си чита, негов проблем :D

Во секој случај, ако има некој што ги има прочитано, нека следи што теории се пишуваат и нека пријавува ако некој се избламира.
 
Го едитирав првичниот :)

Да бе како со R+L=J. Еј абе може Калиси и Сноу да се поврзани нешто некако, што викате, ми текна додека се туширав?
Не разбирам, јас сум пишувал нешто вакво?
 
Аман пак од овие глупердиве, демек ми текна и она што јас мислам дека ќе биде, а подточки начукани по епизоди. Видов за прва и втора, да, така излезе, понатаму се воздржав да не читам.
 
Аман пак од овие глупердиве, демек ми текна и она што јас мислам дека ќе биде, а подточки начукани по епизоди. Видов за прва и втора, да, така излезе, понатаму се воздржав да не читам.
Ама не пишува дека му текнало, туку има опишано сцени врз база на трејлери, слики од снимања и сл. Не викам дека не играло улога ликнатото сценарио, само барем не се прави наивен и глуп и не тврди дека е баба Ванѓа.
 
Колку сака нека врти трејлери, папараци фотки од снимања, али онака да ги погоди по ред во секоја епизода што ќе биде, тоа мало сутра дека е од трејлери.
 
Најмногу од се мразам Спојлер...

Не, сериозно - 7 години тие што ги имавме читано книгите претходно се воздржувавме, имавме заклучена тема, внимававме да не спојлерисаме случајно. Сега првпат по 7 години имаме ситуација кајшто и ние незнаеме што ќе се случи и ја имаме истата неизвесност како останатите, мислам не е фер некој со 2-3 реченици од некои со двогледи и телескопи што шпионирале кај што се снима да ни преебе сезона. За месец дена ќе заврши сезонава, не се добива Нобелова награда за читање спојлери на интернет и кобајаги мозгање теории.
 
Колку сака нека врти трејлери, папараци фотки од снимања, али онака да ги погоди по ред во секоја епизода што ќе биде, тоа мало сутра дека е од трејлери.
А виде одоздола, под сите епизоди колку сцени има кои не знаел во која епизода да ги смести?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom