Озбилно веруваш дека даваат 35 милиона евра за играч кој ќе даде само длабочина на екипата?
Веруваш дека ќе земат уште едно играчиште во средина?
Стварно не си ми јасен зошто им веруваш на жутиве ѓубриња?
24 јули сме ,а бекови ни се сакатомо и дамбо алооо!
Шќрињар ни е засилување у одбрана ееејјј!На петици трча трапавиов,ранокија 2.0.
И кое време го имаат бе?Коа ќе ги воигруваат играчите што жимикур ќе ги купат?До ноември 4тиот 10 бода ќе ни бега.
Јуве наполи рома и милан имаат класа појаки состави од нас.Класа!
Sent from my SM-G920F using Tapatalk
На вечино, или векино, весино, не знам ни како е, откупната клаузула му е 24м евра, не 35, не знам ни дали ке ја платат целата, или со рати мати ке средат нешто, ако воопшто и средат, сега све е на база на шпекулации, и аусилио и сабатини се во кина, денес имаа состанок со спалети и претседателот на клубот, така да до враќањето нивно во италија не верувам да се официјализира неговиот трансфер.
Далберт најверојатно е договорен ама на барање на ница ке игра квалификации во ЛШ за нив, против ајакс, па после ке пристигне во интер, и онака не играме во европа така да ова нема лошо да се одрази за нас. За десно нема ништо конкретно сега за сега, а ја кажав дека комотно можеме да го испробаме кандрева таму и мислам дека добро би се покажал, и онака спалети форсира ултра офанзивен фудбал за калчо стандарди, не е типичен италијански тренер па може да се испроба таа варијанта, а не се исклучува и муриљо за тој дел од теренот, ако се доведе добар стопер.
Секако, покритична позиција ни е левата, отколку десната, за десно има опции, за лево не, па ќе видиме далберт ако дојде, како ќе се покаже.
За Шкриниар секако дека не знаеш како ке се покаже, па уште и ранокија два, само претпоставуваш, твојата претпоставка е иста ко следнава, шкриниар ке биде самуел 2.0, одличен фудбалер е, голем потенцијал и слично, колку што држи твоето, држи и ова, ако идеме на сила со претпоставките, не сме ние кадарни да знаеме кој како ке се покаже у иднина.
За Рома дека имале класа појак состав од нас, а притоа ги дадоа паредес, рудигер и Салах а и го изгубија спалети, така да никад не си у право за нив, нити пак милан или наполи, за јуве се согласувам, они треба да се бркаат зашто они ги поставија у моментов високите стандарди у калчото.
викаш дека сме 24ти јули, а се понашаш ко да има 2 дена до крај на трансфер период, а не над 30, така да стварно не гледам место за паника, снајдер дојде на крај од трансфер рок, од авион одма у прв тим беше внесен за дербито со милан, каде беше еден од најдобрите играчи и интер победи 0-4, така да there you go за муабетите за уигрувања и слично, јак играч со еден до два тренинга може комотно да се вклопи у било кој тим,башка што до тој момент веќе бил у тренажен процес.
Најважно е тренерот да скоцка добитен систем до почеток на сезона, и за време на подготовките физички тимот да е спремен за новите предизвици, а не ко лани, на концидионен план биле нула на сам старт од сезона, сеа од тоа што можам да го видам делуваме далеку подобро и поспремно у пријателскиве, и случајно или не у второ полувреме играат ко да нема утре, прво калкулираат и физички ич не се трошат, разлика ден и ноќ беа и со шалке и со лион во второ.
У пакет со ова, доаѓаат и засилувањата кои ќе ги одбере Спалети, ко што реков, побарал 5 играчи, а тука не спаѓаат оние кои до сега се донесени, од тие 5 најверојатно далберт ке е еден, другите 4ца ќе видиме, до тогаш ... само претпоставки и непотребно кревање на паника.
Барбоса премногу се труди да се докаже што многупати наместо да подаде тој шутира од неизградена позиција. Јоветиќ е класа и наместо да го продаваат и јас сум да остане ако ништо друго бар за длабочина на тимот.
Гори од желба да се докаже, али сепак постои простор да биде позајмен али само во тим каде ке му се гарантира константно играње, нешто ко Коутињо со Еспањол.
Тоа највеќе му фали, консантност, у интер тешко дека ќе ја има сезонава, нарочито ако дојдат ди марија и кеита.