... САМО брзо одење, а ќе избегаваш и трчање и скокање и дигање тегови и терет, но немој да се замислуваш дека имаш некоја тешка болест па сега со тоа „ ќе се фалиш“
Шум на срце
не мора да е сериозна болест, тоа е звучен „феномен" поради турболенцијата на крвта при движење низ срцевите шуплини и низ крвните садови најчесто присутна кај детска популација и ако турболенцијата се создава низ срце со здрави структури (КАКО ШТО Е КАЈ ТЕБЕ) шумовите не се патолошки!
е сега, ако имаме абнормални срцеви структури стеноза на крвните садови, лабави валвули или стеснување (стеноза) на валвулите (залистоци) било да се од вроден карактер или стекнат во текот на животот проследени со клинички симптоми од тип на заостанување во телесната тежина ( НАПРОТИВ ТИ СИ ЗДЕБЕЛЕН),брз замор при напор( СИ ИСТРЧАЛ ЦЕЛ ПОЛА СААТ БЕЗ ПРЕКИНИ ТУКА НЕ СИ СО БРЗ ЗАМОР ), помодрување при напор, тахипнеја (забрзано дишење), рецидивантни респираторни инфекции...итн
ти можеби како дете си добил шум поради анемија (поради намалена вискозност на крвта), покачена температура и ШУМОВИТЕ со тек на време се изгубија, но во определен период може да се слушне повторно и тоа кога имаме забрзано чукање на срцето тахикардија од било која причина ( КАЈ ТЕБЕ ОД ТРЧАЊЕТО) не верувам дека си анемичен и пак ќе повторам ВАКОВ ШУМ БЕЗ ОРГАНСКИ ПРОМЕНИ НА СРЦЕВИ СТРУКТУРИ Е НОРМАЛНА БЕЗОПАСНА ПОЈАВА, но сепак ете да бидеме претпазливи и да не грешиме како си погрешил ти со исфорсираното трчање !