Soccer Manager (Други Лиги)

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Пред некој месец начекав Драфт Лига со слободен влез, беа слободни само Челзи, влегов во тимот и шо ќе видам, тој пред мене купил само одбрана(немаше лев бек) и напад, средина ни еден играч немаше,голмани двајца со 86 рејтинг, пари 0,сите играчи трансфер бан, одма напуштив.:icon_mrgr:
Каде бре таа Драфт лига? :D

Како ја бараше? Како да ја најдам јас? xD
 
Последно уредено:
Каде бре таа Драфт лига? :D

Како ја бараше? Како да ја најдам јас? xD
Барав да биде прва сезона, да има од 10-20 тима, слободен влез и костом лига да биде и онака утума влегов, од после видов дека е драфт.
Пробав да ја најдам во хистори на пролфилот ама не ја дава оти ни една утакмица не изиграв.

p.s: Да не сакаш да ти продадам нешто таму со Монако кај шо играш, ќе се откажувам :)
 
Оти бе ќе се откажуваш? Кај ќе одиш? :D Или виде не ти оти нешто, хехехе.. Санчез го имаш?
 
sdsd.jpg

Изгубив денеска од Атлетико. :(

Следно коло играм со Челзи, Арсенал игра со Атлетико, а Реал со Јуве. Најмерак ми е со кокошкиве да зеам титула. Имам ептен интересно скоцкано тимче, кое е организирано околу главните играчи на Тотенхем IRL, само со Давид Силва и Кавани (кој му е замена на Кејн) од играчите што се 94+, како и Погба и Маркизио како засилувања на средината. Ама ете баш денес се усраа, шанса не направив цела утакмица, на домашен терен и тоа. :mad: :mad:
 
Последно уредено:
@ManUtdChampions е новиот менаџер на Вардар во Балканската АБА Лига

Чемпионс го превзема тимот на Вардар во 32рото коло од 4тата сезона на АБА Лигата. Црвено-црните се моментално на 13тата позиција во Дивизија 2 без никакви шанси ниту за место во плеј офот. Тоа значи дека ќе има доволно време до стартот на наредната сезона да си направи тим по мерка, а потоа и да атакува на пласман во првата лига. Од другите македонски екипи, Шкенија е лидер на табелата во втората лига и скоро сигурена и е промоцијата, а Пелистер е трет на само поен зад Железничар кој го држи второт место кое обезбедува директен пласман во најсилната Балканска лига. Тука се и Работички на 10тата, како и Македонија ЃП на 15тата позиција. Македонија оваа сезона нема претставник во Првата АБА Лига, каде моментално лидер е грчки Панатинаикос со 10 поени предност пред второпласираниот РНК Сплит.

Чемпионс имаше и многу поуабви понуди од прволигаши, кои има и повредни тимови и поголеми буџети, но му се допадна проектот на Самсоненко и заедно ќе се обидат да ја донесат Балканската титула во Скопје. Моменталниот ростер на Вардар е следниот:

sdd.jpg
asd.jpg

Буџетот на тимот е 188м, доволен за да се направи тим кој ќе биде микс на искуство и младост, па и најверојатно доволно добар за борба за промоција следната сезона. Има многу одлични играчи на располагање, нормално, најголемиот дел од нив се и прескапи за Вардар, но Чемпионс изјави дека ќе се обиде да донесе бар 3 ѕвезди околу кои ќе го формира својот тим.
 
^ Добра е лигава... влезете и вие. Уште Македонија Ѓорче Петров е слободна од македонските
 
Работнични слободен е ? Или само Македонија ЃП? По колку пари има на располагање за трансфери? Пример во Македонија ЃП доколку само тој тим е слободен?

Да не испадне само џубрето останато како во ЛЕ :D
 
Јас ги земав Работнички.
Има слободни играчи и буџет од околу 100 милиони
 
Јас ги земав Работнички.
Има слободни играчи и буџет од околу 100 милиони

Ај дај код да видам шо се дешава, но не гарантирам дека ќе играм. Може ќе испадне ко гифот од Симпсонови, влегов, видов и излегов, а може и не :D
 
Ај дај код да видам шо се дешава, но не гарантирам дека ќе играм. Може ќе испадне ко гифот од Симпсонови, влегов, видов и излегов, а може и не :D
253709
 
Интересно, со Грци, Турци и Албанци да им покажеме кои менаџери сме :misticen:

Туку кои членови со кои тимови сте? Борче со Вардар, Дани со Работнични, останатите со кои тимовие сте?
 
Да беше слободен Борац Бања Лука и ја ќе играв. Ако се ослоби некад Борац ицимајте ме.:D
 
Интересно, со Грци, Турци и Албанци да им покажеме кои менаџери сме :misticen:

Туку кои членови со кои тимови сте? Борче со Вардар, Дани со Работнични, останатите со кои тимовие сте?
@Mad_Coko е во Будуќност. :D

Еии дани ќе ми го собере Бејли. :(
 
Македонија ЃП победи против првопласираната Шкендија и тоа со 3:0 и покрај црвениот картон што го заработи Саул во 48-та мин. Вернер и Јонас постигнаа по еден гол и по една асистенција.
Саул за жал ми е суспендиран за 3 натпревари.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom