Чаир, ду ју спик инглиш?

  • Креатор на темата Креатор на темата OMG!!
  • Време на започнување Време на започнување
Требало кога ти рекол ду ју спик инглиш, да му речеш но ме хабла еспањол да го збуниш малце
 
Ај подобјасни кај точно се наоѓа супермаркетов :)

Јас живеам во Чаир веќе 23 години, и не сум имал проблеми од ваков тип... Изгледа ти си налетал на некој косовар од Дижонска што нема 2 чисти во тоа мозокот. Има голема разлика од албанец и косовар во Чаир...енормно голема разлика
Баш карши Чаирчанка, од другата страна на улицата Цветан Димов.
Требало кога ти рекол ду ју спик инглиш, да му речеш но ме хабла еспањол да го збуниш малце
Е да.. ама ако знае шпански? Такви ништо чудно и кинески да знаат:D
 
Може секој да влезе и да го сними тој однос.
Добро би било за у јавност вака црно на бело.
 
Може секој да влезе и да го сними тој однос.
Добро би било за у јавност вака црно на бело.
И мене тоа ми падна на памет, само што јас ако влезам не сум сигурен дали ќе го направи истото, и плус треба да е тој истиот, девојчињата што седат на каса не верувам дека имаат муда за таков потег.
 
Епа така ти е кога не сакаш да го учиш да го причаш на Аљбански језик :mad:
Шала на страна но јбг тоа е тоа ... секој си се држи до својот род и јазик, не е чудно и во некое доминантно Ромско маало ко што имаат права да почнат да ти говорат само на Ромски јазик и да се прават на Тошо дека не знаат Македонски, исто и во некое Турско маало да ти говорат на Турски и да се прават дека не знаат воопшто Македонски јазик и.т.н. едноставно Македонија е мултиетничка држава по устав (не е национална држава) и сите малцинства колку се 7-8 во државава имаат исти права како и мнозинскиот Македонски народ, не се само Албанците проблем, ова ви го кажувам онака чисто од терен колку да си знаете дека проблемот е многу поголем, не се само Албанците проблем туку и останатите малцинства особено оние кои се по 100 илјади или повеќе во државава имаат одредена моќ, особено во реоните каде што се доминантни и ова не го кажувам за да навредам некого, туку само како постоечки факт од терен го кажувам !
 
Шала на страна ова можеби би го сфатил ако некого прашаш за улица или слично па те корпоса на овој начини но во трговија или бизнис општо нема тука не знам македонски финти. Купувачот или клиентот е секогаш во право, и на кинески да ти зборува некој ќе се потрудиш да сфатиш што сака и ако може да услужиш. Ако некој ваков копиш се јави каде тој сака да е газда однапред е осуден на пропаст. Да сум на твое место би одел би го сликал објектот и би го раширил по интернетов и име и место кај е (ова бар сега е лесно). БИ ги натерал и албанците да не купуваат од кај него а не само македонци или било кој други. Гарантирам дкеа на една ваква лоша реклама би се појавиле бар три негови комшии по бизнис и би пишале повели кај нас батали тој копук шо незнае да се понаша со муштерии.
 
Не генерализирајте.

А тоа како некој ќе ти се обраќа во приватен објект е лично негово право. Тоа што јас не знам или не сакам да се обратам на албански треба да претставува навреда за Албанец муштерија?! Дај не се филмајте.....

Да отидеш во јавна институција и да ти биде скратено правото на обраќањење на мајчин јазик во истата, тогаш да, имаш право на револт и негодување а останатото е: Демократија и право на личен избор.
 
Види, ти може да им караш на муштериите, никој не вика дека има закон за тоа НО едноставно не е добро за тебе во бизнисот. Овде, бар јас, не разговарам колку тој има право не да те услужи како што доликува но од општа култура на однесување вакви испади не се добри ни за него како човек ниту за него како тргвовец во случајов или били што да работи. Ако сите така „бирале“ муштерии и со нив се однесувале како сакаат сега сите ќе беа бизнисмени и никој немаше да пропадни. Уште еднаш викам, име, локација и се друго на големо и конкуренцијата ќе го изеди за брзо...
 
5000 евра казна!
 
Да ама овде имаме навреден граѓанин за никаква причина и маса на луѓе кој повикуваат на хајка, линч и оцрнување врз некој си локал таму. Тоа е проблемот.
 
можеш и слика од гугл мапс со пин да стаиш, да се знае тачно кај е тој дуќан
 
Баш карши Чаирчанка, од другата страна на улицата Цветан Димов.

Епа човек си требало да му вратиш " Причај српски, да те и Алах разуме!!!". Ете ти полоша навреда, ако веќе копукот сакал да те испровоцира врати му со иста мера.
 
Тоа е ланец на продавници, како Принц на пример, или самостојна продавница маалска?
 
Да ама овде имаме навреден граѓанин за никаква причина и маса на луѓе кој повикуваат на хајка, линч и оцрнување врз некој си локал таму. Тоа е проблемот.
Муштеријата е секогаш во право... изгледа не си работел со луѓе па не го знаеш ова. Причина има, каква и да е таа, едноставно некоректен одност кон муштерија е доволна причина за незадоволство. Ако ме прочита јас не кажав ништо за линч на човекот или генерализирање на сите албанци во еден кош но дека треба да сноси последици од намален/никаков промет. Покажување со прст и да излези во минус на сметка на крај тоа да, треба и мора!
 
Ваков случај сум осетил и у странство, со разлика што виетнамецот у Виена не дека намерно, него толку знае и башка у таков кварт бев тогаш.

А ова кај нас е више чалам. Дај стварно google maps да видиме за кој станува збор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom