- Член од
- 26 јануари 2009
- Мислења
- 12.011
- Поени од реакции
- 18.822
Епа сега кој на кого позајмил, не знам. Ама знам дека именката sar на еврејски означува: војсководец, шеф, капетан, владетел, принц. Така да значењето на зборот sarissa (на грчки sarisa) треба да се бара во претходните зборови.
http://strongsnumbers.com/hebrew/8269.htm
Е сега кај нас Цар официјално доаѓа од Caesar. А Caesar во Рим претставувало надимак за одредена фамилија или клан, конкретно кај фамилијата на Гај Јулиј Цезар. Кај Римјаните кога ќе се родело дете му се давале три имиња. Првото име (praenomen) е основното име, второто име е всушност презимето на личноста или името на фамилијата, кланот односно племето од која доаѓала личноста. Третото име (cognomen) е надимакот на фамилијата, во случајот со Гај Јулиј тоа било Caesar. Возможно било да имаш и четврто име (agnomen), но тоа е надимакот со кој ќе се здобиела самата личност во текот на животот. Така да тој надимак можел да се присвои и како четврто име. Конкретно за значењето на зборот caesar постојат повеќе теории. Првата е дека некој предок на Цезар имал густа коса, односно на латински caesaries што означува глава со коса. Но со оглед на тоа што се верува дека Цезар бил проќелав, може и да не било ова вистинското значење. Втората теорија била дека некој предок на Цезар имал светло сиви очи или на латински caesiis. Третата теорија, која воедно му била и омилена на Цезар, е дека некој негов предок убил слон (на латински caesai in Moorish), поради што тој ковал пари со слонови.
http://www.dailywritingtips.com/caesar-kaiser-and-czar/