Александар Македонски или Александар III Велики ( По освојувањето на старогрчкитеградови-држави под водството на неговиот татко Филип II Македонски, Александар ја покорил моќната Персиска Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет, и Месопотамија, и ги проширил границите на Македонија, дури до Авганистан и Индија. Александар спрема освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи немакедонци во неговата војска и администрацијата, воден од мислата да создаде „светска држава“.
Александар се родил од првиот брак на Филип со епирската принцеза Олимпија во триста педесет и шеста година пред нашата ера во почетокот на месецот хекатомбајон кој Македонците го нарекувале лоос.
Истиот ден кога се му се родил првиот син, кај Филип стигнале гласници кои го известиле за победата над Илирите, и победата на неговиот коњ на Олимписките трки. Неговата мајка му била поблиска по душа и влијанието на оваа демонска жена му оставила неизбришлива трага врз него.Татковиот пак, дипломатски, војнички и политички успех го поттикнало неговото честољубие и ги разгорил неговите соништа за водство и слава. Кај Плутарх се спомнува дека “Александар не сакал да го добие од својот татко златото, раскошот и уживањето, туку го сакал кралството кое ќе му пружи можност за борби, војни и дела полни со чест и слава”. Меѓутоа Филип на Александар му должел многу повеќе од едно кралство. Никој не можел да го упати подобро во воената вештина од човекот чија власт непрекинато извојувала победи, а војската која ја создал татко му била најсовршеното оружје кое човек можел само да го посака за остварување на неговите желби. Иако зафатен со себеси и со своите работи, рамнодушен и груб спрема својот најближен, Филип очигледно имал слабости спрема својот наследник и со гордост и уживање го следел развојот на неговата силна индивидуалност.
Роден од таква мајка и таков татко, Александар ја имал и среќата да стане ученик на најголемиот филозоф и научник во антиката. Кога Александар имал четиринаесет години, Филип го довел Аристотел во Македонија и му го доверил воспитувањето на својот син. Аристотел тогаш бил околу четириесет години и сѐ уште бил еден од најистакнатите ученици на Платон, далеку од неговата понатамошна слава. Тој бил зет и пријател на малоазискиот владетел Хермиј, кој пак со Филип одржувал добри пријателски односи. После умирањето на Платон, Аристотел се повлекол на дворот на Хермиј, каде се наоѓал и кога Филип го повикал во Македонија.
Во малото место Миези, во внатрешноста на Македонија, во градот Нимфеон, идниот крал и неговите другари врсници биле воспитувани во хеленски дух. Аристотел не сметал дека на идниот владетел му е потребна посебна настава која практично би го подготвувала за должноста која го чекала. На влијанието на Аристотел врз учењето на Александар, истотака може да се препише и неговото големо интересирање кое го покажува кон природните науки, по што и неговите освојувачки војни често добивале карактер на истражувачки експедиции кои ги збогатиле географијата, етнологијата, биологијата, ботаниката, метеорологијата и многу други науки.
Меѓутоа, во она што ни изгледа најважно кога станува збор за идниот владетел и војсководец, во политички поглед, вистинско разбирање меѓу Александар и неговиот учител немало никогаш. Во својот став спрема варварите, Александар бил пред следбеник на Антистеновата школа која била долга традиција на Македонскиот двор, а не на Аристотеловата. Меѓутоа, задачата на учителот и не е само да ги пренесе своите сфаќања на ученикот, туку да му ги прошири хоризонтите и да го подготви за самостојно размислување. Аристотел останал на Македонскиот двор до стапувањето на Александар на престолот на Македонија, но неговата наставничка мисија траела најмногу уште три години.
Младиот владетел и покрај подучувањата од Аристотел останал варварин, се научил да ја почитува културата на Хелада и сонувал за распространување на таа култура на Исток по патеките на неговата победничка војска. Развитокот на грчката трговија и размножувањето на грчките трговски места во Мала Азија создале економска можност и оваа област да стане член на Македонското Царство и Александар се надевал дека од ова место ќе зрачат само Македонската и Хеленската култура, но тој ја потценувал тромоста и отпорната сила на источниот дух, а и големината и длабочината на источната култура. Најпосле тоа било младешко вообразување, кога тој мислел дека една така незрела и нестабилна култура, како што била хеленската може да се наметне на некоја друга култура која била неспоредливо пораширена и имала корен во традициите достојни за најголемо почитување. Квантитетот на Азија излегол премногу крупен спрема квалитетот на Хелада. Во моментот на најголемата слава, во Александар победил духот на истокот. Тој покрај повеќето жени се оженил и со ќерката на Дариј, ја зел персиската круна и се облекувал како персиските кралеви, го вовел во Европа источниот поим „крал по милост Божја“ и најпосле ја запрепастил Хелада кога во величенствен стил изјавил дека тој е бог. Хелада на тоа се смеела, а Александар се опивал до бесвест, која подоцна го довела и до смрт.
Александар станал крал на Македонија во 336.г.п.н.е. на дваесетгодишна возраст, откако неговиот татко Филип II бил убиен. Грчките градови како Атина и Теба, кои морале да му се покоруваат на Филип, виделе можност да си ја повратат целосната независност во доаѓањето на младиот крал. Александар на тоа брзо се спротивставил, и Теба, која била најактивна против него, веднаш се предала кога тој со својата војска се појавил пред нејзините порти. По ова, Грчките градови, на собирот кај Коринтскиот теснец, со исклучок на Спартанците, го избрале за командант против Персија, како што претходно бил и татко му Филип.
Следната година (335.п.н.е.) Александар ги нападнал Тракијците и Илирите за да ја обезбеди северната граница на Македонија до Дунав. Додека тој победнички војувал на север, Тебанците и Атињаните повторно се побуниле. Александар реагирал веднаш и сурово: Теба,која давала најсилен отпор, била освоена со големо крвопролевање, градот бил разурнат, а неговата територија разделена меѓу останатите Беотијски градови. Тебанците биле продадени во ропство, а само свештениците, потомците на поетот Пиндар, и приврзаниците на Македонија биле поштедени.
__________________________________
Zaklucok:Od drevni vreminja,nasiot anticki kral Aleksandar Makedonski vo borba protiv Helenskite plemininja i gradovi.Samiot gi pokoril i unistil Grcite.