Се вратив
Кој друг од тие екипите што ги ставаш пред Дортмунд има толкава константност во 5 сезони 4 пати да играл во нокаут фазата и три пати во 1/4 финале?..и тоа како е тоа константност..некој неможи ниту еднаш да влези во таа нокаут фазата..значи Дортмунд покажале квалитет и знаење за да стигнат дотаму со години
И ова мене како мајтап ми делува,многу повеќе титули имаат Наполи и Рома(НУЛА).
.екипи што неможат да поминат квалификации за ЛШ ги ставаш пред Дортмунд бидејќи имале многу повеќе титули(НУЛА) во домашното првенство..или едната куп титула на Наполи е МНОГУ повеќе од истата куп титула на Дортмунд?
..Спортинг(НУЛА),Бенфика(лично ги симпатизирам) и покрај толку титули во домашното првенство неможи да е пред Дортмунд во никој случај поради некостатноста во ЛШ(двапати испаѓаат од групи и се топовско месо за останатите),Порто
,Лечестер и Монако само ЕДНА СЕЗОНА..е една ластовица не ја прави пролета..ете бујрум нека изиграат 3 сезони со ред вакви па можеби ќе бидат пред Дортмунд...Севиља нека има колку сака титули во ЛЕ кога во ЛШ и во домашното првенство е топовско месо со фразата "битно е да се учсетвува", а Дортмунд не е топовско месо за разлика од нив....и по истиот критериум(мојот што тврдиш ти) сите овие тимови се зад Дортмунд.
Пази уште еднаш Наполи,Спортинг и Рома
..со многуте повеќе титули(НУЛА НУЛА НУЛА)
..да си ебиш веко
Арсенал напоменав зошто се лузери во друга конотација а не во споредба со Дортмунд..за мене Арсенал можеби е понапред од Дортмунт во таа листата од Топ 10 и заслужува да се најди таму ама дека се лузеришта тешки што ги туркаат гаќите пред натпревар тоа му седи..Дортмунд секоја година не јади по 5-6-7-10 парчиња од Баерн Минхен туку игра натпревари во егал со нив..еден прост пример ти е ова.
Втора сила во Германија бидејќи во последните 5 сезони имаат ТРИ ПАТИ завршено 2-ро место,еднаш 3-то и еднаш 7-дмо..фудбалот не се играше само изминатата сезона..и да во 5 сезони има 4 ПАТИ ИГРАНО ФИНАЛЕ DEUTSCHE POKAL и еднаш освоено..тоа е пример за ВТОРА СИЛА во Германија бидејќи ниту Лајпцих,ниту Хофенхајм,ниту Леверкузен немаат вакви достигнувања..ботски екипи се тие во споредба со Дортмунд..
И кога влегувам екстремно тогаш сигурно имам некоја основа зошто е тоа така и збир на аргументи,а не вакви глупости без никаква основа..неможиш во никој случај да ги ставиш Лајпцих,Леверкузен и Хофенхајм ред Дортмунд дури ни нивните најверни фанови не веруваат во ова.