Па што има Лукаку тоа што го нема Бентеке? За Бентеке се сеќавам Пеја ми се расправаше дека бил добар играч, ваков, таков, онаков па на крајот испадна како што напишав дека е просек и го снема Пеја со неговите експертизи, после јас сум се контрал. Ајде сега ставетеја статистиката дека имал најмногу голови после Цане во последните 5 години можеби тоа ќе го направи подобар играч.
Првин, батали го Бентеке и колку бил просек оти со минутажата што ја доби, покажа дека е солиден напаѓач. И не испадна дека е просек, туку Клопчо има/ше друга идеја за играње напад. Може да расправаме до сто и назад за ова т.ш. батали. Исто како јас да ти речам дека ти реков дека Нолито уствари не е магионичар и е просек (при што испаднав во право, нели
) оти гледај кај заврши од Сити.
Лукаку, за комплетен напаѓач (како Кејн пример - ама да сме реални, поголеми се шансите Меси да се пресели на ОТ него овој) каков што сакам да го предводи нападот на Јунајтед - не е. Исто е и далеку од просек. Впрочем, не би сметал напаѓач како просек кој што секоја сезона ја завршува околу магичната бројка 20. Добар тим кој што има напаѓач од 20 голови во лигата е конкурент за титула, толку. Не креирам статистика, колку да е јака статистика. Чисти бројки се за напаѓач кој носи титула.
Другово е лично и можеби субјективо но, Лукаку како трансфер цел ми се допаѓа. Далеку подобра варијанта од Мората и се надевам ќе се откажат од него без разлика дали ќе бидне трансферов или не. Друго, тоа што ќе го внесе во составот е многу поразлично од тоа што го нудат Рашфорд и Марсијал - ќе се надополнуваат, ќе си бидат здрава конкуренција еден на друг и што е најбитно сите ќе се развиваат како што треба ( се разбира ако Мурџо не измислува топла вода за селфмотивејшн, бранење на 1-0, дупли бекови и такви глупости). А најбитно ми е што мислам ко од шала ќе стигне до бројка 20 голови. Сметајте го колку сакате едносмерна улица, се мести само на лева и има само игра со глава -не ме интересира. Ги пратев доволно Евертон да знам каков осет за простор и тајминг има. Сеа за брзината во право сте, јеби га.