ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.863
- Поени од реакции
- 44.306
- Возраст
- 30
Wimbledon 2017
Неофицијалното Светско првенство во тенисот, започнува токму денес и ќе се игра во текот на наредните 2 недели, до 16ти Јули. Според мене може да очекуваме многу интересни турнири и во машка и во женска конкуренција, без некои поизразити фаворити ниту кај едните, ниту кај другите.
Кај мажите бранител на титулата е Енди Мареј, кој е и прв носител и број еден тенисер во Светот. Но формата на Мареј во 2017та е мизерна и ако судиме според тоа, многу тешко дека ќе успее да дојде до својата 3та круна на Вимблдон. Кога би издвоил еден тенисер како фаворит за освојување на турнирот тоа би бил Роџер Федерер, кој на 35 години има реално добри шанси за освојување на 2 ГС титули во една сезона. Роџер е маестрален оваа година, а веќе освоените 7 титули во Ол Ингланд Клубот даваат дополнителна тежина на неговата улога на овие терени. Тука е и Џоковиќ, кој го освои Истбурн пред некој ден, како и не толку сјајниот на трева - Рафаел Надал, кој исто така доживува "втора младост" оваа сезона. Ноле и Рафа, заедно со Стен Вавринка чекаат кикс на Мареј со што би можеле да ја нападнат позицијата тенисер број 1 во Светот уште на овој турнир. Ждребот во машка конкуренција, тука.
Во женска конкуренција дефинитивно ќе имаме нов освојувач на Вимблдон. Серена Вилијамс триумфираше минатата сезона, а како што сите знаеме таа е бремена и не е во можност да игра на овогодинешното издание. Азаренка од друга старна се враќа после бременоста и иако не е во топ форма, јас лично се надевам дека ќе истурка што е можно подалеку. Како фаворит искрено не знам која би ја издвоил, бидејќи кај жените буквално се е можно. Носител број 1 е Кербер, која минатата сезона стигна до финалето. Ждрепката за жените.

Последно уредено: