Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Заев е ситен криминалец (во споредба со многу други од типот на Груевски, мијалков, Бранко, Љубчо и други), кој беше неправедно аболициран од страна на Бранко, по истиот модел, по кој работеше фамилијата и нивниот приврзок Иванов и кој беше фатен како бара мито, на снимка. Он можда ќе ја достигне магнитудата на Груевски или Бранко (во искористување на својот народ и земја за своја сметка), али сега за сега, добри работи прават (иако е рано, иако и Груевски делуваше така, на почеток, а види у што се претвори)
Со тоа кажано, Заев е далеку поприкладен кандидат за власт од двоецот Груевски/Мијалков, чии дела у однос на истите на Заев, се како Монт Еверест надвиснат над Панонска Низина.
Муабетот беше за снимката, за тоа викаат дека земал мито значи сигурни се имаат докази, и кога ќе прашаш кои докази тогаш викаат снимката. Па ако за еден важат снимки како доказ нека важат и за друг. А и дека земал мито немаат доказ, да имаа немаше ни избори да дочека Заев.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.125
Поени од реакции
83.733
Муабетот беше за снимката, за тоа викаат дека земал мито значи сигурни се имаат докази, и кога ќе прашаш кои докази тогаш викаат снимката. Па ако за еден важат снимки како доказ нека важат и за друг. А и дека земал мито немаат доказ, да имаа немаше ни избори да дочека Заев.
Тоа што Груевски нема доказ дека Заев земал мито, во очите на јавноста, ќе го ослободи Заев од сомненијата исто толку колку што ќе ги ослободи предавнициве од сомненијата произлезени од бомбите. Кои сомненија пак, се далеку поиздржани, поради оваа црна деценија која ја преживеавме (добро, некои ја преживеаја) под грујово водство. На нормалниот човек секако не му требаа никакви бомби за да му биде јасно каква ужасна предавничка багра го искористува.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.944
Поени од реакции
34.293
Na grujo ako se dokaze i rascisti deka e taka na primer da najdat finansiski trag od parite za mito da kazeme od kinezite, da apsolutno, i on i site umesani neka lezat. Zatoa go formiravme sjo. Do kaj se?
Грујо не може да биде десет години на власт, и да нема криминал направено, ако ништо друго за да им фрла на тие окулу него да останат послушни. Работата е само колку траги има оставено позади себе, и дали кучињата кои му се нас’скани се кадарни да ги најдат (очигледно не се). А СЈО не го направивме ние, туку странците ни го направија, алатка за да можат да менуваат и/или контролираат влади.



Лесно е да се воодушевуваме на експериментите кои се напишани на хартија и чекаат да бидат спроведени во пракса...
Како што веќе спомнав, човечката психа не знае за пишаниот збор и пишаните закони.
...нацистичкиот експеримент беше целосно ослободен од било каква активна или пасивна контрола, по што исто како и комунистичкиот експеримент, зад себеси остави планини од безживотни тела.
Одделни делови од еволуцијата на општеството можеш да ги наречеш експеримент. Нели првите обиди од родовски да се направат племенски заедници, биле своевиден експеримент? Првиот обид за обединување повеќе племиња, консолидирање територија, бил исто така експеримент?

Успешноста е единствениот релевантен критериум.
Тоа што го нарекуваш „нацистички и комунистички“ експеримент, нивни елементи имаш во модерните капиталистички држави. Многу примери има, ама еве само еден, Гебелс можеби не ја измислил пропагандата, ама неговите спефични методи ги копирале и САД, и други држави. Всушност денес успешноста на модерниот социјален инжинерниг во САД, го прави да изгледа како мало дете, со неговите едноставни и банални фолс флагови, од типот на облечи 10тина луѓе во непријателски униформи - демек те нападнале. Рушење пар огромни облакодери, е тоа е фолс флаг за паметење. :(


Примерот од книгата го кажав само како интересен систем, кој изгледа дека е отпорен на корупција. :)
Во ниеден момент не ценев колку е применлив денес и сега.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Тоа што Груевски нема доказ дека Заев земал мито, во очите на јавноста, ќе го ослободи Заев од сомненијата исто толку колку што ќе ги ослободи предавнициве од сомненијата произлезени од бомбите. Кои сомненија пак, се далеку поиздржани, поради оваа црна деценија која ја преживеавме (добро, некои ја преживеаја) под грујово водство. На нормалниот човек секако не му требаа никакви бомби за да му биде јасно каква ужасна предавничка багра го искористува.
Груевски ваков таков не е џукела ко некои сдсм овци и папкари да покренува кампања на стрижена, бричена, лепена, сечена..рекла-казала со помош на амерички амбасадори и еу бирократи и платеници. Тој како таков е жртва на таква постапка и долна кампања..од спомнатите папкари, амбасадори , бирократи и платеници...
Е сеа..неговите докази , ленти и останато се надевам нема да исчезнат од обвинителството , кое и да е .., кое ќе ги проучи и ќе каже или нема да каже, дали има или нема криминал. Остануе да почекаме, а не како тебе ужаснат лордовски да трчаме пред руда... :) :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.002
Поени од реакции
12.480
Одделни делови од еволуцијата на општеството можеш да ги наречеш експеримент. Нели првите обиди од родовски да се направат племенски заедници, биле своевиден експеримент? Првиот обид за обединување повеќе племиња, консолидирање територија, бил исто така експеримент?

Успешноста е единствениот релевантен критериум.
Тоа што го нарекуваш „нацистички и комунистички“ експеримент, нивни елементи имаш во модерните капиталистички држави. Многу примери има, ама еве само еден, Гебелс можеби не ја измислил пропагандата, ама неговите спефични методи ги копирале и САД, и други држави. Всушност денес успешноста на модерниот социјален инжинерниг во САД, го прави да изгледа како мало дете, со неговите едноставни и банални фолс флагови, од типот на облечи 10тина луѓе во непријателски униформи - демек те нападнале. Рушење пар огромни облакодери, е тоа е фолс флаг за паметење. :(


Примерот од книгата го кажав само како интересен систем, кој изгледа дека е отпорен на корупција. :)
Во ниеден момент не ценев колку е применлив денес и сега.
Мило ми е бидејќи најдовме заеднички јазик околу фактот дека ниту еден систем на општествено уредување не е имун на корупција.

За жал, кога зборуваме за општествената еволуција, таа со себеси носи политички експерименти, и додека можеби тоа било во ред и прифатливо во минатото, како што се укинување на ропството и феудализмот, еднакви граѓански слободи и права за сите, денешните политички експерименти се претежно анти-еволутивни, како што е експериментирањето со увезување на имигранти од држави со мнозинско муслиманско население во централна и западна Европа, каде што ваквите имигранти наместо да се асимилираат - што е природна еволуција, тие го прават спротивното - сакаат нивниот примитивен и средновековен исламистички експеримент од Африка и од блискиот исток да го спроведат во Европа, а тоа не е ни малку еволутивно, туку анти-еволутивно.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Груевски ваков таков не е џукела ко некои сдсм овци и папкари да покренува кампања на стрижена, бричена, лепена, сечена..рекла-казала со помош на амерички амбасадори и еу бирократи и платеници. Тој како таков е жртва на таква постапка и долна кампања..од спомнатите папкари, амбасадори , бирократи и платеници...
Е сеа..неговите докази , ленти и останато се надевам нема да исчезнат од обвинителството , кое и да е .., кое ќе ги проучи и ќе каже или нема да каже, дали има или нема криминал. Остануе да почекаме, а не како тебе ужаснат лордовски да трчаме пред руда... :) :)
Груевски жртва...аииииииии....кутричкиот тој:place:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.944
Поени од реакции
34.293
...експериментирањето со увезување на имигранти од држави со мнозинско муслиманско население во централна и западна Европа, каде што ваквите имигранти наместо да се асимилираат - што е природна еволуција, тие го прават спротивното - сакаат нивниот примитивен и средновековен исламистички експеримент од Африка и од блискиот исток да го спроведат во Европа, а тоа не е ни малку еволутивно, туку анти-еволутивно.
Целта на овој „експеримент“ (саботажа е посоодветен термин), е уште повеќе да се поделат општествата во западните држави. Поделени општества, резултираат со единки кои полесно се контролираат. Унитарни еднонационални општества, се големи сплотени групи луѓе со ист интерес, и таквите не се контролираат лесно да прават работи кои не сакаат да ги прават - како на пример да работат за малку пари, и да водат империјалистички војни за нивните елити.

Овде кај нас во Македонија, тој процес на поголема поделба прво го постигнаа со јакнење и помагање на внатрешниот сепаратистички, исто муслимански, фактор. Потоа понатаму не разделија по партиска основа, благодарение на простотилукот и краткогледоста на партиските навивичи и послушници.
Во меѓувреме не делат и по многу други основи. Со приватизацијата не поделија по економски основи, и воедно ни направија мини локална елита, кои се нивни први послушници. Не делат по основа на сексуална ориентација, во традиционално патријархална средина промовираат моменти како геј паради, непотребни дефилеа и декларации на сексуалноста кои додатно го продлабочуваат јазот во општеството (замислете сите секусални ориентации да треба да прават паради, каква е потребата од тоа?). Не преплавија со разни време-одзимачки геџети, за да ги одвојат луѓето од реалноста. Во кафеани и ресторани денес повеќе се фотографираат јадења, и се постираат онлајн, отколку што се ужива во добро друштво, во јадење и пиење. Итн, итн...

Мислам дека вакво забрзано, и поважно - контролирано, менување на општеството, немало никогаш наназад во човечката историја. Дури ни преминот од ловци-собирачи во фармери, не бил оволку торбулентен. А како што тргнале работите, визиите на Алдус Хаксли (како во Храбриот Нов Свет) моментално ми изгледаат прилично оптимистички. :(
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.520
Поени од реакции
24.787
Грујо не може да биде десет години на власт, и да нема криминал направено, ако ништо друго за да им фрла на тие окулу него да останат послушни. Работата е само колку траги има оставено позади себе, и дали кучињата кои му се нас’скани се кадарни да ги најдат (очигледно не се). А СЈО не го направивме ние, туку странците ни го направија, алатка за да можат да менуваат и/или контролираат влади.




Одделни делови од еволуцијата на општеството можеш да ги наречеш експеримент. Нели првите обиди од родовски да се направат племенски заедници, биле своевиден експеримент? Првиот обид за обединување повеќе племиња, консолидирање територија, бил исто така експеримент?

Успешноста е единствениот релевантен критериум.
Тоа што го нарекуваш „нацистички и комунистички“ експеримент, нивни елементи имаш во модерните капиталистички држави. Многу примери има, ама еве само еден, Гебелс можеби не ја измислил пропагандата, ама неговите спефични методи ги копирале и САД, и други држави. Всушност денес успешноста на модерниот социјален инжинерниг во САД, го прави да изгледа како мало дете, со неговите едноставни и банални фолс флагови, од типот на облечи 10тина луѓе во непријателски униформи - демек те нападнале. Рушење пар огромни облакодери, е тоа е фолс флаг за паметење. :(


Примерот од книгата го кажав само како интересен систем, кој изгледа дека е отпорен на корупција. :)
Во ниеден момент не ценев колку е применлив денес и сега.
Stvarno ne me interesira grujo. Ako uspeat da dokazat deka ukral edno evro treba da lezi. Istovo vazi za site. Problemot e sto vo mkd redovno ima selektivna pravda ali toa na noevi dzabe im objasnivas.

Isklucok pravam so glupostive za kolata, tuka smetam deka ima pravo da odbere i bara sto saka posto on i ja koristi. Ne mi smeta sto e potroseno poveke, zaev slobodno neka uziva u nea isto. Za nekoj na takva pozicija potrebno e reprezentativno vozilo so adekvatna zastita. Vo mk veke imavme eden obid za atentat na pretsedatel so kola taka da tuka treba da ima malku sloboda pri izborot.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.944
Поени од реакции
34.293
Stvarno ne me interesira grujo. Ako uspeat da dokazat deka ukral edno evro treba da lezi. Istovo vazi za site. Problemot e sto vo mkd redovno ima selektivna pravda ali toa na noevi dzabe im objasnivas.
Е сеа за едно евро, и ти. :)
Едно за црквата, едно за Ицето... ;)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.002
Поени од реакции
12.480
Целта на овој „експеримент“ (саботажа е посоодветен термин), е уште повеќе да се поделат општествата во западните држави. Поделени општества, резултираат со единки кои полесно се контролираат. Унитарни еднонационални општества, се големи сплотени групи луѓе со ист интерес, и таквите не се контролираат лесно да прават работи кои не сакаат да ги прават - како на пример да работат за малку пари, и да водат империјалистички војни за нивните елити.

Овде кај нас во Македонија, тој процес на поголема поделба прво го постигнаа со јакнење и помагање на внатрешниот сепаратистички, исто муслимански, фактор. Потоа понатаму не разделија по партиска основа, благодарение на простотилукот и краткогледоста на партиските навивичи и послушници.
Во меѓувреме не делат и по многу други основи. Со приватизацијата не поделија по економски основи, и воедно ни направија мини локална елита, кои се нивни први послушници. Не делат по основа на сексуална ориентација, во традиционално патријархална средина промовираат моменти како геј паради, непотребни дефилеа и декларации на сексуалноста кои додатно го продлабочуваат јазот во општеството (замислете сите секусални ориентации да треба да прават паради, каква е потребата од тоа?). Не преплавија со разни време-одзимачки геџети, за да ги одвојат луѓето од реалноста. Во кафеани и ресторани денес повеќе се фотографираат јадења, и се постираат онлајн, отколку што се ужива во добро друштво, во јадење и пиење. Итн, итн...

Мислам дека вакво забрзано, и поважно - контролирано, менување на општеството, немало никогаш наназад во човечката историја. Дури ни преминот од ловци-собирачи во фармери, не бил оволку торбулентен. А како што тргнале работите, визиите на Алдус Хаксли (како во Храбриот Нов Свет) моментално ми изгледаат прилично оптимистички. :(
Се што спомна е точно, но јас би потенцирал дека после реченицата која ти завршува со мини локалната елита како први послушници на крвопијците, се што спомна понатаму не важи само за нас во Македонија, туку општо и во целиот свет.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.944
Поени од реакции
34.293
Апсолутно. Токму затоа и ја направија приватизацијата, и тоа плански ја направија така како што се направи. Ним сеедно им е кој е во локалната елита, се додека има со кој да се разберат на нивни заеднички (финансиски) јазик.

Важното е да се емулира нивиот западен систем, одличен за корупција, добар за контрола и на популацијата и на политичарите. Класичен капитализам: Газди > Овчари (овде некои љубат да ги нарекуваат пастири) > Кучиња (разни органи за контрола на популација) > Овци
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.002
Поени од реакции
12.480
Stvarno ne me interesira grujo. Ako uspeat da dokazat deka ukral edno evro treba da lezi. Istovo vazi za site. Problemot e sto vo mkd redovno ima selektivna pravda ali toa na noevi dzabe im objasnivas.
Е сеа за едно евро, и ти. :)
Едно за црквата, едно за Ицето... ;)
Не знам дали важи тоа за едно евро, не помнам баш најдобро, но баш пред да дојдат или откако дојдоа пастирот и пвеводбениците на власт во 2006 година, во јавноста беше обелоденето дека според македонските закони, полицијата нема кривично да ги гони тие кои украле помалку од 100 евра или приватни предмети во вредност помала од 100 евра, под услов да не ги украле присилно.

Секако, оштетената страна има право да поднесе приватна тужба против крадецот, но додека да пресуди судот во корист на оштетената страна, судските, адвокатските и административните трошоци ќе изнесуваат значително многу повеќе од сумата на украдени пари или на украдени предмети во вредност помала од 100 евра. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom