Да, лани за опстанок се бореа, затоа годинава играа ЛШ. Лани Дортмунд изигра најдобро сезона во историјата на клубот. Истите муабети со Дембеле а 2 партии немате видено од него.
Јас не реков дека Дембеле е лош играч, него дека тоа е преголема цена за него. Но, кога може некој за Белоти да бара 100ка, кога може за Стерлинг 70+ милиони, тогаш може и за Дембеле.
Инаку не ти држи вода муабетот за ранкингот, пример Интер 2010 освои ЛШ и мислам уште 2-3 сезони котираше во топ 10 клубови само ради тоа, а факт е дека од тогаш до денес Интер има само една титула, а таа е во купот на Италија 2011 година и едно второ место во лига, па сега ти види колку Интер беше јак во тој период во однос на Барса, Реал, Баерн и компанија, а сепак котираше високо на листата на УЕФА. Не гледам проблем во тоа да признаеш дека Дортмунд е бар 2 нивоа подоле во однос на 3-4 сезони уназад, кога со Лева-Ројс-Геце-Кагава и компанија правеа хаос низ Германија и Европа. Не за џабе завршуваат позади Хофенхајм, менуваат тренери, имаат доста осцилации. Ти зборам ова без грам омраза зашо мене Дортмунд ми е еден од омилените тимови за гледање.