Форумџии, баш ме занима следнава случка.
По професија сум геодет. Тоа значи премер на објекти, улици, буквално се што се наоѓа во просторот. Со цел да се вршат мерењата мора да се користат точки кои се наоѓаат низ градот. За да се постави инструментот за мерење мора да се отвори капак, да се тргне поточно кажано настрана, за да се употреби мала кугла за мерењето. Откако е завршено со мерењето, капакот е вратен на истото место, но е поддигнат за 2 цм над асфалтот, бидејќи не можеше да се бутне подолу. При влегување во кола доаѓа полицаец и ми вели што е ова, некој ќе ги скине гумите( 2цм разлика на капак со асфалт и 0.5 цм меѓу капак и асфалт), кој те пуштил на факултет тебе, ова, она. Јас не реагирав. Ми вели дај лична карта. Уредно ја дадов. Веднаш пристапи кон запишување на податоците од истата на едно ливче. На крај после целосно објаснување кој сум, што сум, зошто мерам, дека за да се врати капакот во првобитна состојба треба да се копа асфалтот околу што е за да влезе скрос до ниво на асфалтот, но никакви одговори не добив, освен нема да заврши на ова да знаеш. Ако некој настрада ти ќе одговараш. Ниту сум напраил некогаш прекршок, нити па во дадениот момент сум оштетил шахта, вентил, бандера или што е и да било, а е поврзано со основните ресурси потребни на човекот за секојдневен живот. Најголема штета што може да биде е ако сака некој геодет друг утре да ја користи, можеби нема да биде добра координатата на точката заради поместување на малата кугла што е под капакот предизвикано при врнење на дожд и слично. На крај се јави кај командирот од кој доби одговор дека е известен дека ќе се вршат мерења од ваков тип на тој регион, по кое полицаецот ми рече дека е во ред да одам. Ме занима зошто ми ги запишува податоците без да ми даде одговор зошто го прави тоа, кога ми зел лична карта и видел дека сум тој за кој што кажувам дека сум??? Мислам дека не е во ред тој пристап кога фино културно е објаснето кој сум, што сум, зошто сум на местото, кај кого да се обрати за да ме провери. Мислам дека не е во ред запишување на сите детали на едно лице, без никакво објаснување, после соодветно легитимирање. Се надевам на соодветни одговори и се извинувам за долгиот пост.