Правна помош и совети

Член од
6 јуни 2017
Мислења
1
Поени од реакции
0
Prijateli mi treba pravna pomos imam golem problem neznam sto da napravam pred nekolku godini tatko mi napravi soobrakajka i na lice mesto mi zaginaa dvata roditeli no ucesnicite vo sobrakajkata si baraa osteta i osiguratelnite kompanii gi isplatija so golemi sumi i sega parite gi baraat od naslednicite od imotot na tatko mi t.e jas.Znaci da naglasam se raboti za golemi sumi no jas nemam tolku pari imam samo nasleden imot a za da se isplati treba da prodadam celiot imot i da ostanam bez nisto a si imam familija.Ako ima nekoj da mi objasne bi mi bilo dobredojde
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755

Ако ти бараат отштета врз основа на правосилна пресуда, мораш да платиш, доколку си се пријавил како наследник. Наследниците наследуваат права и обврски
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Ако ти бараат отштета врз основа на правосилна пресуда, мораш да платиш, доколку си се пријавил како наследник. Наследниците наследуваат права и обврски
Обврски во делот на износот на наследниот дел...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Обврски во делот на износот на наследниот дел...
Prijateli mi treba pravna pomos imam golem problem neznam sto da napravam pred nekolku godini tatko mi napravi soobrakajka i na lice mesto mi zaginaa dvata roditeli no ucesnicite vo sobrakajkata si baraa osteta i osiguratelnite kompanii gi isplatija so golemi sumi i sega parite gi baraat od naslednicite od imotot na tatko mi t.e jas.Znaci da naglasam se raboti za golemi sumi no jas nemam tolku pari imam samo nasleden imot a za da se isplati treba da prodadam celiot imot i da ostanam bez nisto a si imam familija.Ako ima nekoj da mi objasne bi mi bilo dobredojde

се шо има му е наследството кое целото вреди колку обврската
 
Член од
21 јуни 2017
Мислења
14
Поени од реакции
6
Форумџии, баш ме занима следнава случка.

По професија сум геодет. Тоа значи премер на објекти, улици, буквално се што се наоѓа во просторот. Со цел да се вршат мерењата мора да се користат точки кои се наоѓаат низ градот. За да се постави инструментот за мерење мора да се отвори капак, да се тргне поточно кажано настрана, за да се употреби мала кугла за мерењето. Откако е завршено со мерењето, капакот е вратен на истото место, но е поддигнат за 2 цм над асфалтот, бидејќи не можеше да се бутне подолу. При влегување во кола доаѓа полицаец и ми вели што е ова, некој ќе ги скине гумите( 2цм разлика на капак со асфалт и 0.5 цм меѓу капак и асфалт), кој те пуштил на факултет тебе, ова, она. Јас не реагирав. Ми вели дај лична карта. Уредно ја дадов. Веднаш пристапи кон запишување на податоците од истата на едно ливче. На крај после целосно објаснување кој сум, што сум, зошто мерам, дека за да се врати капакот во првобитна состојба треба да се копа асфалтот околу што е за да влезе скрос до ниво на асфалтот, но никакви одговори не добив, освен нема да заврши на ова да знаеш. Ако некој настрада ти ќе одговараш. Ниту сум напраил некогаш прекршок, нити па во дадениот момент сум оштетил шахта, вентил, бандера или што е и да било, а е поврзано со основните ресурси потребни на човекот за секојдневен живот. Најголема штета што може да биде е ако сака некој геодет друг утре да ја користи, можеби нема да биде добра координатата на точката заради поместување на малата кугла што е под капакот предизвикано при врнење на дожд и слично. На крај се јави кај командирот од кој доби одговор дека е известен дека ќе се вршат мерења од ваков тип на тој регион, по кое полицаецот ми рече дека е во ред да одам. Ме занима зошто ми ги запишува податоците без да ми даде одговор зошто го прави тоа, кога ми зел лична карта и видел дека сум тој за кој што кажувам дека сум??? Мислам дека не е во ред тој пристап кога фино културно е објаснето кој сум, што сум, зошто сум на местото, кај кого да се обрати за да ме провери. Мислам дека не е во ред запишување на сите детали на едно лице, без никакво објаснување, после соодветно легитимирање. Се надевам на соодветни одговори и се извинувам за долгиот пост.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.586
Не знам како дапостапам, а времето изминува. Имаме изградено викендичка, но по изработениот елаборат видовме дека навлегува некои 25-30 цм во плацот на соседот. Не сме знаеле. Неговиот покоен татко ја поставувал оградата. Ние градевме околу 2 м од оградата. Конечно, овој проблем е чест во селските атари. Навистина сум во паника. Неколку пати се обидовме да разговараме со нив. Не рекоа не, но : ќе се договорам со братот, ќе ви се јавам ... и така веќе 4 години. Треба само да дадат дозвола да ја легализираме викендичката и за ажурирање на тие неколку м2 заради кои на крајот ќе има последици за мене. Навлегувале и по метар и повеќе и немаа проблеми. Ние за овие 25-30 цм нервите ги изгубивме. Со овој закон доволно е нечиј дедо да го опцул пред 60 години дедото на сосеот и за инает да не дозволи легализација. Камо да градевме половина метар потаму. Ништо не добивме со тие 30 цм, освен секирации. Навистина веќе не знам како да постапиме. има ли некој некакво искуство или идеја? Секоја помош или совет би биле добродојдени.
убаво имаше порано закон градење од граница на парцела најмалку 2 метра...
 
Член од
22 јуни 2017
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво форумџии, многу ќе ми значи ако некој се обиде да ме упати во правниов лавиринт.

Се работи за заедничка куќа на двајца сопственици поделена според имотен лист на две идеални половини така што со меѓусебен договор со години секој си го користи својот дел. Е, сега едниот решил да ја преобрази својата идеална половина во преноќиште со претходно нагласување на другиот сопственик дека само ќе се реновира за на крај да си поднесе барање во општина за угостителска дејност без никакво навестување и истото да му биде одобрено.
Прашањето ми е на која основа без претходна согласност?

И какви тужби може да се поднесат за постојано и неподносливо вознемирување на другиот сопственик од страна на гостите како и кршење на сопственичките права. Да нагласам и дека во тој дел значи апсолутно нема присутен сопственик од таа страна (бидејќи живеат на друга адреса) и гостите практично доаѓаат без разлика дали е ден или ноќ да прашуваат за резервации бидејќи спратот се држи заклучен, а е означен со реклами на заедничката куќа со еден број.

И дали ако евентуално се направи физичка делба на куќата можно е да се забрани таа дејност бидејќи се работи за семејна куќа, а преноќиште сите добро знаеме како функционира.

Благодарам.
 
Самото име идеален дел укажува дека не постојат јасно дефинирани идеални граници што е мое што е твое туку целата куќа е на двајцата сопственици. Напротив со физичката делба ако ја направите и доколку не зависите едни од други после истата во поглед на влез во секој од деловите му овозможува на другиот да си прави со својот дел што сака, така да малку е специфична работата. Подобро сега да се договорите кога сте сосопственици, па ако не можете тогаш судски да пробате.
 
И не само тоа. Каков и да им е делот од куќата, потребна е согласност од вториот сопственик за пренамена, посебно во угостителска дејност.
 
Во поглед на влезовите ги има 4 така што тоа не е спорно. Веќе стигна барање за физичка делба од нивен адвокат па ако не се произнесе мислење ќе се оди на суд. Друго чаре изгледа нема. И работата не беше за физичка делба, а ми прекин на дејноста поради вознемирување и кршење на правата на сопственост.[DOUBLEPOST=1498120569][/DOUBLEPOST]
И не само тоа. Каков и да им е делот од куќата, потребна е согласност од вториот сопственик за пренамена, посебно во угостителска дејност.
Тогаш општината е виновна што го одобрила тоа барање. Кога не може човек да се разбере со убаво, за жал судот ќе мора да одлучува.
 
C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Друштво да ве прашам или кој е повеќе упатен да ми каже за случајов.
Бев нападнат на работно место од страна на комшија без никаква причина,се е пријавено во полиција како идат овие работи да ми каже некој ако може.
 
Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
Форумџии, баш ме занима следнава случка.

По професија сум геодет. Тоа значи премер на објекти, улици, буквално се што се наоѓа во просторот. Со цел да се вршат мерењата мора да се користат точки кои се наоѓаат низ градот. За да се постави инструментот за мерење мора да се отвори капак, да се тргне поточно кажано настрана, за да се употреби мала кугла за мерењето. Откако е завршено со мерењето, капакот е вратен на истото место, но е поддигнат за 2 цм над асфалтот, бидејќи не можеше да се бутне подолу. При влегување во кола доаѓа полицаец и ми вели што е ова, некој ќе ги скине гумите( 2цм разлика на капак со асфалт и 0.5 цм меѓу капак и асфалт), кој те пуштил на факултет тебе, ова, она. Јас не реагирав. Ми вели дај лична карта. Уредно ја дадов. Веднаш пристапи кон запишување на податоците од истата на едно ливче. На крај после целосно објаснување кој сум, што сум, зошто мерам, дека за да се врати капакот во првобитна состојба треба да се копа асфалтот околу што е за да влезе скрос до ниво на асфалтот, но никакви одговори не добив, освен нема да заврши на ова да знаеш. Ако некој настрада ти ќе одговараш. Ниту сум напраил некогаш прекршок, нити па во дадениот момент сум оштетил шахта, вентил, бандера или што е и да било, а е поврзано со основните ресурси потребни на човекот за секојдневен живот. Најголема штета што може да биде е ако сака некој геодет друг утре да ја користи, можеби нема да биде добра координатата на точката заради поместување на малата кугла што е под капакот предизвикано при врнење на дожд и слично. На крај се јави кај командирот од кој доби одговор дека е известен дека ќе се вршат мерења од ваков тип на тој регион, по кое полицаецот ми рече дека е во ред да одам. Ме занима зошто ми ги запишува податоците без да ми даде одговор зошто го прави тоа, кога ми зел лична карта и видел дека сум тој за кој што кажувам дека сум??? Мислам дека не е во ред тој пристап кога фино културно е објаснето кој сум, што сум, зошто сум на местото, кај кого да се обрати за да ме провери. Мислам дека не е во ред запишување на сите детали на едно лице, без никакво објаснување, после соодветно легитимирање. Се надевам на соодветни одговори и се извинувам за долгиот пост.
Си водат евиденција од полиција за легитимирани лица, направени проверки и слично, ми се има случено истото при сообраќајна контрола, имаат право на тоа, не мислам дека е потребно и целисходно толку тоа, али го прават тоа.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.528
Поени од реакции
2.368
ми треба мала помош.
Вака, направив мал прекршок во меѓугранична зона.
Малку подудрив една кола што беше пред мене. Стоеше предмене со колата и на грешка ја спуштив рачната. 20цм одеше колата и запре на неговата. Немаше никакво оштетување на колата освен мала пукнатина на задниот браник. (10 цм пукнатина)
Почна да се заканува со тоа дека е од тигрите и дека ќе ме најде кај живеам и дека ќе ми дојде дома.
Не запишавме записник никаков со човекот демек ќе се договориме за оштета некоја да му платам.
Сеа човеков бара 200 евра за браник (а минорна е штетата)
Сеа се заканува со тужба и со судови.

Нема записник, во меѓугранична зона бевме и има слика од регистацијата моја.
 
Шо го матиш, сака да ти изнуди пари, можеш да го пријавиш за изнуда па нек си влези во процедура
 
Kajgana Shop

На врв Bottom