Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Јунајтед едино може да заглави со Роналдо со неговата плата, односно да десеткуваат пола тим за он да зима милијарда за пола ден. Ама не може никако да биде лош трансфер за нив, ќе си игра шпиц, нема да е ко порано крило и да ја носи цела екипа на грб, него ќе биде класичен егзекутор. Што вика Нињо 100 милиони во денешно време не се никаква WOW ствар, веќе почнува нормално да станува тоа. Абе Торино за Белоти бара 100 милиони, а не па Реал за Роналдо, смешно е дури. :D

Роналдо иначе играше лошо во првиот дел од сезоната, ама сето тоа беше темпирање на формата за вториот дел од сезоната и нокаут фазата од ЛШ. Не познавам некој што подобро темпира форма и го познава своето тело од Роналдо и Леброн Џејмс.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Me2
Прво, свесен сум дека нема ништо да биде од трансферов, а второ, ако веќе клубот троши 150.000.000 фунти, искрено би сакал да ги дадат за Кејн, а не за Роналдо.

Огромна дилема е уште колку сезони фудбал има во него.

Пак ке кажам, не се сомневам во неговите квалитети како играч, но да фукнеш 100-150 милиони за играч кој можеби има уште сезона две фудбал во него, а имаш далеку помлад и докажан фудбалер во кој има деценија фудбал ми е лудост.
 
Тешко да го дадат Кејн моментално, а уште потешко тој да побара трансфер. Тотенхем се развива најдобро како тим во ПЛ последниве 2-3 години, и искрено има основа Кејн да си седи и да ќути. Може многу поозбилно да нападнат некоја титула наредната сезона. Е затоа ти ги даваш сеа за Роналдо парите, им земаш ПЛ, Кејн гледа дека не прави ништо со кокошките, пушта трансфер барање и после пак даваш 150м за него. :D
 
Прво, свесен сум дека нема ништо да биде од трансферов, а второ, ако веќе клубот троши 150.000.000 фунти, искрено би сакал да ги дадат за Кејн, а не за Роналдо.

Огромна дилема е уште колку сезони фудбал има во него.

Пак ке кажам, не се сомневам во неговите квалитети како играч, но да фукнеш 100-150 милиони за играч кој можеби има уште сезона две фудбал во него, а имаш далеку помлад и докажан фудбалер во кој има деценија фудбал ми е лудост

Има 1 миљарда откупна роналдо така да тешко дека ќе замини се е медиска хајка,иако сакам да замини.
 
Влегов у темата за Јунајтед и искрено не можам да сфатам фанови на Јунатед кои не го сакаат Роналдо назад. :eek:

Као имаат преквалитетен ростер па Роналдо ќе им биде испод част? :D

Ќе требало цел тим да игра за него, лол. Па што е боље, тимот да игра за Роналдо или за Рашфорд? Немало да има импакт јак ќе бил фејл (?) ко Ибра, а Ибра е најзаслужен што имаа успешна сезона.

Исто ко што беа на времето шпекулациите за Рамос, па го нејќеа дека ќе го нарушел угледот на Јунатед, лол по вторпат.

Не знам зошто уште ве тепаат тие филмови од времето на Ферги. Стариот не е веќе таму, таков Јунајтед веќе нема, беше прекрасна приказна, ама сеа мора да се прилагоди тимот на друго. Отидоа и времињата кога тимот им беше кроен врз академијата и играчите носени од Ферги на тинејџерски години, растени од него.

@Џони Вајсмилер па овде пишал дека имал Роналдо лоша сезона, лол по третпат. Роналдо имаше сезона каква што Зидан му намести да има. Двајцата изјавија пред еден месец дека имал посебен тренинг режим за да го даде максимумот во финишот на сезоната. Роналдо немал подобра клач сезона од оваа во Реал досеа, буквално ја сврте играта у финишот на сезонава, одигра перфектно на секој меч.

Единствена издржана причина зашто не би го сакале е тоа дека скапо ќе чини. Ама куровми па рокна веќе Јунајтед дебели пари за Погба, Мартиал, Мхтаријан, значи не им се проблем парите, покажаа. И сигурно тоа нема да им биде единствен трансфер.

Ако (не дај Боже), Роналдо си замине од Реал и отиде во Јунајтед, ја сум уверен дека Јунајтед ќе отиде 3 скалила квалитативно погоре и ќе биде главен конкурент за ПЛ.

Впрочем, ви текнува кога Фергусон буквално со купувањето на Ван Перси ја освои последната титула? Епа слично нешто би се десило и ако Роналдо сега дојде. Но да се надеваме дека ќе остане уште година-две. ;)
Ти кога за Рамос имаше муабети во фан клуб киксер дека бил, Отаменди бил појак :icon_lol:

Не се проблем парите за Манчестер, батали ти што имаме дискусии таму за било кој играч до фунта пресметани да си умислиш дека парите Евреите ги чуваат во piggy bank, клубот е бунар без дно во тој сегмент, муабетот околу Рони е дека управата го смета истото што го смета и цел свет, дека Роналдо сето ова го има создадено или за побогат договор или за како што има напоменато неколку пати, да им посочи дека не го добива истиот третман од Реал како што Меси го добива од Барса. Можеби грешам ама да го тргнеме ова со даноков настрана, Роналдо е оставен сам на себе во Реал, дури и Касиљас на времето повеќе ги бранеше триото од Барса отколку Роналдо од медиумите на моменти :D Фергусон не даваше влакно да му фали, Роналдо е дете без татко, му фали внимание и сега кога го нема Фергусон, проблем.[DOUBLEPOST=1497953536][/DOUBLEPOST]п.с. Кејн ок и јас го сакам Кејн, нема некој што не го сака него како напаѓач, и цела UK сака да го види Кејн во Манчестер исто како што беше со Руни додека беше во Евертон ама нема зошто Кејн да си оди од Тотенхем во овој момент. Не се проблем парите.
 
Сезонава Ибра им беше егзекутор, следна сезона ако тоа биде Роналдо, Јунајтед ќе биде далеку поопасен и пострашен. Џони, не знам што праеше во периодов додека не беше на форум али брат, ти си избегал 100на100, дефинитивно :D

Jaс не знам зошто се инаетите со сила..Јунајтед има многу дупки за крпење по 1000 пати го пишувам истото и никако да разберите дека доведувањето на Роналдо нема да му ги реши проблемите..плус чоекот е 32 години а на Јунајтед му треба помлади играчи што допрва сакаат да се докажат,неможам да ве разберам искрено како го оправдувате овој трансфер(што нема да се случи) ,Јунајтед без бекој и средина ни ќе биди опасен ни пострашен..јас со глата тврдам дека Јунајтед нема теорија да дај преку 100 милиони евра за ваков Роналдо[DOUBLEPOST=1497953902][/DOUBLEPOST]
Ти изгледа си ги пропуштил задњиве 5 месеци од сезоната брат штом упорно пишуваш дека сезоната на Роналдо му била катастрофална. :eek:

Ти изгледа имаш фатено амнезија штом заборави каква сезона имаше Роналдо..какви 5 месеци какви бакрачи,реално Роналдо се извади со Баерн,Атлетико и Јувентус иначе имаше толку катастрофална сезона дури за жалење беше за неговите стандарди.[DOUBLEPOST=1497953978][/DOUBLEPOST]
Доколку дојде во Јунајтед, и секако веќе купениот дефанзивец Линделоф (на кој се надевам го има потребниот квалитет за прва постава) мислам дека би бил океј трансфер период.

Ако дојдат само Линделоф и Роналдо тогаш на Манчестер не му бега пак 5-то место..
 
Koи се тие 6 дупки бе човек? Лев бек, ЕДЕН играч во средина (не два) и напаѓач/крило. А може да биде и напаѓач и крило, а да остави да покрива со Шо/Дармијан/Блинд на левата страна. Бар според шпекуалциите така ми изгледа.
 
Ако дојдат само Линделоф и Роналдо тогаш на Манчестер не му бега пак 5-то место..
Де бе ти што ги направи, Хадерсфилд, само овие двајца ќе дошле, после ќе нема пари, на ајвар ќе седат :D . Ќе се пазари и бек, везњак и крило со оглед на тоа што изгледа Мората ќе биде новиот напаѓач. Уште најмалку тројца, ако го рачунаме Мората зошто Мурињо запнат е по него како да нема утре.
 
Последно уредено:
Jaс не знам зошто се инаетите со сила..Јунајтед има многу дупки за крпење по 1000 пати го пишувам истото и никако да разберите дека доведувањето на Роналдо нема да му ги реши проблемите..плус чоекот е 32 години а на Јунајтед му треба помлади играчи што допрва сакаат да се докажат,неможам да ве разберам искрено како го оправдувате овој трансфер(што нема да се случи) ,Јунајтед без бекој и средина ни ќе биди опасен ни пострашен..јас со глата тврдам дека Јунајтед нема теорија да дај преку 100 милиони евра за ваков Роналдо
Нема да ги реши сите проблеми, ќе реши еден. Кој и да земаат ќе реши само еден проблем тоа за што е специјалист, нема сите да ги реши.
А ако сугерираш дека ако го купат Роналдо, ќе нема пари за други мислам дека грешка си. Обртајот шо го имаше Јунајтед оваа сезона може да му дозволи да купи три Роналдо- вци во еден преоден рок. :D
 
Koи се тие 6 дупки бе човек? Лев бек, ЕДЕН играч во средина (не два) и напаѓач/крило. А може да биде и напаѓач и крило, а да остави да покрива со Шо/Дармијан/Блинд на левата страна. Бар според шпекуалциите така ми изгледа.

Манчестер нема лев бек,еден централен,двајца квалитетни везњаци кои ќе ја составуваат средината заедно со Погба(Еррера и Керик да бидат резерви),едно крило/полушипц и еден напаѓач..премногу дупки има во составот на Јунајтед..ете еден Линделоф го зедоа сега уште 5 дупки и таман ќе се..бидејќи ако мислите со истата средина и истиот напад да останите 5-то место доста е...за продавање се Руни,Фелаини,Darmian,Јанг,Шо,Смолинг...мора Јунајтед да се исисти од ѓубрето и да заличи на екипа,а со доведување на Роналдо и останување на овие истите пак катастрофа ќе бидат и тоа го знае Мурињо[DOUBLEPOST=1497959702][/DOUBLEPOST]
Нема да ги реши сите проблеми, ќе реши еден. Кој и да земаат ќе реши само еден проблем тоа за што е специјалист, нема сите да ги реши.
А ако сугерираш дека ако го купат Роналдо, ќе нема пари за други мислам дека грешка си. Обртајот шо го имаше Јунајтед оваа сезона може да му дозволи да купи три Роналдо- вци во еден преоден рок. :D

Факт е дека неможи 300 милиони во еден трансфер период да фрлат..тоа ќе биди убиство на финансиски план,сепак Јунајтед не го водат Груевски и Мијалков економистите
 
Факт е дека неможи 300 милиони во еден трансфер период да фрлат..тоа ќе биди убиство на финансиски план,сепак Јунајтед не го водат Груевски и Мијалков економистите
Е ај кажи ми како е факт. Јунајтед има неограничен трансфер буџет веќе неколку сезони по ред. И сигурно нема сите 300м да ги спукаат во кеш, јер нели Мијалков и Груевски не го водат клубот.
Погба беше 100ка ама уште се плаќа, Марсијал исто (ова од поскапите трансфери).
 
Неможи едноставно,премногу се,кај имаш видено досега некој клуб да фршни толку многу пари во еден трансфер период..150-160 милиони максимум нема шанси едноставно премногу се..затоа нема Роналдо да дојди во Јунајтед да се разбериме,јас 100% сум сигурен дека и самиот клуб не го сака ама..
 
Реал 2009та кога ги купија Кака, Роналдо и Бензема потрошија над 250 милиони. Стварно не те разбирам што збориш, фанови на клубот што го пратат цел живот ти кажуваат дека имаат колку пари сакаат да потрошат летово, ама ти се инаетиш и им викаш нема шанси.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom