Влегов у темата за Јунајтед и искрено не можам да сфатам фанови на Јунатед кои не го сакаат Роналдо назад.
Као имаат преквалитетен ростер па Роналдо ќе им биде испод част?
Ќе требало цел тим да игра за него, лол. Па што е боље, тимот да игра за Роналдо или за Рашфорд? Немало да има импакт јак ќе бил фејл (?) ко Ибра, а Ибра е најзаслужен што имаа успешна сезона.
Исто ко што беа на времето шпекулациите за Рамос, па го нејќеа дека ќе го нарушел угледот на Јунатед, лол по вторпат.
Не знам зошто уште ве тепаат тие филмови од времето на Ферги. Стариот не е веќе таму, таков Јунајтед веќе нема, беше прекрасна приказна, ама сеа мора да се прилагоди тимот на друго. Отидоа и времињата кога тимот им беше кроен врз академијата и играчите носени од Ферги на тинејџерски години, растени од него.
@Џони Вајсмилер па овде пишал дека имал Роналдо лоша сезона, лол по третпат. Роналдо имаше сезона каква што Зидан му намести да има. Двајцата изјавија пред еден месец дека имал посебен тренинг режим за да го даде максимумот во финишот на сезоната. Роналдо немал подобра клач сезона од оваа во Реал досеа, буквално ја сврте играта у финишот на сезонава, одигра перфектно на секој меч.
Единствена издржана причина зашто не би го сакале е тоа дека скапо ќе чини. Ама куровми па рокна веќе Јунајтед дебели пари за Погба, Мартиал, Мхтаријан, значи не им се проблем парите, покажаа. И сигурно тоа нема да им биде единствен трансфер.
Ако (не дај Боже), Роналдо си замине од Реал и отиде во Јунајтед, ја сум уверен дека Јунајтед ќе отиде 3 скалила квалитативно погоре и ќе биде главен конкурент за ПЛ.
Впрочем, ви текнува кога Фергусон буквално со купувањето на Ван Перси ја освои последната титула? Епа слично нешто би се десило и ако Роналдо сега дојде. Но да се надеваме дека ќе остане уште година-две.