Пак ќе повторам, секоја технологија си има свои предонсти и недостатоци. Батериите, кои служат како резервоар за електрична енергија, имаат голем недостаток со тоа што имаат релативно мал капацитет на складирање енергија, тешки и скапи за производство, користат специфични материјали ( литиум ) чие ископување и обработка загадува, имаат мал животен век. Од друга страна пак електромоторите имаат многу поволни карактеристики во однос на МСВС. Висока ефикасност, поволна брзинска карактерстика, можност за регенеративно полнење при кочење и движење по надолнина. Баш затоа сметам дека електричните автомобили се иднината.
Водородот денес во најголема мера се произведува од фосилни горива и останати јаглеводороди. Само мал дел се произведува со електролиза. Електричната енергија исто така во најголем дел ( преку 60% ) се произведува од фосилни горива. Проблемот кај нив не е инфраструктурата за производство и транспорт туку самиот начин на производство. Дури и водородот целосно да се произведува со електролиза, повторно треба да се користи електрична енергија која се добива во голема мера од фосилни горива и пак се јавува загадување. Истото важи и за електричните автомобили. Затоа пред целосно да се премине на електрични/водородни автомобили најпрво треба да се изнајдат начини за целосно еколошко производство на електрична енергија, било од нуклеарни централи, обновливи извори или пак, со голема надеж, а мали шанси, нуклеарна фузија. Такво нешто е тешко остварливо и за приближно да се стигне до такво ниво би биле потребни 15-20 години. Бидејќи тоа е доста долго време, сметам дека многу позитивни резултати би се постигнале со користење на КЗГ како алтернативно погонско горива кај МСВС. Потребната инфраструктура би била лесна за градење и лесно ќе се вклопи со веќе постоечката, а системите за погон со КЗГ веќе постојат и се речиси целосно исти со тие за ТНГ. Во Македонија КЗГ е достапен само во
3 станици на „Макпетрол“ и тоа само во Скопје па не е исплатливо да се монтира таков систем во возилата. Меѓутоа, доколку се постават станици за КЗГ и во другите градови и има државни субвенции за поставување на систем за погон со КЗГ кај дизел и бензински мотори, употребата на КЗГ како погонско гориво значајно би се зголемила.