Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Паметно ли ќе биде да аплицирам за карта за суперкупот преку manutd.com? Член сум, затоа.
Инаку, веќе аплицирав преку uefa.com.
 
Оставете Роналдо, Диер е 100% на шортлистот на Мурињо а Волас од Телеграф пишува дека кокошките би го дале за 50 милиони фунти. Е сеа глеам по Твитеров фанови на Манчестер го нејќат, многу пари бил, стандард плачење. Да потсетам дека и Керик на времето беше многу пари ама ни се исплати и созреа во играчиште. Се работи за просперитетен играч кој имаше мадиња да замине од дома и да созрее во Спортинг, игра на неколку позиции, немаше страв и солидно изигра на ЕП, не гледам зошто да не се дадат парите за него.

За овие пари ја би го зела додека не се премислиле :pos:
 
Последно уредено:
Богами Леви само вака набрзинка ако го фатиш зошто утре може да му даде нов договор на Даер. :D
 
Богами Леви само вака набрзинка ако го фатиш зошто утре може да му даде нов договор на Даер. :D
Евертон немаа проблем да дадат 30 милиони фунти за потенцијалниот бр. 1 на Англија, ние имаме проблем да дадеме 50 за потенцијалната замена за Керик. Sense, makes none.
 
Пре би за Даер 50че него за Перишиќ, ама си знае Мурињо и управата.
 
Еве ја статијата.

Mourinho regards Dier as the long-term replacement for Michael Carrick, another United acquisition from Spurs 11 years ago, who has been given another one-year extension to keep him at Old Trafford until the summer of 2018.
 
Ништо посебно не е Даер,не знам што се запнавте во него..Вајнама и Дембеле за него се Чави и Иниеста..едноставно добро кај него е тоа што можи да покрива и средина и одбрана ама фудбалското знаење му е во минус..а во Јунајтед очајно требаат креативци
 
Ама не треба тој за да измислува топла вода, тоа е задачата на Погба, нас ни треба некој како Керик што ќе може да седи позади да дежура.
 
Ама не треба тој за да измислува топла вода, тоа е задачата на Погба, нас ни треба некој како Керик што ќе може да седи позади да дежура.

Но Даер не е Керик тоа е работата,Керик беше играч со мозок и визија настрана од тоа беше физички силен и имаше техника на завидно ниво,Даер не е таков играч..тој е физички солиден и со неговиот стил и конструкција можи да покрива повеќе позиции но не е квалитет,типичен надуван англиски играч..да беше Германец или Холаѓанец никој немаше да го запримети..на Манчестер му треба Нзонзи од Севиља,Вајгл од Дортмунд,Фабињо од Монако,Бењат од Билбао,Банега од Интер...играч што знае да игра фудбал
 
Погба здравје му зеде у пријателската...
 
Техниката не му е проблем на Даер, ја има он дури и подобра може од Керик. Само дечкото од тоа што го видов оваа сезона има три мани.
Визијата не му е најака страна, џабе ти е техника ако не знаеш како да ја користиш.
Се губи при пресинг, ова го приметив во ЛШ натпреварите и против Сити и Ливерпул.
Брзината, поспор играч немам видено, Керик и Фелаини за него се Мекларен.
Неговата потреба во Јунајтед зависи од тоа што планира Мурињо. Ако планира Даер сам позади, а Погба со уште еден од средина понапред тогаш може, ама планира Даер плус уште еден позади тогаш ова што го гледавме оваа сезона ќе ни биде пријатно за очи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom